Јас од почеток си одам на месец дена, некој ден плус минус. На вториот скрининг не се гледаше убаво лицето па бев 2 пати во еден месец. Еднаш вонредно во 25та недела - пак испадна 2 пати во еден месец. Сега бев во петокот, наредниот четврток пак ќе одам. Не е многу, таман си е. Не е ни штетно, а и ако се оди ретко како ќе се гледа напредокот на бебето. Нема да се следи убаво. А и при крај на бременост мислам дека почесто ќе се оди
Погрешно ја разбра. Анароз пишала дека преглед и закажувале на 5 недели што било многу долг период, не ја следела матичната редовно бременоста.
Има врска... едно е да се одстрани мртвиот плод веднаш а друго е да седи во телото еден месец. Тоа може да биде фатално и за жената да не спомнувам што може да предизвика, затоа задолжително ехо и крвна слика еднаш месечно а ако има индикации би требало и повеќе од еднаш.
на ехо може да се види застој ако има во развојот и да се превземе нешто на време... да те пратат да провериш димери и сл. второ со толку време мртов плод не дај боже може сепса можеш да добиеш ... јас немав никакви симптоми ни болки ни крварење ни ништо... како и да е да не ја уништуваме темата... во нормална бременост е најубаво 1 месечно да се прати според мене, а кај што има потреба и почесто , секако нема штета
Девојки можеби постот не е за овде но дали можеби знаете каде можам да најдам ваков прав за откривање на полот?
Девојкиможеби постот не е за овде но дали можеби знаете каде можам да најдам ваков прав за откривање на полот?
Јас идам на 3, ама едвај издржувам, незз која психа е таа да иде на 2/3 еха у цела бременост. Па има така да се мрднам и сите ококу мене да ги мрднам
Фала јас се загрижиив викам да не е многу а и јас едвај чекам да си го видам бебуш на ехо. Имам проблем со анксиозност цело време мислам на глупости. Да не е штетно ова - да не е ова - да не не треба вака - да не грешам - да не му направам нешто А за крвана слика се погоди 3 пати крв да ми зимаат за 2 месеца плус инфузија и анализа на к група ракава ми ја пробушија цела
има луѓе што не се замараат, јас имам куп другарки што така ги поминаа бременостите и уште се нервираат што им закажувале толку често прегледи... не знаат ни кај биле ни што правеле( мислам на скринизи и сл.) другарка прокрваруваше на почетокот и дадоа устрогестан се нервираше зошто морало да става цел месец... падна по скали и нејќеше да иде на доктор таква беше лабава абе ќе и кажам на нареден преглед на дојторката...кога и кажала таа лом ја направила ... среќа се си беше во ред еве ја треба деновиве да се породи ние тука на форумов сме собрани куп паничарки така да си знаете
За ова паничарки собрани, меѓу најголемите сум кога останав бремена како дознав 5 6 недела престанав да спијам на стомак да не го стискам бебето после читав сфатив дека првите три месеца можеш на глава да спиеш не можеш да го натиснеш како што мислев
Абе тоа сѐ зависи од карактерот И јас сум на пример полабава и многу работи шо ги читнав овде не знаев дека постојат ама имам многу голема доверба во матичниот и мислам дека е тоа многу важен фактор исто така. Па еве ме школска бременост си водам А не е дека не ме фатило паника ако не можам да се сетам кога последен пат ме клоцнало ама среќа па не дава многу да мислам на тоа зашо си игра фудбал внатре А за муабетот со паѓањето по скали, другарка ми сред зимо се изнализга по снег максимално, па и се јави на матичната да и каже дека паднала оваа и кажа па добро де ако не крвариш и ако немаш болки, ништо не ти е, не мора за се да паничиш..
Ако си таков карактер секогаш ќе се паничиш. Ехо, крв земање, прегледи со рака.. Па да не ми направија нешто. После раѓањето продолжува исто, леле што му е на бебето, дали диши, зошто плачи и така во круг Иста сум и јас. П.с. јас породена сум ама во бременоста многу ми значеше да добијам одговор за проблем од некоја мајка што поминала низ истото и родила, па затоа пишувам и јас
Девојки,се породив пред 1 недела природно,крварев по малку чиста црвена крв. Последните 2 дена крварењето ми е како да имам менструација,ми се зголеми и имам и парчиња ,ама сабајлево осетив како ми падна нешто на влошката кога ќе видам огромно парче како џигер. Се загрижив да не е заборавено дел од постелката,стварно не знам дали е нормално вака со парчиња.
Нормално е, се чисти матката, ќе паѓаат и парчиња. Може да се случи и недела дена да не крвариш па пак да почнеш. Затоа викаат до 40 дена дека се чистиш.
Добро утро женски. Значи вака, трета бременост ми е по ред. Пред 4 дена во 16 недела бев на контрола ми кажаа дека бебето е машко, дури и сама го видов. И јас одма се пуштив на шопинг бидејќи неможам да им одолеам на бебешките работи. Сега се мислам дали може да погрешила докторката, дали прерано прашав Секакви идеи ми доаѓаат. -Иначе пред се нека биде живо и здраво
Термин 25 октомври, договорен царски за неделава кога не знам ама веќе 3 дена по мали болки. Сега ќе го варам докторов да видам што како