Nemam redovna menstruacija i zatoa e problem....prvichno terminot mi beshe 7 maj a sega mi e 17 maj so obrazlozhenie deka sum imala docna ovulacuja
Јас сум со доцна овулација останала трудна секогаш се водат по бебе кај мене по мерки на бебе, инаку и јас имам нередовна менструација и ми доцнеше дури 2 месеца па направив тест
Никаква, ова е исто како бабиве ко што ни велат ако ти клоцни од десна машко ако од лева женско или тоа со солта како го прават незнам точно Ама како и да е и помалку битен е полот на детето само здрави прави да се и господ да ги смеша сите со челат
А полот после 16 недела може да се види на ехо така? За првото дури 25 26 недела го дознав полот се криеше, сега и ова мавта со ножињата па не ми ни спомнале какво е Секако да ни се живи и здрави ама ме копка
Б витамин, Ц витамин и течности. Кафе, кока кола ако нема друго чаре. Одмор и музика, релаксирачки туш. Не се плаши, промената на време+хормони нѐ прават сите склони кин главоболки периодов
Само да ви кажам жени мои дека буцково мој во 25та тежи 980гр Си го цуцаше палчето и се имаше оптегнато ко за на плажа. Малку се поткренал фала му на Бога, ама пак не е качен горе, така да ќе си одмараме ја и он повеќе, другиве нека му ја мислат
Јас патам од мигрена. Оваа бременост многу чести напади имам. Кој има мигрена знае што значи главоболка до степен да си целосно нефункционален. И во првата бременост и во оваа имам дозвола од доктор да пијам појаки пеинкилери, од проста причина што болката може да направи поголема штета за мене и за бебето отколку самиот лек. Аспирин од 500 многу ми помага, иако е прилично озлогласен за во бременост. Сепак мора со доктор да се разговара, не давам совет само кажувам како е во мојот случај.
Полот не е ни малку важен,само што јас не знам на моето бебе како му се обраќам. Пред некој ден кажував нешто и викам јас (со Него) Па после си велам ако е женско да не ми се лути Се надевам дека на следната контрола ке ми кажат.
Аа тоа со солта го направила мајка ми, не знам како точно, демек ако ти стават сол у коса и се фатиш за нос прво машко било, ако си ја допреш устата женско Јас сум си ја фатила косата на прст да ја мотам ( а у живот го немам направено тоа ама ете )
Леле врска немаат тие бабини муабети значи, живи глупости. Свекрва ми си ги држи сите тие муабети и според сите глупости шо ми ги изнакажа требаше женско да носам, ама женскава со куре испадна Главен муабет беше демек не сум повраќала и акни ми се јавиле, а ќерките демек ја земале убавината на мајките. Joke's on them. Златно ехо, све ќе ти каже сигурно. Инаку и мене во 12та ми кажаа дека е машко, ама не беа сигурни, па на скрининг после се потврди.
Хахаха мене па оти повраќав многу - женско било. Во 12та докторот ми вика "се крие ова, срамежливо е - сигурно е женско, не сака да се покажува" хахах. Испадна женско. Ама интересно беше да си ги слушам сите муабети зашо и како се гледало Да ни се живи и здрави на сите најбитно е <3
Ќе дознаеш јас за првото во 21 недела дознав а за второто уште во 13 недела Нека е здраво и живо со живот само
Е морам ова да ви го кажам ова мислам е врв хаха игла замотана да не се гледа и ти даваат една страна да фатиш ако ја фатиш таа што боцка е маже а другата дупката е мома хахаха нормално се фатив за “боцката” хахаха и еве го синко а сега никакви глупости не правам хахаха си чекам ехо како и сите нормални хаха