Не ни мора да платиш соба за спиење ако седнеш на ручек пример. Како што немаат работа сега хотелиерите без проблем те заведуваат како гостин и можеш да си седиш. Се најде дупка во законот и тоа е тоа
овие и си преспаа може така им кажале од ресторанот за да им извлечат поише пари иначе, нормално е да има дупки кога се без везе меркиве
Бронхо мед, ама некој проверен да најдеш од продавница за мед и производи од мед. Ако си од Скопје во Хепи во Кисела вода имаат огромен избор и комбинации. А можеш да ги најдеш и на фејсбук/инстаграм, мислам прават и достава.
Еее таман работа да земеме да се препираме. Тука сме за поддршка и да размениме мислења. Инаку да не можеме во стаклено звоно и дури мислам и дека не е здраво ова што сме само дома ни физички, а богами ни психички. А верувам дека на сите ако нешто пројавиме било каков симптом на настинка дека одма на сите на корона ни оди паметот иако не секоја настинка е корона. Да не сме офф топик сите да сте живи здрави тоа е најбитно.
Majki, kako mozam da bidam sigurna dali ke imam mleko vo gradite, citam deka vie imate nekakov kolosrum pred poragaj, jas vo prvata bremenost imav taka nekoja prozirna tecnost a pak nemav mleko, vlecev i so pumpica za doilki i nesto slabo, skoro ic, a potoa i nisto nemozev da iseknam, pa bi ve prasala kako mozam da bidam 100 % sigurna imam mleko vo gradite ili ne
Додека си бремена неможеш да знаеш дали ќе имаш или немаш млеко.Тек после породување наидува млекото.Кај некого после ден два,кај некои и после цела недела(ако се со царски).Бебето на градс што почесто за да стимулира надоаѓање,многуу течности и секако одмор колку што можеш и без стрес.Мн мајки од стрес остануваат без млеко.Пумпата не е репер за имање немање млеко.Туку напредокот на бебето.
Дали пиете нешто, некоја терапија, за кандида? Сепак жолтеникавиот исцедок на брисеви покажа кандида албиканс. Се слушнав со матичниот ама ми вика нема што да пиеш, ако те чеша ставај канестен, ама само надворешно и вагиналети со пробиотик колку за обновување на флора, не е тоа за лекување, као кандида не се лечи, треба да избегнуваш шеќери, да ојачаш имунитет и ќе ти помине. Инаку немам некој значителен проблем, као еднаш-двапати неделно ми се појавува мало чешање и така пообилен и жолт исцедок. Сум имала и порано, не се сеќавам што сум пиела, ама дека сега бременост, да прашам некоја да не пиела нешто за побрзо излекување.
Неможеш да бидеш сигурна, само упорност и гледај да си поодморена одкако ќе родиш, да има некој до тебе цело време зошто одморот е многу битен. Детето на гради ставај почесто да цица, колку повеќе цица толку повеќе млеко. И да без стрес. Инаку колострум имаат сите но подоцна млекото кај некои доаѓа а кај некои запира. Јас имав колострум, но бебето не сакаше да цица туку спиеше многу зашто фати жолтица во болница, па таму го ранеа со адаптирано, и после дома маки мачев да ми дојде млеко, но бебето се научи на адаптирано и така продолживме, а и башка јас немав никаква помош од никој и уморот и стресот си го направија своето, плус прво бебе. Здравје со ова второто ќе гледам да си го дојам, да го осетам тоа најубаво чувство.
Јас досега кандида има излечено само со нерафинирано кокосово масло. Една м лажичка наутро на гладно, плус доле мачкав од маслото. И секако нели избегнување шеќери.
Сигурна не можи да бидиш дали ќе имаш млеко дури не се породиш. Јас во бременоста немав ни капка, млеко добив 3 дена после царски. А како што читам објави на консултанти за доење, секоја мајка може да дои, па ако имаш потешкотии најдобро да се советуваш со нив. Од мене совети - многу течности, одмор и секако бебе на града кога сака и колку сака.
Јас ставав вагиналети прво гинодахтарин ама мислам дека сега веќе ги нема и полгинакс 6 или 7 мислам дека беа во паковање и по месец дена пробиотик пиев. Ќе ја означам @bybeDkid мислам дека таа ми спомна за премивка кај гинеколог со плава течност генецијана. Подобро ќе ти објасни. Инаку да нема некое конретно чаре мислам зависно каква е околината тамо доле дали е погодна за да се развие кандидата или не. Како и да не не може ништо да му направи на плодот, само не знам за пораѓај како е. Следна недела сум јас на контрола па ќе видиме ќе и предложам на матичната за премивка.
Ах, таа кандида, шо маки видов со неа. Инаку да, премивките ме спасија мене. 3 премивки ми направија на гак со Генцијана (сина течност) и едно 2 месеца немав мака. Претходно ставав Полигинах, Канестен и Макмирор од све по 2 дози и џабе, не помина. А сеа пак нешо ме чешкаше и бев кај матичната, ми рече дека она немала генцијана и ме премачка со бетадине, ама ми рече дека не било толку ефикасно ко Генцијата. Иначе геницијана е антифугална билка која што ја има во шумите и планините и може и како чај да се пие, ама незз колку е безбедно тоа во бременост. Синиот раствор што го прават од неа е смрт за кандида. Јас одам кај Тофоски и он тогаш ми рече 'Ако е кандида, од ова ќе помине.' И стварно помина. А кандидата може да го омекне грлото на матката и да предизвика предвремено породување, така не е баш безопасна за да би ја оставила нетретирана. Прашај за премивкава, на гак сигурно можат да ти направат ако не може веќе матичната, а ако не ставај 2 дози Канестен или Полигинакс. Пробиотик секако треба постојано да внесуваш. И да, батали шеќери и пиј многу јогурт.
Мамички, Јас сум 36 недела и од минатата недела птв пат ми се појави некоја чудна болка мислам дека беше неколку секунди само ама ме болеше стомак,грб и долу. Тоа се случи само еднаш и во петокот имав болка со помал интензитет во толниот дел од стомакот само, и еве денес повторно . Дали е ова нормално или да почнам да паничам. Ви благодарам
Другарици, да прашам едно глупаво прашање. Наредна недела ќе кречиме. Дали да се селам на неколку дена? Дали е штетно да го дишам додека се исуши?
Ако фарбате или лакирате врата, прозори можеш, зашто мириса многу, инаку за кречење ништо неможе да ти штети.