Девојки дали за да се префрлам кај докторката што ја имам одбрано од ГАК ми треба упат од матичниот гинеколог или можам само да се договорам со нејзе кога е на смена оти сакам таа да ми ја води бременоста до породување?
Да се пофалам дека и ја настинав. Знам дека 100 пати пишавте, ама освен витамин ц, парацетамол, супи и цедени сокови што уште можам? Грло ме боли и увото ми е затнато. Темп немам.
Жив и здрав да е мајка. Да му се радувате и да ве радува. За грло од Др. Тајс има за лижење од жалфија како стрепсилс се само што овие иако се со жалфија се безбедни во бременост. Предобри се, мене ми го опоравија грлото за два дена. Кај изнастина мами нели сме само дома? Ајде без нервози само ќе помине за час.
И јас тоа се чудам. Бар да шетав негде па да не ми е криво, вака ем дома ем болна..скроз безвезе. Фала ти ќе си ги зеам овие од Др. Тајс, пошо не можам да голтнам.
Да не се разбереме погрешно...ама многу ме интересира вие настанатите (а гледам ве има многу) дали воопшто се тестирате за Ковид? Мислам јасно ми е дека таков е периодот и дека постојат и настинки и дека повеќето од вас (барем искрено се надевам) не шетаат беспотребно ама мислам дека треба малце посериозен пристап со оглед на тоа што веќе некои и сте во поодминати бремености а и посетувате места каде што одат и други трудници. Не е злонамерно воопшто ова што ви го пишувам, само ми боде во очи што многу ве има по темава со настинки а за ниедна не прочитав дека се сомнева на ковид. Ви го посакувам цело здравје на светот. Само малце посериозно ве молам.
Едно прашање до Скопјанките Пуштаат невакцинирани трудници во молови и кафичи во Скопје?! Оти кај нас никаде не им бараат сертификат на трудниците.
Прочитав некаде дека во сити мол пуштале невакцинирани трудници ама немам отидено да ти кажам. А и по кафичи не сум била ама веројатно бараат.
Доволен ми е Сити мол да влезам Вчера бевме Дојран на ручек и дојде инспекција. Самиот инспектор рече дека на трудници не бараат сертификат. А и претходно самиот персонал праша само дали мм е вакциниран.
Јас кога имав болно грло си направив домашен тест од аптека што се купува. Освен малку болно грло друго ништо немав. Ама и не шетам. По молови ни на крај памет не ми паднало да одам ниту пак во кафичи.
Ја чекам маж ми да дојде од работа да ми донесе тест од аптека. Баш бидејќи не сакам да се шетам и да доведувам некој во ризик. Инаку секако 80% од времето сум дома, работам од дома и освен со најблиските со никого не сум имала контакт. Јас сум исто многу против тоа да се шетаат со симптоми нетестирани.
Мене едвај ме пуштија пред месец и нешо у Романтик у Дојран. А само за едно брзинско кафе бевме пошо накај Грчка идевме.
добро да се знае, во петок имаме настан од работа... само јас не сум вакцинирана ...баш не знаев дали да пробам да одам
Доколку е така тоа треба да стои некаде наведено. Јас со една доза сум ама не знам дали би пробала да влезам некаде, со оглед на тоа што сега бараат 2.
Секако дека се тестираме. Јас од дома немам излезено, освен навечер едно кругче да попешачам. Ниту одам на работа, ниту гости пуштам, ниту одам по гости. Дури еднаш месечно кога идам кај моите ги терам една недела со никого да не се видат, а се вакцинирани. Ама ете споругот оде на работа, вакциниран е, закачи настинка и ми пренесе. Го немаме луксузот да живееме во големо живелиште и да се изолираме во различни соби. Сепак есенските настинки се овде веќе. Секое здравје на сите.
престанете да се препирате околу короната... пандемијата трае скоро две години, мора да се научиме да живееме со тоа. нормално е дека никој не сака да фати корона, особено трудниците кои се посебно исплашени бидејќи се грижат за уште еден живот што носат во себе... од друга страна пола идат на работа, а дури и да не одат живеат со луѓе кои работат, не може никој во стаклено ѕвоно да се затвори... нормално е и дека секој жив човек што ќе настине сега прва мисла што му проаѓа низ глава е дали е корона.. нема потреба овде дополнително стрес да се прави и некој да се правда каде оди и со кого се гледа бидете во добро здравје сите
И јас се зачудив искрено. За во ресторани кои имаат и соби за спиење ( хотели нели) законски си е дозволено да си влагаат невакцинирани лица. Тоа е по сите градови, сум била во повеќе градови и така се функционира. А за на отворена тераса ова вчера го разбрав.
точно е ова со собите. другарка направи цела свадба невацинирани беа си платија соби и си преспаа таму... така било дозволено што ви кажува колку се без везе мерките