Да мила ќе мерам обавезно, а цело време така го мислев. Сега во овие месеци може уште толку да се качи. Малку ми е шубе, веќе незнам ни јас што пијам. Не се штетни нели, да не се плашам уффф ? @Mantub Пишав на матичниот и ми рече да земам 3 пати по 1 апче. Го мерев пред малку и 130/88. Еве цел ден значи толку се движи од прилика. Токму така нема правило, изгледа и колку повеќе се замараш се' ти дојде на нос. До сега така испадна кај мене.
Мила мајонез салата онаа класичната со тестенини или ? Баш ми се јаде, пустиот шеќер хахаха. Инаку дефинитивно е до трудничките хормони. Јас предходно бев повеќе по соленото и грицките, а сега мислам само на благо.
Не се штетни. Поштетно е да си со висок притисок. Тие се мислам единствени апчиња за притисок што се дозволени за трудници. Јас пиев 3 пати по 2 апчиња. Јас сега дојам и уште ги пијам.
Не се замарај ич, пиј си и уживај, баш супер што си го фатила и не ти е многу зголемен. Не се секирај за апчињата, а од кога ќе почнеш со терапија ни за притисокот не се секирај. Не е толку ретка хипертензија во бременост.
Точно, баш така. Со притисок нема играње, а Софи го забележала сосема малку над граница, што значи ќе го фати уште од сега со терапија и нема да се крева. Софи не се грижи за апчињата, баш биди среќна што си редовна со мерење и си го фатила пред да се крене повисок. Метилдопата не предизвикува никаква штета кај бебе.
јас се мислев за истава количка, ја видов и во живо и многу ми се допаѓа, ама овде по форумов ги исчитав сите мислења... пишува дека била многу мало седиштето и искрено не знам што да мислам веќе за сите колички што ми се свиѓаа овде има лоши коментари се мислам сега за макси кози ама па и не знам дали ми се даваат толку пари
Мешиња на брисевиве во 33н излезе бактерија гарднерела. Утре треба да се оди по терапија но пред да бидат резултативе матичната се посомнева на кандида и ми даде Донафил вагиналети. Искуство со бактеријата? На резултатот пишува сензитивна на metronidazole, најверојатно што гуглав искача дека се Флажил.
Жени јас се породив на 21ви, со царски на свет дојде мојата Лена точно 38ма недела. Малечка палчица 2380гр не растеше повеќе мораше да се реагира. Совршена е! Да се израдувате вака сите сите од тука а и сите што сте во исчекување на двете најубави цртки! Се читаме во другите теми галете мешиња и со лес!
Честитки. Да ви е жива и здрава. И внука ми исто се роди 38ма недела 2300 поради исти причини. После многу бргу напредна, по хиперактивно дете немам видено
Да баш таа хахаха јас се боцнам и јадам од салатата и после ништо само вода пијам и добар е фала Богу не се качува многу абе пусти стрв се ќе направиш хаха