ќутии на првото тромесечие не сакам ни да се присеќам. повраќав се што ќе ставев во уста енергија имав нула лежев и спиев по цели денови.. два пати прокрварив ... сега сум иста како тебе само пребарувам, шетам, нарачувм
Ја мислам дека го преспав првото тромесечие...фала му на Бога само што не ми се лошеше и повраќаше, ама енергија имав 0, само спиев и мнооогу ми отекуваше стомакот и не можев во вц да отидам со денови. Вторто тромесечие е најсакано од сите трудници ко што гледам
Здраво девојки, сакам да ве прашам што сте користеле / или како сте си помогнале при кашлица во бременост? Премногу кашлам овие 2 дена,а матичната не е во државата ке дојде дури вторник. Друг проблем со нос/грло немам, температура немам, само сува грозна кашлица неможам веке. Хеллп
не знам, искрено да ти кажам првото ми беше најтешко. второто качив нагло многу килажа и ме болеше многу кичма, топлото ме полудуваше... сеа сум ептен на почеток на трето ама некако најубаво ми дојде... залади времево и стагнирам со килажа... изгледа и телово се навикна малце сум успорена ама од кога почнав да купувам дефинитивно најпозитивна до сега
Првото само спиев и повраќав. Ништо не ми се правеше. Второто пола/пола. Пола повраќав, пола ми беше супер. Полна со енергија, абе мислеш ко не е истата трудница од првото тромесечје . Е затоа сега, здраво на киселините. Спиење никакво, т.е. не е никакво бе, си се будам накај 4-5 саат, седам будна докај 8-9, ги пробувам сите начини да ги смирам киселините, гледам не бива па си седнувам и пак заспивам. И после се осеќам ко зомби цел ден Баш фино
Во Фемибион 2 има исто што и во 1 плус дополнително апче со плус витамини. За некој ден никаква разлика нема да има. Слободно почни си со 2ка. И јас не почнав точно во 13та недела, прво си ги допив кецот
Тоа ти е сериозен тренинг за тоа што те чека кога ќе дојде бебе за киселини мали оброци, газирана вода, сода бикарбона, цеден лимон (ако е кисел-неутрализира).. Кај нас викаат ако има киселини трудницата-бебето ќе имало многу коса
Хахаха ќе и правам плетенчиња за излегување од болница штом така Киселини имам уште пред да ми излезе позитивен тестот, ама до сега ги смирував. Е мислам дека од истиот ден ко влегов у 7ми месец, 10х полошо стана. И тоа само на спиење, или ако легнам онака преку ден. А за тренингот... Па можев да си поспијам уште малку де хахаха
Во аптека има едни за лижење од Др.Тајс со жалфија. Јас кога имав болно грло тие ми ги дадоа. Безбедни се иако се со жалфија. И гледај да внесуваш доволно течности да не ти е суво грлото. Сок, вода, лимонада, чај. Прво тромесечие исто со повраќање секој ден...кога ќе се сетам аууу. Второ топ. Трето со киселиниве Пиши ми навечер и јас сум будна хаахах се шлаам по дома. Пробај со ладно млеко мене ми помага не секој пат ама има моменти кога ми помага. Кисела вода исто, гастрогард. Вчера пробав со зелено јаболко ама ништо после тоа одма гастрогард не се издржуваше.
Вчера отприлика вака беше: пред спиење јаболче, малку киселини имав викам ајде ќе се среди, ќе си легнам. Спиев 2 саати, станав - пиев млеко. Подигнав перница, полулежечка, спиев уште малку. У 4 мислам дека од желудник до грло се живо во мене гореше. Си џвакнав гастрогард и се расонив Накај 9 си викам да поспијам уште малку - пола чаша кисела вода. Тоа малку беше баш малку, саат време.
Пантенол со витамин Ц. Најбезбедни за трудници. Останатото не го препорачуваат. И чај повеќе пиј, или прегорен шеќер со млеко старинското
Ние сме една недела разлика, уште ништо не сум спремала. Списокот ми стое од првото дете, баш разгледував што треба да купам, но до сега ништо не сум почнала а не пак да ми биде спремна торбата . Треба да се активирам кај и да е
Мами што смеам да земам за настинка освен природно лимон,чај,мед и сл, синко е настинат и што цел ден сме заедно и мене ме фати пијам само парацетамол ама нема фајде ни температура не ми намалува
Како бе млеко и јаболко?! Јас изгледа сум нешто наопаку, мене небремена од млеко ме фаќаат киселини, па го избегавам, со овес користам јогурт или кефир, ама и од тоа некогаш добивам киселини. А јаболко, само на полн желудник, после појадок. Ако јадам на гладно - после 10 минути треба да имам убав, обилен појадок, за да не ме искине желудник. Секој друг дел од денот ако го јадам ми прави киселини.