хаха слатки маки 16та недела не е рано, ама зависи од докторот/eхото и сл. јас на пример одам цела бременост и во систина и кај матичната, во систина ми кажаа пол уште на прв скрининг во 12 недела нормално со резерва, од друга страна матичната во 25та уште не можеше да види пол и само ме праша дали го знаеш полот затоа што јас уште не можам да го видам исто што да кажам грешки се прават, другарка во германија и викаа женско до пораѓај, кога се породи искочи машко бебево они се розево купено па си го облакаа во розево како и да е имаш време за купување можеш да почекаш до втор скрининг, али ако ти е мерак ти си знаеш
во првата бременост ми кажаа дека е момче во 15+ некој ден и имам син во оваа бременост 16+0 дека е девојче. Сега сум 31ва недела и после тој преглед уште 3 пати ми потврдија дека е девојче. Не е рано, ама има мал милион промери каде што утнале
Не е рано, после 16 недела најубаво се гледа. Ако е женско повлечени се јајцеводите и матката во мала карлица, а на момче се забележуваат гениталиите на ехо. Така да честитки синко
Ти благодарам Се забележуваше многу јасно, само што јас сум како во шок некако не ми се верува и си правам филмови.
Јас така со третото,до последно не ми се веруваше дека е машко иако од сам почеток некако како да чувствував дека ќе биди машко,другите ми се женски Здрави и прави ,то е најбитно иако сите си имаме желба за машко или женско
Нека се живи и здрави сите И кај мене двете се женски, бидејки се навикнав со женски мислев и третото ке биде исто. Искрено од денот кога ми кажа машко многу сум збунета,шокирана, незнам како да објаснам. На 28 Октомври сум пак на контрола, се надевам ке потврдат, може ке се смирам тогаш
Кај мене на прв скрининг се виде дека е машко, Елена во Ремедика ми го правеше и беше сигурна. И јас видов дека е машко, де гледаше убаво.
За првото женско ми кажаа во 15 недела, а сега во 12 ми кажаа машко исто и на секоја следна контрола ми потенцираа еве го машко е, стварно се гледаше. Верувам дека може да се случи грешка но за машко се некако посигурни.
Какви болки имаш? Јасс имам нешто денес како виење во стомах како кога те фаќа диареа исто и вртење болки во нозете. И повеќе млечен исцедок дека цела бременост ми беше воденикав па сега е малку поинаку. И други пред крај што се или веќе имаат претходно раѓано ако може да споделат какви болки имат. Фала
Менструални болки јас имав, ако се на одреден интервал тогаш се вистинските, пример на секој 15,10,5 минути. Доколку поминат не се вистинските. Во врска со интензитетот на болките мене не ми беа многу болни ама беа редовни, исто така имав блага болка и во грбот. Исцедокот и мене ми беше прикрај пообилен, по малку на жолто удараше.
Кичма боли, и доле вагинални ама пушта да речам на секој 5_6 саати. Утре сум на цтг, и се надевам дека Бебка е спремна да се запознаеме овие 2-3 денс
Ај тука да си прашам за најсигурно ..бремена сум со близначиња 12 недела но во 7 недела имав средно обилно крварење Еве поминаа пет недели а уште вишокот од кринон кој излегува е црно кафен и тоа некои денови цел ден излегува па ќе нема пет шест дена па пак исто.Редовно одам на контроли матичниот вели се си е во ред . До 13 ќе примам после до 15 преку ден и стварно не можам да гледам веќе.Секое одење во тоалет само се бришам и проверувам. Дали е можно уште да се чистам од крварењето или не знам веќе што да мислам.
Кај Димчев. Човекот може не е толку 'слаткоречлив' ама е професионалец, сепак скрининзите ги правиме да бидеме начисто дека е се во ред а не за финоќа
Ај ќе прашам и тука за секој случај, ми треба мислење. На тестот за скриен шеќер на гладно и после 2 саати вредностите ми се ок. Ама второто боцкање, т.е после 1 саат ми е малку покачено, 10.1, а границата е 10. Матичната ми вика океј се резултатите, битно третото боцкање е под границата. Ме интересира ако има некоја со слични резултати, дали и рекле дека има скриен шеќер, ја пратиле на ендокринолог? Јас секако ќе припазам на исхрана ама се плашам да не треба повеќе од тоа, зашто гледам дека и самиве доктори имаат малце различен пристап кон ова.