Знам дека бараш утеха овде ама најдобро е доктор да те види, има х причини за крварење во бременост. Јас конкретно во првата бременост имав два дена многу рано во 4та недела имлантациско крварење (со инвитро сум и сега и тогаш). Каде и да живееш мора да примаат итни случаи ако се појавиш во болница, никој нема да врати трудница со крварење. Ти посакувам среќа и се да е добро со бебе!
Ништо за денес, ми рекоа утре попладне на преглед немале слободно сега , ако имам проблем преку ноќ да одам во брза помош. Утре ехо ќе ми правеле и инекција ќе ми дале некоја.
35 ут Како И јас имам вакви болки, не боли ама с Кога те читам тебе, ме фаќа страв оти тука сме со термин. Нека ти дојде мм држам палци Пиеш ли некој прогестерон
Ако ти се смири крварењето одмори и оди утре ако не оди на ургентен. Јас лично би отишла на ургентен, ама да не ти стварам дополнителна паника, како мислиш така.
Маслово иста големина го стопив за месец ипол со редовно мачкање навечер, некогаш и наутро. Мачкам гради, стомак и на страна накај спојлер и да го штедев немаше да ми трае многу повеќе од тоа
Мами едно прашање до поискусни матичната ми даде Polygynax вагиналети а јас немам ништо на брисеви ми рече за превенција е сега јас читав во упатство пишува дека не е препорачливо во бременост јас сум ги користела ама кога имав кандида и не во бременост а башка па и 6 таблети се цела сум во ???
Озбилно? Јас од трети месец почнав ама само наутро се мачкам на стомак и гради па ене го уште имам. Добро зависи и количински колку нанесуваш, мене некако лесно ми се размачкува па може и не ставам многу. Затоа од тој другиот мастраф трошам повеќе сега втор пат направен до пола е потрошен. Ќе треба и трет пат да правам.
Како бе Полигинакс превентивно? Па нешто на природна база се дава превентивно, или пробиотик, а не лек. Ја би идела на варијанта Гинекс или пробиотик како Вагисан/Видермина. Инаку безбедни се Полигинаксот во бременост ја ги ставав во 13та недела, ама имав кандида на брисеви.
И јас затоа се зачудив баш… чисто се а ми ги даде :-/ да имам чешање или печење ај да речам ОК ама вака бе…
Хај Дали е безбедно Рупурут? Ме изгореа киселини трета вечер по ред (строго навечер), а млеко/зрна ориз не помагаат. Друго незз шо би можела да пробам, некоја ако има повеќе искуство би била многу благодарна да го сподели
Сега сум подобро немам крварење ниту болка, ќе чекам до утре, можеби е и од полипот незнам исчурев од стрес денес.
Јас не би рупурут, пробај сода бикарбона едно лажиче растворена во вода (гледај на неа да пишува прочистена или за храна, јас низ дома користам на Алкалоид во кутија е спакувана), цеден лимон или едно капаче јаболков оцет,потоа чаша вода, по можност газирана. Мене сѐ од наведениве ми помага, и јас имам во последните неколку дена..