Aaaa i ja ja stavav Viderminata. Okej se, ama niso posebno ko so vikas Ajde ti uste malkucka imas, se gleda krajot na trudnickite maki
Исто цела бременост со исцедок ама јас и цела бременост со кандида, никако да се отарасам. Тие вагиналетите џабе, ете ставав гинодахтарин, па после тоа полигинакс, пијам на два пати по месец дена пробиотик, се убив од јогурт пиење, ама ништо сеуште имам исцедок. И се мислам дека и од утрогестанот што морам да го ставам дека не можам да ја решам кандидата и исцедокот. Ама ајде слатки маки нека бидат беблаците само добри.
Кажи и на матичната да ти напраи 2/3 премивки со геницијана (сина течност), мене само од тоа ми помина кандидата. Иначе 3 месеци не можев да се отарасам од неа. Благо немав ставено во уста, јогурт се убив од пиење и немаше вагиналети шо не ги стаив. Само од премивките ми помина и сеа пред 2 недели за прв пат имав чисти брисеви. Спомни и баш, верувај ќе помогне
Здраво мамички дали им пуштате музика на вашите бебенца и каква претежно? Јас на youtube ќе си напишам belly baby music ми вади од моцарт, жубуркање од води...
Мајки вчера бев на контрола во Ремедика кај Докторка Елена Петрова, бебче е добро си расте. Нели Доктор Трајковски ништо не ми одговори за инекциите за зреење, па веќе не го ни прашував иако тој прв ми ги спомна и ми ги препиша. Вчера ја прашав Петрова што мисли за нив и дали треба да ги примам. Вели вака изгледа се' добро, ама може и добро е превентивно да ги примаш, за и ти да си бидеш мирна. Вели штета од нив нема, може само добро. Пак прашував да не имаат некое несакно дејство од пусти страв. Вели абе ако почнеш да го читаш упатството на нет, ќе се исплашиш дека се кортико, ама може само добрина да имаш. Вели ако сега ги примиш јас сум 30+4, ќе имаат дејство за 2 недели. Што мислите вие, дали сте запознаени повеќе околу овие инекции ? Или некоја мама може ќе прочита што веќе ги има примено, да сподели искуство.
Мене па матичниот ми велеше дека нема потреба од ништо превентивно. Ни инекции за зреење, ни антикоагуланти, ни прогестеронска поддршка, само витамини и тоа не се и сешто. Без индикација не треба ништо. Ако веќе резултати покажуваат дека треба тогаш треба, ама за нормални бремености само фемибион или некои други витамини со фолна.
Мила јас примив 3 дози зреење, бебе не беше во инкубатор воопшто, се роди 34+4, само што ја осеќав помалку со движења во мешето и имав почести тахикардии. Ваљда стварно помагаат ннема негативности и јас тогаш зедов да читам и офма затворив, ама веќе имав примнато.. тебе зошто ти ги препорачуваат? Имаш индикации или?
Јсс ги примив во првата бременост две во 32 и две во 34 недела, имав индикација за предвремен пораѓај. Како што кажуваат и другите членки, се намалуваат движењата на бебето тој период, но ништо страшно. Е сега мене тогаш докторот ме прашуваше дали имам скриен шеќер, затоа што кортикото не влијае добро на дијабетесот. Според мене не дека е штетно, од кога се воведени овие инекции многу предвремени дечиња се спасени, со можност да дишат самостојно и во помали недели, но сепак ако немаш некоја конкретна индикација за предвремен пораѓај не гледам зошто да ги примиш.
Ти вади класична музика од причина што има некои истражувања според кои класичната музика делувала добро за развојот на нервниот систем на бебето. Дали е точно или не, не знам. Инаку јас му свирам на клавир, секогаш ми реагира така си се топам кога ќе го почувствувам. Пуштај му секаква музика секако е убаво. Пушти си музика што ја сакаш ем ти порасположена ем бебуш ќе ужива.
Јас ги примав со синко во 8ми месец кога се отворив и морав да ги примам ако во случај дојде до предвремен пораѓај ама фала богу истеравме до 37+ немаш штета од нив се примаат две дози ама мене ми го качија шеќерот и тоа 15 на гладно едвај ми се стабилизира сепак ти си знаеш најдобро со лесно
Јас сум со 3 спонтани во раните недели. Имам генетски мутации и од почеток на бременост примам по 2 клексани на ден. Еве и скриен шеќер ми е на граница, исто така и притисокот па примам терапија. Незнам искрено ништо... @dipsidipsidipsi Мила Трајковски пред 2 недели ми ги пушти бубачките и сега незнам што да правам. Ми рече мирување, лежење до 36 недела дека сега повеќе расте бебе па да не тежи, дури и седење да избегнувам. И тогаш ми ги препиша и овие инекции, превентивно и рече ако испадне инфекција на брисевите обавезно ќе ги примаш. Јас само бактерија во уринокултура и онаа стандард печење цела бременост. Потоа докторот воопшто не ми се ни јави не ми ни одговори, па затоа вчера ја прашав за мислење Петрова. Таа рече вака нема некој проблем и индикација, ама па може Влатче е во право да си ги примаш за и ти да си бидеш мирна од нив нема штета. @paleska3 Ете тоа не ми го кажа, а јас имам скриен шеќер ама на граница ми е хм. Вака сега за сега посебна индикација немам, навистина незнам што да правам. А, запознаена си што може да биде бидејќи имам скриен шеќер ?
Па навистина незнам, ете така ми рече дека нема штета од нив и може превентивно да ги примам за и јас да сум мирна. Ама сега вака кога читам ми е страв, мојот шеќер е на граница, а такво нешто не ми спомнаа дека може да направат проблем. А, мене некако ме фати и страв да не дојде и до предвремен пораѓај. Ете некако повеќе работи ми се собраа, клексани цела бременост, скриен шеќер, притисок исто малку покачен. Страв ми е.
А најубаво примај си ги и мирна глава ама внимавај мери шеќер и јади повеќе салати без леб, кога веќе стравуваш а при крај си опушти се и како ти кажува срцето така.. јас кога се боцкав на испис сестрата вели што ќе си одиш кога ќе се вратиш за некој ден а јас кога и се опнав велам ќе се вратам за еден месец во термин така и испадна никогаш не се откажав..
Во тој случај ке си слушаш доктор. Кај тебе има индикациј. И јас одев кај Елена и и верувам. Јас мислев на жени кои немаат индикации а доктори им даваат за секој случај.
Жени абе да не знаете дали уопште постојат труднички долни маички? Мене ми застудува и стално си ги носам коа ќе залади, а ни у најголемиот број обични не ми го собира мешето...
Истото што ти кажа @baby 5. Ќе внимаваш на шеќерот почесто и на исхраната. Штом повеќе работи се наобрале прими ги за мирна глава, за бебе нема никаква штета од инекциите. Они се примаат од 28 па 30, 32 и 34. Било од која недела од тие може да се почне.
Се оправи ли? Гаргара од жалфија не би требало да ти прави проблем, не ја голташ. Искрено, јас во првата бременост не знаев за жалфијата и до пола бремност секој ден си пиев, ми вареше колешка мешан чај од домашни билки, со лимонче и домашен мед.. Со месеци си пиев. После дознав дека планински не е добар затрудници, па расчитав по нет што смеам од чај и укинав скоро сѐ.. Инаку, ништо не ми беше, до кај некој 4-5 месец пиев секојдневно