Мами, мислам дека имам уринарна инфекција, имам воспаление и црвенило, и почесто ми се оди во вц. Пиев брусница па дури и увин ама некако нема ефект. Деманоза ми дадоа во аптека, од утре ќе почнам и тоа да пијам, дајте некој совет како побрзо да помине
Мене обично ми помагало на улошка загреана ракија, ама сеа у бременост незз колку е безбедно тоа. Д маноза можеш и сега да се напиеш тоа е природен шеќер не е лек. Мене само антибиотик ми помага, ама мора прво уринокултура да правиш да видиш што бактерија е и на што е сензитивна. Пиј и вода обична, брусницата и мене не ми помага, што е можно повеќе да мокриш. И јави и се на матичната прашај што можеш сега сама да преземеш, пошо ќе се мрднеш ако трпиш..
Дманоза едно на ден ли пиеш? Аптекарката ми рече дека си бремена земај по едно, ќе одам секако на гинеколог, ама од што имам оток воспаление доле мислам нема да успее да влезе шпатулата што ја ставаат хаха. Фала ти миличка ќе пијам вода и во петок крв и урина ќе проверам
Не сум пиела д маноза, не знам, само сум читала дека е природен шеќер. Сум пиела од оние Уриројал ќесичките, ама дека нешто посебно ми бркале работа, не баш. Само улошка со загреана ракија знаела моментално да ми олесни и антибиотик, иначе полудувачка е, знам. Да не ти е човек у кожа, затоа ти викам јави и се на матичната нема зашто да чекаш, ова вонредна ситуација е. Со лесно и брзо да ти мине!
Јас пиев едно сабалје едно навечер д маноза. Плус бруаница капсули исто по едно сабалје -вечер, плус антибиотик, плус Солубитрат чај. Но прво мора да направиш уринокултура да видеш која бактерија е и на што е сензитивна.
Ако правиш во петок, тек во понеделник ќе имаш резултати. Сигурна си дека ќе можеш до тогаш да трпиш? А да тркнеш утре сабајле до Авицена/Фармахем/Биотек и да напраиш една на приватно за у сабота да имаш бар резултати?
Јас сум 13 недела. Во понедалникот бев на контрола, матичната вика и да видам што е не ти кажувам. Тука имале таков закон после 18 недела да кажат што е , пред тоа никако бидејќи некои жени после дознавање на пол абортиралеНезнам колку е вистина тоа.. (Надвор од Мк сум иначе) -Следна контрола 28.10, тогаш се надевам ке каже Ти која недела си ?
Демек јадев чоколадо денес па да не ми влијае на крвната слика, а заворавив дека 2 дена трае тестот за урино, имаш право срцка, утре сабајле ќе идам до биотек и ќе напраам се таму, ти благодарам што ме потсети за деновите
Пусто не издржав, а башка и брусницата ми е многу блага, ка земав на рефус незашеќерена ама ептен е блага пак, викаш и тоа ја храни бактеријата?
Охоо бравоо, значи си се опушти, така и треба. Јас денес нарачав, утре ќе стигнат и мислам дека коа ќе ги видам у живо, после нема да можам да се сопрам со купување Тоа дур да почнеш е работата, после иди сопри се
Блага е брусницата секако, ама ако е некандирана немаш гајле. Те тера сеа бактеријата на благо, сака да си расте, ама ти нема да и даваш шеќери и немаш гајле
Германија. Предходно и на братучетка ми и рекле исто и не и верував. Ете слика од превод, само што тука пишува 12 недела, а мене ми рекоа после 18 ке кажат