Јас ги примив во 8ми месец, лежев во болница, имав болки за пораѓај и грлото на матката омекна. Според историјата твоја, јас би ги примила. Да ми е мирна главата, што и да се случи. Мене ми кажаа дека немаат никакво негативно дејство и така е. Нема бебе никаков проблем. Сепак ти советувај се со гинеколог и одлучете заедно што е најдобро.
Добро женички вас таму “долу” после утрогестанот ви мириса ли на кисело незнам како да опишам од како почнав да ги ставам почна така да ми мириса.. и ми се појави некој притисок долу кај јајници
Зависи колкаво ти е мешето. Јас онака си купував Л за у случај да не се соберат, а и дека височка сум, па да ми се доволно долги, така што хл не ми бркаат работа. А у тоа Ваикики коа и да одам у тоа хаосот ништо не можам да најдам
Која недела си? Не ве пратам многу последно време ве читам ама не можам да запомнам која како инаку и јас со мутации бев исто клексани утро вечер од старт па до крај бев, но со серклаж па затоа ги примив во 30та 32 и 33 нед. Но серклажот држеше ама инфекција некоја профункционирала па така водењакот пукна и се породив наводна причина е тоа. Види најдобро со гин. што те води разговарај и одлучи ништо страшно не е. А чим ти рекле да си одмараш за тоа да си послушаш не се оптеретувај, во врска со зреењето јас мислам дека има ефект, како што кажав и по горе воопшто бебка не беше во инкубатор си беше првите 2-3 дена под надзор само. Поврзаност со скриен шеќер незнам, јас нр ни испитав за скриен.
И мене така ми кажаа дека нема несакани ефекти, а читајќи тука по Фемина гледам има доста трудници што ги имаат примено. Јас сум денес 30+4, може да ги примам утре и другден така ли ? Дека гледам по недели се примаат или сум грешка? Фала ти @dipsidipsidipsi 30+4 сум мила. Одмарам скоро цело време, па здравје Боже нека биде се' добро. Дали имаше намалени движења кога ги прими инекциите. Моето и така не дека е некое ептен активно, па што да очекувам.
Мислам дека штом има потреба тогаш се примаат. Ќе ти објаснат најдобро кај што ќе ги примаш. И моево ептен малце беше раздвижено цела бременост и после надвор од стомак беше исти. Премирееен. Иначе да, или ретко или воопшто не се чуствува движење 2-3дена, ама после се враќа во нормала.
Јас не го осетив па можеби 12 саати ми рече докторката ако во рок од 24 часа ме мрдне да одам на доктор и поминаа некаде 20 часа а јас абер неам не осеќам Нишш и почнав да паничам веќе ќе се спремам да одам и оп цело ноже излезе од стомак мм дури вели од тука ќе ти излезе хахаха така да од искуство послабо ќе го осеќаш ама те молам без паника гушкиии
Еве сум денес сум подобра. Сега завршив со прегледот бебето е добро, ми дадоа инекција Анти-Д или кај нас Рогам. Негатив сум а сопругот позитив, па во случај да се измешала крвта на бебето во мојата и од тоа да не било крварењето ме боцнаа сега. 6 недели сум сигурна после тоа може пак ќе треба да ја примам. Друго се е добро благодарам на прашањето.
Женски, неколку дена ми излегува сликата ма Инстаграм, и решив да ја споделам. Се мислам дали има логика во неа
Инаку малце сум подобро. Нема аптека која не ја поминав да ми препорачаат за грло нешто сите креваат раменици. Во еурофарм девојчето ми препорача пантенол бил најдозволен во бременост, и ме посоветува да земам AntiCold крема за да се мачкам во Т делот (чело синуси) и под нос ептен малце. Пантенол им е дефицитарен, немаа, така да останав само со кремава, и марисол капките. Пијам чај шумско,брусница ептен топол со лимон. Правам гаргара со солена вода, супи многу многу бибер. Се надевам ноќва ќе ја поминам боље него синоќа. Утре сум пак на контрола и цтг, се надевам се да е добро. П.с ми напомена дека можам да пијам парацетамол. Што досега матичната не ми ни кажала.
Утре 30+5 и другден може да се примаат нели ? Гледам дека така ги имаш набројано неделите, јас се мислев дека после 28 недела може било кога или сум грешка?
Парацетамол немој, со право матичната не ти кажала. Многу течности, витамини суплементи сигурно пиеш, ќе се оправиш. Мене денеска крајник почна да ме наболува, на вртење врат осеќам, и накај уво, не знам што ќе биде. Променливото време веќе си зема данок, со лесно и брзо само нека мине
Јас имам пиено еднаш парацетамол и тоа препорачано од доктор гинеколог ама не мојата матична многу бев лошо тогаш.. и баш го прочитав линкот што го имаше поставено ти мислам дека ти беше … не ми се верува како така ми кажа а не е добро да се пие