Колку ти плаќаат боловање доколку си невакциниран а мораш во изолација зашто член на семејството е позитивен на корона? 100% или 70% од платата?
@RumShtangla а што ти кажаа, зошто е чекањето со пукнат водењак од вчера? Нека е со лесно, брзо да се гушкате со бебе
Какви се овие болки до кај 12 им водев ред на колку минути се.. сега неможам ни да легнам ни да седнам одма боли.. мајко моја мила, нека се раздени...
Само ако го бакнеш се зезам, претпоставувам бремена си, и не би требало директно да штети. Инаку херпес се јавува при пад на имуниот систем, мене ми се јавува сезонски од мала, најчесто х2 годишно (есен и пролет), некогаш почесто, во измините 2 год. за среќа го нема. Во бременост и постпородилно, за едно чудо не сум имала. Појачај со цинк и селен, види која е дозволена горна граница ако си трудна, консумирај боровинки, паста зинци мислам дека се викаше-контактно на херпесот (ако ја најдеш, едно време ја немаше) и задолжително во иднина и на остатокот од усните дури трае инфекцијата- убава, масна заштита на усните од променливото време (јас користам оригинално лабело, не користам кармини, сјаеви и сл.). ПС. Може не ти е прв пат, ама еве за секој случај: внимавај кога пукаат везикулите, тие како мали плускавичиња со течност да не се шири течноста по оататокот од кожата/усните, затоа што течноста има многу вирален материјал и многу веројатно е кај ќе капне да создаде нов херпес.
Може веќе си се и олеснила мила. Се' ќе се издржи за тие сонца мали, иако во тој момент мислиш се распаѓаш ама едвај чекаш да го гушнеш и бакнеш. За тоа се бориме сите, жената навистина е еден голем херој.