Праќаа на две места во авицена има едно + и од десната страна пишува негативен наод , треба уште еден резултат од уринокултура да ми стигне , микробиолошките беа добри ама тој + ме стави во мисла сега..
Инаку денешната моја приказна со огтт, заврши и со упат за хематологија, па во ману за иапитување на талесманија, заеади низок хрмоглобин. Секој месец нова приказна. Некој со ваков проблем.
Немај гајле јас имав ++ и чиста искочи уринокултурата. Кај бремените се зголемени леукоцитите и во крв и во урина.
Супер е сé. Ништо тоа, незначајно е, а и си пишува негативен наод. Самото тоа што е бистра мокрачата кажува дека е во ред. Чисто за да знаеш и да дадеш примерок за уринокултура, бистрите примероци не се обработуваат. Само, според шеќерот ептен гладничка си била
А зошто хематологија? Што треба таму да испитуваш? Иначе, да, секој месец е нова приказна, се сложувам и пронаоѓам 100%.
Се утепав од повраќање и пред и после земање крв .. прелош ми беше денот ! Фала ти за одговорот ме смиривте многу и ти и @bybeDkid , ве гушкам
А има негде информации што и дали смее да се јаде, колку саати пред тестот? Вчера читав како да се подготви трудница за тест за гестациски дијабетес, и ме зачуди што прочитав дека треба да се прави тестот после нормален појадок, како што вообичаено би јадела, затоа што на гладно би имало големо осцилирање на шеќерот. И имаше некој двочасовен и трочасовен тест, ова погоре наведеното за двочасовниот.
Здраво, дали некоја членка има испитано скриен шеќер после 28ма недела ? Мене матичниот ми рече дека се испитувало од 24та до 32ра недела. Тука како што прочитав повеќете до 28ма го имате испитано
Јас кога се јавив да закажам во Авицена ми рекоа 10 часа пред тестот да не јадам. Затоа си закажав најрано сабајле во 07.30, за да не мора да гладувам до 10 на пример. А вечерта немој тешка храна само да јадеш, нешто мрсно или полно шеќери. Јас вечерта си каснав 2 кришки тонус тостирани со путер и кашкавал. Јас двочасовниот го правев
Здраво, денеска испитував урина и ги добив следниве резултати, гинекологот ми препиша антибиотик, но правев уринокултура и е чиста, до сега секоја проверка на урината покажува нешто но со конзумирање на чаеви поминува, но овој пат резултатите ме загрижија Дали да го пијам антибиотикот или да прпдолжам со брусница и увин како и до сега, живееме во странство и овде не преферираат алтернативна медицина.
Сето тоа јадам и пак паѓа. Плус сум и на терапија од 11гн. Тотхема, лактиферон, сега феррум лек. Не знам веќе како натаму.
39+1. Вчера ме примија напладне на патолошка (и уште сум) али се наспав. Од сабајле фати кичма да ме боли, ај викам од креветот. Ми ставија во 9 вагиналета простин. Мислам дека некои луѓе немаат човечност во себе си. Не знам дали беше доктор меѓутоа сигурно беше медицински брат/сестра како било, толку грубо проверуваше доле неможев да се опуштам никако, уште ми се дере отпор сум давала, викам не ме пипај груб си ме боли. Ај што ми ја стај вагиналетата ми ја стај. Се убив плачејќи до соба. У 14часот пак дојде до соба да те проверам, викам мојата докторка само што стигна ќе ме провери она, не не јас ќе те проверам. И пак груб однос. Никогаш нема ликот да му го заборавам. Инаку вагинален наод затворена сум. Ни милиметар а не прст. Во 15часот пак вагиналета простин, јас умирам од кичмата. За да во 19.40 добијам апаурин да ми се олабави мускулатурата. Заспав во 20.00, за да во 20.30 се разбудам скоро помочана дур стасав до вц све бев лом. Пукнал водењакот. Ме собраа одма на вагинален преглед, пак исто затворена. Сега лежам, ме фаќаат болки на 6 7 мин, меѓутоа со диши издиши ми се смируваат. Тоа е тоа за сега. Може ќе ме соберат на царски утре не знам. Ќе ви пишам. Фала што ме мислите, ве гушкам
Ако нема бактерија, нема зошто антибиотик. Мене од +++ ми паднаа леукицитите на + од мнооогу пиење вода. Ама 2.30/3 литра. Инаку и мене матичната тогаш со ваков наод ми препиша антибиотик ама не го пиев.