Да?! Леле онаа матичнана моја НИШТО не ми објаснува, јас се водев по овие референтниве вредности тука и коа видов 8.2 се извадив од памет. Милион пати покорисни совети иам добиено од вас на форумов, него ли од неа. @baby 5 фала ти многу. Само кажи ми од зеленчук не смее компир и ориз така? А ја овошје јадам само банани и јаболки кисели, бидејќи на кисело иам мерак многу сеа у бременост, ама банани не смее, така? Благо и газирано секако не внесувам од шо пазам ради кандидата што ја имав. Фала ви многу и на двете, ме смиривте сеа, не знаете која паника ја кренав. @Knizhevnik11 ај пиши баш како ќе ти искочат резултатите.
Да ама јас јадам се само многу пазам количински и ако земам нешто пр ориз,компир после не земам ужинка, смееш и банана обично пред спиење ми препорачува докторката моја да не мин се симне многу ноќеска ама јас дека се боцкам, буквално се јадам ама многу пазам кога и колку ќе земам
Јас сум 20та недела, минатиот понеделник прокрварев завршив на гак една вечер хоспитслизација, ми препишаа прогестерон депо 5 инекции на 3 дена (утрогестан и магнезиум пијам од почеток). Синојка (после една недела) повторно прпкрварев, и тоа многу повеќе, полна влошка како добиено, на гак ми рекоа многу ниска постелка и затоа сум крварела... иначе сум на строго мирување од почеток. Сега веќе и до вц ми е страв да одам Ве молам за ваши искуства, многу сум исплашена!
Се зачитав јас сега за проблематикава и уствари по кето режим треба да се водиме. Се надевам твојот матичен е поасален од мојот и ќе те упати поубаво, може твоево и за терапија да е, ама да не се расфрлам со мислења неам поим стварно. Секако ќе си прашаш знам дека све си следиш и знаеш и превише.
Еве чекам ред. Да видам шо ќе каже. Ама не се нафаќам одма на терапија. Ќе мерам една недела па ако има потреба после ќе одам на ендокринолог. Ама ај да видам шо ќе каже докторот. Инаку уште тие лекови ми фалеа.
Јас 8.5 сум, и еднокринологот, гинекологот и матичната исто рекоа, ништо страшно, на граница е, исклучи бел леб и благо и супер си, не треба ништо повеќе. Така да незнам ни јас што да кажам, дали пак да испитаме или сами да се ставиме на диета. Никој ништо конкретно не кажува
Јас златна ништо не оставам на случај и на "стручноста" на нашите доктори. Тој муабет благо и леб немој и баба ми ќе ми го кажеше. Од доктор очекувам многу посериозен пристап и заангажираност. Бидејќи тоа во Македонија нема да го добиеме, мора да се самоедуцираме (за жал). Мене една познаничка која двете бременосто е со гестациски шеќер ми прати доста meal plans и све шо треба да се знае за оваа состојба. Ако сакаш ќе ти пратам у порака, не е проблем.
Ми даде упат во петок да се видам со ендокринологот. Мерев 2ч по ручек 6.7 покажа. Ќе мерам овие два дена, па ќе видам петок што ќе ми каже ендо. Ќе терам со исхрана ако е ок.