Извинете на грешката нова сум мене ми беше така во 27ма недела го разбудив маж со зборовите почнав да се пораѓам. На преглед одма се во ред,затворена,цервикс 46. Одговорот беше дека беба е карлично ме притиска доле и ако остане така ке болело да не се плашам. Сега сум 33 и наместена е
Нешто слично имав и јас. После 2 дена тапи глупави болки во долниот дел од стомакот отидов да ѕирнам што се дешава. Бебето наместено како балет да ќе игра, а јас ситна па си болеше малку Докторот ми кажа да не се секирам, дека ќе се изврти уште 10 пати до крај Сега за сега сме попречно наместени ама има време
Оф и мојов дечко е карлично, можда и затоа и мене знае да не заболи кичмата. Корисно инфо мама, фала!
Зависи, некогаш скроз ме боли од колк до колк а некогаш само кај крстот па повлекува на страна до колкот зависи како сум наместена во моментот.
Колку често правите ехо? Некако многу често, еднаш месечно ми закажува докторот. Не е многу?? Од пријатели надвор викаат дека 1 до 2 пати во бременоста го гледаат на ехо плус скрининг.
Секој месец одев на ехо плус скрининзи. Нема штета од ехото и добро е да се прати бременоста редовно.
Можи касно одговарам, ама советувај се со гинеколог на другарка во бременост и дозволи да се напие диазепам. Од дозволени магнезиум и Б6.
1 до 2 пати ??? Омг кое трпение , 1 месечно е таман за нормална бременост , јас би на 2 недели со моиве мисли
Хаха точно, јас бетер. Да можам секој ден по малку би го гледала Три дена после преглед сум раат и после тоа стапуваат на сила моите мисли Инаку одам 1 месечно на контроли.
Треба да има протокол, за нормални бремености 1 месечно, за ризични и повозрасни мајки и почесто. Скрининзи 3, крвна слика и уринокултура месечно. Така ја терав претходната бременост, оваа највише по трансфузиолози, обична крвна слика 2 пати некако многу вадење крв излегува така, нема кога сето тоа да се организира..
Истооо !!! Одам на преглед ми кажува матичната дека се е океј и се радувам ама после три дена настапуваат моите мисли само се проверувам во wc и си ги допирам градите дали ме болат ,денес ја осетив баш убаво па ми е убав и денот
Хаха леле ако јас ти кажам дека едвај две недели издржувам да не одам. Мислам најмногу 3 недели издржав. Ама добро јас си имам историја и од таму стравот, немам трпение ич. Како што кажаа некои членки, одам и за 3 дена веќе имам некои други мисли. Доволно ти е еднаш месечно да се следи напредокот на бременоста. Со лесно.
не сакав да пишам ...ова е убава тема, ама минатата матична ми закажуваше на месец дена (5 недели) на крај завршив со три недели мртов плод во мене... од тие паники сега иако фала богу бременоста ми е уредна и треба да идам еднаш месечно, јас си одам на 2 недели цела бременост така терам... а иначе да можам најмирна би била да одам секоја недела
Ехото нема врска со тоа што ти се случило, можеш секој ден по 10 пати да правиш, нема никакво зрачење.