И мене ладно прено млеко многу ми помага. Поготово со 2-3 коцки мраз и маааалкууу медче му клавам. Абре 3л може да испијам у денот. Ама њама толку
Мешиња хелпп како да изВадам Лутина од раце, сецкав пиперки ама отпосле почна лутината. Држев сода, оцет алкохолен.. СПАСУВАЈТЕЕЕ!!!
Значи кај секој различно, мене желудникот ме кине од јогурт. Многу сакам да го пијам оти ме освежува ама после мака мачам цел ден 2-3 зрна жив ориз ми помага.
Ај фил ју скроз. Пред некоја вечер пред спиење гастрогард. Заспав накај 23 часот станав во 2 изгорев. Се напив млеко ми се смири заспав накај 3. За два сати пак станав осетив како ми се враќа нагоре се. Се исправив се расонав до 7 сабајле будна. Па седејки дремев и ништо станав лапнав гастрогард и денот може да почне. Измеѓу станувата израчунај и станување за во тоалет. тоа е ќе се издржи. Епа овде мешињава ми предложија и млеко и зелено јаболко, морав да пробам нешто чаре да се најде. Инаку исто јаболко кога и да јадев претходно гладна после тоа. А за млекото знам дека општо смирува болка во желудник па веројатно по таа логика помага и при киселини. Ама на крај на краиштата секој организам различно. Ете мене млекото да ми помага, од јаболкото уште толку ми се засилија киселините.
Мајки, вие што сте при крај на бременоста може ли да ме потсетите кои беа главните прегледи, мислам едни од поважните покрај редовните контроли. Знам имаше скрининг во 12 недела или грешка сум и во 6 месец имаше една важна контрола Леле се сум заборавила како беше, одамна беше.
Можно ли е да се грешни резултатите од уринокултура? Во Биотек правев и се е чисто нема ништо на резултатот, а мене уште ме пече доле од каде што уринираме и не се смирува, ме излудува значи! Пијам и чаеви и по една деманоза и незнам више шо да праам, кај ли настинав волку
Втор скрининг од 19-22/23 недела , после мислам дека треба и тест за дијабет да се направи и трет скрининг . Јас што читав тоа е се
Читни си тука , убаво е објаснето .. постручно од мене https://acibademsistinababy.mk/dete/14-bremenost/skrininzi/8-zadolzitelni-pregledi-vo-bremenosta Матичната ми кажа да закажам пошто и кажав дека сакам кај Димчев.. ќе вртам овие денови
Можно е и да нема бактерија. И јас сум имала цистити без наод во урина, ама имав леукоплакија тогаш..Тоа е бела плоча што се прави на ѕидот на бешиката и се отстранува хирушки, а се открива само со цистоскопија. Да не те плашам можда не е тоа. И золва ми исто ја пецкаше при мокрење а немаше бактерија. И на мене и на неа ни помогна Нифуран. Мене тој ми делувал најмн за уринарни инфекции, чаеви џабе сум пиела. Дозволен е во бременост, ама пак прашај го и гинекологот што мисли, да не се праам докторка.
Златен Палин секогаш ми помагаше порано кога го имаше сега го забраниле. Фала ти мила ќе прашам секако што да пијам од понеделник
Мене па не ми помагал Палинот, само Нифуран. Затоа и на сите со вакви маки го препорачувам. Со помин нека ти е!
Така пече и од кандида. И какви чаеви пиеш, пример јас ако пијам од брусница 2-3 дена и тоа само по една чаша а ден и почнува да пече. Вода најарно.
Добро утро женчиња! Блиц прашање, трудничка облека ( по можност онлине) од каде купувате? Во мојот град нема ниту еден бутик.
Од овде нарачав 3-4 работи. Арни се. Велат скапичок бил бутиков ама и кај нас нема ништо за трудници https://www.facebook.com/groups/160148327353507/?ref=share
Не е кандида мила, само надворешно ме пече и ме тера да одам во вц, пијам брусница, камилица или увин,ќе идам кај матичната да видам што ќе каже