Е ова е жена - се мачка и се тинтра, а не ко мене Јас немам стрии никаде а имам 33, ко за чудо. И се надевам дека на добри гени ќе поминам. Другарка моја се мачкаше со Еуцерин од сам старт и пак на цело меше и се направија, шо значи нема правило.
Zeni da be prasam dali od vas nekoja vidi bremenost vo Sistina I kaj koj doktor e, jas sum so ivf I sum 21 nedela sestrata mi kaza deka mojot ivf doktor gledal do kaj 16 nedela posle Glendale drugi ginekolozi na prv sprat, iskustvo ve molam.
Епа мешиња, цтг е мирно. Бебе е супер, доволно за 38ма недела развиено и килажа и све. Среда сум пак на контрола, инаку за пораѓајот зборев со докторката или петок ќе ме хоспитализираат или краен рок понеделник ако не ме фатат болки до тогаш. Стискам палци до понеделник, у сабота мм се враќа од DE да си го гушнам еднаш па ќе одам да раѓам. Инаку за провокацијата ми спомна др дека ќе ми стават вагиналета. Искуство со таква вагиналета некој? Одма се добиваат болки или? Благодарам мешиња, ве гушкам
Јас најтопло ти ја препорачувам Корнелија Трајкова. Млада но многу искусна, смирена, позитивна, вистински професионалец.
Мене ми ставија една вагиналета околу 11 часот , добив благи болки накај 17-18часот и после околу 20 добив малку поголеми болки во кичмата , и бев отворена 6cm па ме однесоа горе во предродилна сала на цтг, ме следеа и ми пукнаа водењак, и чекаа да се отворам, во 1 ме спремија и се породив брзо во 01:15
35 ут Како И јас имам вакви болки, не боли ама с Кога те читам тебе, ме фаќа страв оти тука сме со термин. Нека ти дојде мм држам палци
Јас од утре 39та недела,болки никакви на цтг линијата за контракции рамна како со ленгир цртана,бебе супер ама уште не е долу слезено,наредно цтг ми е на 3ти и стварно не знам како ќе биде дали и мене ќе ме задржат за со провокација,а термин ми е 5ти 10
Од денес почнав да примам сидерал фолик, после пиење колку време не треба да конзумирам млечни производи? За стрии јас мачкам кокосово масло, во првата бременост не ми испаднаа, сега уште немам 28 недела, ама ме чеша стомакот.
Дали знаете што се вклучува преглед кај Др Органџиски Штип дали само гледа на обично ехо, дали дава слилички или слушнав за некакво видео незнам баш и за колку време закажува отприлика. Секако и колку пари е. Би сакала да закажам па затоа ми треба малку подетално ако некој бил на преглед.
@majavel1 еве го маслото около 800-900 денари мислам го купив, го имаш по аптеките. Не се троши брзо да знаеш доста е масно така што мислам дека може цела бременост да се тера со едно паковање. @bybeDkid исто мислам дека нема правило од кожа до кожа, секоја различно. Сестра ми две роди ништо не мачкаше ниту една стриа не и излезе, ама неа таква и е кожата нема стрии. За разлика од неа јас полна сум имам на по цело тело од предходно. Заради тоа пазам пошто ете имам од предходно па и стомакот да не го осакатам. Но, и ако се појават барем ќе знам дека ми се од синко нека ми дојде жив и здрав тој само.
Мило мене ради гестациски дијабет ме зимаат порано. Или петок или понеделник а тогаш влагам во 39та. По протокол не требало да чекаат полна 39та или термин или над термин. Среќно❤
Е такви ми се болките повремено. Глупави. А цтг рамно хаха, не покажува никакви болки. И јас стискам палци дај боже. Како што ни шкртнал горниот така. Со лесно❤
Дали има некој проблем со редуцирана микрофлора? денес ги земав резултатите од брисевите и нормалната микрофлора ми е редуцирана, ми беше и на минатите брисеви... ставав вагисан ама не редовно затоа што ставам и устрогестан цела бременост... некој ако имал ваков проблем што му помогнало вака од искуство??
Анче мора редовно вагинален пробиотик. Нема друго. Ја те разбирам дека ти е мука да ставаш нешто постојано доле (истата мака ја иам и јас) ама само така можеш да ги намножиш добрите бактерии во микрофлората и да се бориш против лошите. Еве трета недела како ставам Видермина, а иам ставано и Вагисан. Двата се добри. Орално да земаш пробиотик мислам дека нема да ти брка толку работа, вака си делува баш кај што треба вагинално. Само биди редовна и ќе се среди.
Мамички, сабајле ме пресече нешто од левата страна и на бришење имав кафеава крв, после тоа цело време секретот ми е како кафеав и имам тапи болки бо долниот дел на стомакот. Сега пак на бришење имав не многу ама свежа крв. Инаку имам полип и гинекологот у Македонија ми рече може да ми се јави нркое оскудно крварење и да не се грижам, но еве сега оваа свежа крв ме загрижи. Инаку не сум во Мк и тука се јавив во болница за преглед меѓутоа чекам цел ден да ми вратат на повикот, не е како кај нас веднаш да те прегледаат. Некој совет?
Оф обавезно на лекар чисто и тебе да ти е мирна душата. Ако е свежа крв не би требало да е крварење од внатре од матка. Обично свежа крв е од хемороид. Ова од искуство ти кажувам јас на бришење имав свежа крв и одма отидов кај матичната и таа ми посочи дека ако е свежа крв не би требало да е од внатре крварење. Но сепак ме прегледа. Е сега ова јас како лаик ти пишувам биди поупорна таму во болницата да те видат. Со лесно