Жива, здрава и од Бога благословена да е Лена. ❤️ Преубаво име сте одбрале мама. Поскоро опоравување и уживајте во најмеканите прегратки на цел свет. ❤️
Femibion 1 и 2 СЕ витамини. Формула витаминска, направена за потребите на мајката и бебето во првото тромесечие (Femibion 1) и остатокот од бременоста (Fenibion 2). Кај нас се единствени мислам со метилирана фолна во својот состав. Може баш заради таа форма на фолна киселина ти ги препорачала, таму можеби има други со метилирана фолна
Ниту јас ама имам слушнато дека го прават. На свекрвами и направиле од комшии така. На комшиката свекрваи и направиле со некоја пријателка ама се смееше комшивкава жива глупост тоа е.. Ама на среќа ако погодат интересно ќе им биди на постариве hehehe
Ме потсети на мене . Исто и јас толку многу се израдував со син ми кога слушнав дека е момче и овојпат исто толку многу кога дознав дека е девојче Мислам дека и обратно да беа и било која друга комбинација да беше, две момчиња, две девојчиња јас исто ќе се израдував Ама морам да признам дека од секогаш сум сакала да имам ќерка
Мене ми дадоа да пијам само Вит. Ц, фолна и Вит. Д ништо друго од витамините зашто повраќам па уште толку да не го оптеретувам желудникот многу се тешки. Останатото преку храна ќе внесуваш, единствено крајните месеци може да имаш потреба од железо и како суплимент ќе можеш да го внесуваш. Инаку и само со овие витамини крвната слика ми е супер. Прави како ти кажат лекарите единствено фолната ти е задолжителна до 12 недела ако другото ти е во ред. Јади балансирана храна повеќе салати и овошје и месце секако протеините се битни. Да напоменам со првото дете ништо не пиев ама многу месо јадев, во 9 месец малку паднат хемоглобин и ми препишаа Фероглобин сируп за да се среди пред пораѓајот, бебето и јас супер.
Здраво мешиња. Незнам каде да го поставам ова прашање, па се решив тука. Се надевам дека ќе добијам одговор. Дали на родилка која никогаш претходно не била вработела и која моментално е невработена, а се води како редовен студент, и следува некаква парична помош? И ако да, каква? Може е смешно и доста смело за да се праша, ама ако некој знае нека пише. И уште нешто, каде да прочитам за да се информирам повеќе околу ова? Поздрав
Здраво, ме интересира дали некоја трудница успеала да влезе по моловиве без да и бараат сертификат за вакцинација?
јас немам гајле него баш се смеевме со другарка (покрупна) и вика чим тебе те пуштаат со ова стомаче и јас сигурно ќе пројдам како трудна