Жени како стоите со расположението? Дали имате mood swings ко мене, или до мене е само? Сеа си се изнаплакав онака за ништо, па нервоза некоја ми иде (исто за без причина) и сум преемотивна. Најмала ситница ме погодува и од мравка слон правам. На почетокот бев ваква исто, ама сеа пак ми работат хормониве ко мрднати изгледа
Welcome. И јас сум таква... Леле не знам како мм ме трпи. Плачам,де смеам и едвај чекам да се породам... Ќе пукнам
Еве и денес ќе мерам баш да видам како ќе биде. Само ми е чудно Доктор Трајковски ми имаше пишано "тамам е, без грижи" хаха, а матичниот пак веднаш 3 по 1. Јас сепак ќе почнам да ги земам, бидејќи имам страв од висок притисок, а баш лани се патев цело лето. Фала ви многу, баш ме смируваат вашите коментари и искуства.
@ivani30 како си? Контракции? Болки? Јас ништо од наведеното.. торбица спремив докупив некои ствари за бебуш, сега чекам. Можеби иднава недела ќе биде ради гестацискиот дијабет ми рекоа нема да се чека до термин,или 38ма, или 39та.. меѓутоа со индукција. Страх ме а едвај чекам бебушко да си го земам во раце ...
@Be-yO-nCe жива и здрава Лена, само да се радувате со неа. @ivani30 @bybeDkid први деца, сами со муд свингс, кој е како вас ја по дома со мало дете. Се контролирам, па ко ќе дојде мм од работа - Огномети. Среќа излегуваат со дете у парк/со точаци/негде, па луфтирам глава малку, инаку пердуви летаат. Мислам фрустрациите дека не можеме со дете да правиме работи што до скоро сме ги правеле ми додаваат масло.. И знам, ама пусти хормони и краток фитил, и триста мисли на сите страни. Ама ќе помине, само да помине во најдобар ред. @baby 5 шо кажа докторката? @RumShtangla ич да не се плашиш, ништо не зависи од тебе. Go with the flow, ќе ги памтиш првиот поглед на дете, првиот допир, првиот плач, првото доење.. Окситоцинот е магична работа. Со лесно да си помините
Дај боже мило. Читам секој различно поминал со индукција/провокација, некој лошо некој добро. Се надевам господ ќе ми помогне што поубаво да поминеме. Ма да ја имам таа доза на страв потсвесно, дури не ми дава мир, па секое одење у вц глеам да не паднал чепот.
Абе контракции немам ама се тегне малава не се издржува, што знам дали се контракции не верувам. Сега идам од преглед кај матичнава правевме брисеви, и тешки сме 2900.страв имам леле, не е ни свртена, тешко ми е ептен..... Броиме ситно ајде. И јас ќе терам 38 најс како тргнало
Изуживај си ги последните денови во бременост. На многу мајки им недостига кога биле едно со нивнуте најмилички. Сите сакаме што побрзо да ги гушнеме, а има нешто многу волшебно и незаменливо во единството на мајката со бебето. Затоа, посебно ако ви е прва бременост, дајте си време да уживате во баш тоа неповторливо искуство.