Јас си се мачкам обавезно со креми, млека секако, ама еве сеа почнав да ставам и масла за тело ги мешам со кремите да биде помрсно. Мислев некои специјални креми да не има за тоа да помагаат ама очигледно до кожата си е.
Може нема ни да имаш. Јас две бремености пројдов без ниедна стрија, а мешето бајаги големо ми беше. Со ништо не се мачкав
Јас све по некои "непотребни" работи си патам и се 'нервирам'. Де зошто Не повраќав, де зошто Не ми се спие, де зошто ми се намали апетитот и слабеам, па зашо Не се осеќам уморно... Сеа ова ме мачи- немам стрии. Дури очекував дека и ќе огрубам малку, во смисла ќе се издувам во лице и тело, ќе ми излезат акни... Јас дури и разлепшана сум Бар така ми велат де
И јас денес имам поголеми болки одоздола и почести, може се преморив дека бев повеќе на нога ама почна страшна паника да ме фаќа. На цтг бев во вторникот имаше само една кривина ама јас воопшто ништо не осетив.
Абе како да огрубиш. Па нели жените во бременоста блескаат барем така сум слушнала. Мене лицето ми се исчисти и косата ми расте побрзо како што приметив
Читав дека со павловиќева маст џабе мачкање е зошто само е мрсна но не и хранлива за кожата. Најубаво со масла за стрии или масло витамин Е. Јас првата бременост со Еуцерин се мачкав и немам стрии а и те како сум склона на стрии имам по цело тело, сега земав Био Оил од Амазон и гледам и старите стрии ги снемува, дури и темни дамки и лузни, ќе продолжам да се мачкам да видам дали ќе има резултат.
37+6 све и свашта мачкав џабе. Утре влагам у 38ма, и сум пак на контрола и ЦТГ. Се надевам ќе добијам некое инфо околу пораѓајот. Држете палци.
Мешиња кој пробиотик е дозволен? Поради гарднерела морам да пијам амоксицилин 7 дена + вагиналети. Инаку сум 34н.
Не знам како да ти опишам што чувствувам во дадени моменти. Ко да ме мава со раче у јајник, ко да ми се грчи матката. Не дефинтивно не можам тоа чувство да ти го објаснам. Мислам дека би терале уште до термин ама од клиника ради шеќерот не сакаат ни до термин ни над термин. Некад ме фаќаат како оние болките дур ти пробие добиено ама траат кратко и пуштаат.
И јас бев преубава, гледам слики од тој период. Имам слика од свадба кога бев 38 недела и цветам. Косата врв, лицето стакло. А бајаги голема бев, со три бројки бев на пораѓај. И мојот беше ваков. Сега се бели и не се гледаат толку. Ама се гледа дека кожата е распукана.
Кој најчесто го користиш? Мајка ми беше во набавка и го понудиле само Провен како дозволен за трудници. 60 капсули 700 ден, но не делат на лентичка. Секако премногу ми се.
Според ова имаш среќа хаха Иста бев и јас за се. За мачкање гинеколог ми кажа да мачкам што сакам само да не е сува кожата. Ама и да не е многу мрсна само да се шлака, да се лепи за алишта.
Има и Баба Роги, отечени, нос бабура, усните до нос, итн. Јас се гледам дека дум била преубава. Посебно околу 4ти месец кога поднамалив килажа малку.