Тука сме со тежина, 3кг плус минус 300 400грама од прошла недела. Ќе видиме сега од понеделник пак кога ќе одам на контрола.Ќути барем моево, се сврти. Барем така беше на последниот преглед. Ќе видиме ајде како што е господ никој. Само сила верба и позитивни мисли. Те гушкам!
И јас сум 36 +3, прва бременост со стравови што ќе биде како ќе биде. Бебе е завртена надолу, но е прилично активна па сум во паника да не се сврте повторно па да не се заплетка во папочната врвка, милион мисли
Хахаха да си ми жива. Секој ден плачам. Мм да ме погледне лошо и толку ми треба, одма очите полни А до сега не бев таква, сега се нешто се карам па плачам па се гушкам. Хаос хормониве
https://www.nature.com/articles/s41574-021-00553-7 Paracetamol use during pregnancy — a call for precautionary action Чувствувам некоја обврска кон мајки-соборки и го оставам ова овде, со предупредување да се има контрола врз употребата на парацетамол, не е баш наивен лек според најновите истражувања. Минатата бременост си го пиев почесто, за главоболки, оваа бременост дали 2-3 за среќа ми се фаќаат до сега. Ако е можно, пробајте да го избегнувате во бременост.
Мене некој инает ме фати од почеток (а и онака сум ептен против апчиња, нож до коска да дојде па да се напијам) и не пијам. И докторот 100 пати ми има кажано ако ме боли глава да се напијам, јас легнувам и спијам или шетам или сѐ правам само за да не се напијам
Хахахах, како да ме опиша. Денес му се раздрав и налутив на мм зашо не ми кренал на тел и ми се прејавил по 1 саат, па јас сум можела да умирам негде, а он последен ќе дознаел. Драми, да. А ако не плачам или се карам тогаш нешто џвакам. Забавно
Хахахаха а мене преска ми падна чешел во веце и после 10 минути ми вика "шо падна бе, шо тропна" и ја почнав да викам дека сум можела јас да паднам а не дошол да провери хахаха. И на нас не ни е лесно со хормониве ама и на нив богами со нас
Мешиња, бебка нешто си праеше, се врткаше, си се местеше неколку саати и имам сега болки доле во стомакот. Се слушнав со гинекологот, ми кажа најверојатно се има потспуштено надоле. Ништо страшно, не е некоја страшна болка ама понекогаш ми се стврднува стомачето и како да ме сече кичмата па сакам да прашам може да се дешаваат лажни контракции порано? Заборавив да го прашам докторот. Според некои пресметки сум 28ма, според други 30та недела. Искуства?
Со првата бременост не сум имала ниту една лажна контракција, немам поим како изгледа тоа. Првата контракција ја почувствував 24 часа пред да се породам. Со вторава еве денес влагам во 29та недела и исто многу ниско ми се превртуваше и клоцаше бебе ама не му придавам некое значење се дур не е нешто многу болно или алармантно. А како мислиш според некои пресметки си 28ма а според некои 30та?
Имам 2 термини, со 2 недели разлика. Едниот според последна менструација а друиот според големина на бебе. Ама ќе видиме на наредната контрола поточно така кажа док.
Мила, а дали уште ја осеќаш така ниско ? Дека тука блиску сме со неделите, јас од денес 30та недела. Се' мислев ќе го осеќам погоре, ама мене ептен скроз долу ме мава. Дури некогаш кај самата вагина мислам го осеќам и ми е болно и кога ќе се истегне се штрекнувам, мислам во јајниците ме клоца. Ретко некогаш околу папок да го осеќам да се истегнува. Баш ќе прашам во понеделник на контрола, дали ниско толку го носам.
Покачен крвен притисок над колку треба да биде за да се добие терапија? И дали општ матичен го препишува или гинеколог?
Според некои доктори точна е таа дата според менструација. Големина на бебе варира според гени. Затоа некои термински бебиња се 2,8 други 4,5 кг а и двете се здрави и развиени.
Па ја осеќам и горе над папакот. Ама долу ниско почесто ме мава. Многу ниско, во бешика. Јас си го препишувам тоа на фактот што уште не е свртена. Барем не беше свртена на последната контрола пред 2 недели. Нозете и се долу. До сега не ми спомнал доктор дека е многу ниско. Сега во среда сум на преглед баш ќе видам што ќе ми кажат. Инаку јас сум многу активна. Буквално ја препливав бременоста (на море живеам) Син ми го носам во градинка пешки последниве неколку недели, имам околу 3 ипол километри во 2та правци. Си возам кола. Си функционирам најнормално.
Браво алал нека ти е, така и треба. И мене до сега никој ми нема спомнато дека е ниско, ама јас еве само таму го осеќам највеќе. Ретко околу папок, а пак над папок јок хаха. Ама на последната контрола докторт ми рече да лежам и само по 2-3 пати да стануваме да се раздвижувам, дури и да не седам да не правам притисок. Баш ќе видам во понеделник.