Јас знам дека масажа во салон не се прави во бременост. Така ми е кажано, сепак прашајте ги тие што се занимаваат со тоа.
Може релакс масажи ми рекоа и од оние на лице. Јас не сум правела ама кога бев за егземата на рацете ми рече докторката дека смеело. Јас имав на почетокот и проблем со акни и ми рекоа дека можело и третман со незз какви киселини за да не останеле флеки од акните ама јас не се нафатив. Мене искрено од се ми фуфка, така да не си експериментирам.
Aura има во дм околу 250 денари се. Искрено да ти кажам презадоволна сум од фарбиве, дури и после бременост ќе продолжам со истиве фарби. Сега сиурно и до хормоните и витамините што ги внесувам е ама косава подобра не ми била во животов. хаха ич да не те мава депресија, денес од времево ти е сто посто. Пушти си некоја весела музика да се расположиш. За средување искрено јас редовно се депилирам (освен интима), нокти престанав да правам (сама дома ги правев) од причина што работам од дома па нема кај да ги покажам Ја фарбам косата со фарба без амонијак редовно после 12та недела. Лицето си го средувам редовно, рутина наутро и навечер, е сега нормално ќе припазиш киселини не смее ама можеш витамин ц, нијацинамид, крема. За јадењето би ти рекла јади што ти се јаде умерено. Не си болна на крај на денот трудна си. Разгледај има тема дневно мени за трудници има прееемногу идеи што се можеш да си направиш за јадење. Уживај си во бременоста. Ќе ти фали после. Мене како ближам 9ти месец се повеќе сум убедена дека ќе ми недостига овој период. Кога ќе го осетам бебуш да мрдне како сладолед се топам.
Денес бев на гинеколог, бебуш машала 1.222гр во 27ма недела, се супер, и кажав за печењето и често мокрење, па на ехо ми ги зирна бубрезите и ми рече на едниот имало некое проширување и одма на интернист ме упати. Да не имате некој добар доктор за предлог? Сеа уште поише се изнервирав, од што може бубрегот да се воспали така, аман раат не сме бре жени
Пу, пу, машала за бебуш! Само нека си расте и мојот е буци, после има бутките да им ги ручаме А тебе чиста ти беше урината? Немаше бактерија? Јас за ваква работа сум идела на уролог, не на интернист. За уролог, топла препорака за Сотир Ставридис на клиника. Ме оперираше пред 3 год, фала му на бога ми го реши проблемот.
Јас како физиотерапевт ( колку толку стручно лице ) препорачувам масажи само кај стручни лица што се запознаени со масажи за трудници Се прават после 3ти месец од бременост и се комбинација на неколку масажни техники, не е обична релакс масажа
Се смееш бе мило, само умерено. Доколку немаш строга забрана од доктор, се ти е дозволено. И шетање, и нокти, и третмани. Јас цела бременост ја прошетав и со ноктиња ( сега ќе ги вадам пред породување ) и со депилација ама дома, не во салон. Ми фуфка од короната А и за облеката, глеј удобно да ти е само. Јас цела облека од мм си ја присвоив
Јас правев 3 пати. 2 пати редовни, на вториот ми излезе некоја минимална инфекција и после правев контролен да видиме дали е се во ред. Првиот беше во 13та недела на скрининг. Вториот исто така на скрининг во 19та. Е контролниот не знам да ти кажам право, нареден пат кога отидов. 22ра недела мислам
Доколку се е регуларно се прават 2 пати. Ваљда на брисеви мислиш. Ама тоа е доколку нема никакви прпблеми како исцедок, чешање, пецкање и сл. Јас бидејќи имав многу упорна кандида до сега имам правено 3 пати, а сум 26+.
Чиста, правев уринокултура нема ништо, докторкава ми рече интернист ехо да ми направел, незнам зашто не уролог ама некако ме испаничи и неможам да чекам за термин на државно, еве за почеток кај др.Трајче Гелев интернист, во Кисела вода во вторник најдов термин да видам што ќе каже, кој да издржи 5 дена
Тоа проширување на каналите на бубрезите најчесто се јавува како последица на постојани, упорни цистити и инфекции. Не знам како стоиш ти по тоа прашање, дали имаш историја со тоа. Братучедка моја имаше таков наод, антибиотици знам и даваа, ама она имаше упорна е.коли. Ако ти е многу мисла иди си на приватно ако си во можност, ма да не се паничи, ене го вторник кај е.
Немам срцка никаква историја, еднаш имав јака прелада како дете, но немам ништо од бактерии лечено до сега во урина. Да, знаело вака да пецка еднаш во 3-4 години и со Палин и Увин одма поминувало..незнам ова сега што е, матичнава ми вика кога ќе се породиш се ќе се среди и врати на место
Женски, само да се искажам дека веќе се чувствувам збудалено Одам Систина пред 2 недели на преглед, бебето поголемо за две недели. Цела бременост бебето поголемо за една недела. Одам кај матичната сега, бебето е помало некој ден во стомачето. Килажата иста како и претходно(пред две недели мерено во Систина). Многу ми е страв да не заостане со растот, веќе скоро 33та недела сум при крај, и ова ме секира А и башка сите облеки поголеми сум му земала дека голем дечко на секој преглед... Изгледа ќе треба и некоја 50ка да купам. И да мажето сеуште си е важно и си седи со главчето горе
Килажата и со 1 кг ја утнуваат докторите. За веродостојни резултати треба да те мери еден доктор со еден апарат. И треба да расте бебето од еден до друг преглед. Ако во тој случај стагнира се превземаат мерки.
@Speechless да и кај мене бебуш на гак е со едни мерки, а кај матичнава понапред. Убаво вели @MilaSs12 треба еден доктор на истото ехо цело време да те гледа за да бидат реални мерките.
Моето каснеше 2 недели со развој на стомачето. Откако се роди помина многу прегледи и на крај заклучија од што е слабо било така. И ехо ми утнаа и тоа некој сат пред пораѓај. Ми го мереа 3200гр се роди 2520гр. А сега е буцко, понапред е во стомачето Не се стресувај, да е живо и здраво алишта никогаш доста. Еднаш облечи го, испери го и не му чини повеќе.