Кога треба да се спремам за најубавиот период во животот следува шок. Почина утрово мајка ми, јас се распаѓам. Ме боли тоа што не дочека да биде баба, да ја земе внуката во раце. Утре ќе е погребот, сопругот и свекрвата не ме пуштаат да одам...Сега кога ми е најпотребна таа реши да замине...
Леле нека и лесна земјата, можам да замислам како ти е. Господ нека ти даде сила. И да не одиш на погреб сигурно мајкати не би сакала да си таму во ваква состојба ќе си направиш многу стрес.....
Леле колку ми е жал. Без разлика на периодот кога ќе си заминат, загубата на родител е непребол. Да не ти е човек во кожата. И јас го загубив татко ми, додуша одамна и сега баш кога сме во исчекување на бебуш не можам а да не си помислам како ќе беше да беше он тука. Да беше дедо. Биди силна за бебуш, само таа мисла нека те води, мајчинската одговорност и љубов за животот што расте во тебе. Знам колку боли и дека никој не може да те утеши сега и што и да кажеме премалку е. Нека почива во мир а тебе ти ја праќам сета сила на светов.
Прими сочувство, мора да бидеш силна. Знам како е. Јас немам браќа и сестри. 6 години сум во брак 7 имам два спонтани. Токму кога го откривме проблемот, пред да останам трети пат бремена ја загубив мајка ми. Таа имаше автоимуно заболување свесна сум за тоа. Но сепак најмногу ме боли помислата што не дочека барем едно внуче, а многу сакаше да биде баба. Сега ме води само мислата дека носам друг живот и дека треба да се борам за него.
Мила прими сочуство, нема утеха за болката кога ќе изгубиме родител, за жал ја имам осетено и сеуште боли. Само што кажавме за бременоста, свекорот почина после една недела, за сопругот беше многу стресно и тажно, од една страна неговата болка од друга јас штотуку зачната бременост што ја чекавме 2 години да се случи. Со сите сили останав јака а маж ми се трудеше да не биде тажен пред мене. Остани силна за бебето, мама ќе се радува на него од небото и секогаш ќе биде ваш ангел чувар. Биди јака за неа и за бебенцето што го носиш. Те гушкам
Многу ми е жал. Прими искрено сочувство. Што и да пишам излишно ќе биде. Нема зборови што можат да те утешат. Нека почива во мир, а тебе господ сила да ти даде, мораш да собереш сила за бебушка.
Царство Небесно, биди силна заради бебето и јас мислам дека никој нема право да те спречи да се збогуваш со мајка ти иако тоа го прават со добра мисла и се грижат за тебе,сепак мислам дека треба да се збогуваш за последен пат со мајка ти. Одлуката е твоја ти си знајш како ќе постапиш,но ако тоа го сметаат за суеверие некое тогаш ич да не се секираш бидејќи нема ништо вистина во тоа. Те гушкам ❤
За кај Марија Јоксимович прашуваш така? Не ти треба никаков упат со нејзе се догавараш за прегледи. Но и можеш да си зимаш упати за денот кога ќе то биде прегледот за да не се изначекаш. Јас од 12 недела до крај ја водев бременоста кај нејзе.
Сочуство, нека почива во мир. Нема зборови што помагаат и даваат утеха, само мисла дека родителот живее преку нас и нашето потомство. Затоа биди силна и благодарна за годините што ги имаме со нашите родители, да ги славиме со зборови и дела. Во овие моменти мисли на детето, прави така како што би те советувала мајка ти
Да да, фала ти многу. А задоволна си? Јас од наредната недела ќе почнам кај нејзе. Вака ми изгледа фино
Презадоволна, само да знаеш она може да те пораѓа само во работен ден додека е на работа. Нема дежурства и не доаѓа ноќно време.
Прими сочуство. И јас додека бев бремена го изгубив татко ми, јас не го видов, само покриен го видов, не влегов само во капела. Тоа си беше моја одлука која мислев дека е најдобра за колку толку да се заштитам. Премногу е тешко но сега искрено мие потешко. Ние преблиски бевме и син ни го носи неговото име. Советувај се со гинекологот за неколку дена пиеш диазепам од 2 мг.
Во 13.35 часпт 39+2гн со царски стигна нашиот Лука, тежи 2900грама, а е долг 48cm.Ве гушкаме. Се видовме на кратко сега сум на пин, па не знам кога ќе се гушкаме. Битно сме живи и здрави, го имам најубавиот син луѓе мои
Честитки мама нека е жив и здрав Лука тебе брзо опоравување конечнонсе олесни гушкајте се сега па се читаме во подфорум бебе