Докторот треба да биде и професионалец и фин. Едното не го исклучува другото. Ако е многу јак професионалец во името на тоа треба да си ги третира пациентите без емпатија, нехумано? *не зборувам конкретно за докторов, општ ми е коментарот
Петрова. Во првата бременост бев кај Димчев, во оваа кај Петрова. Дефинитивно Петрова би ја избрала пак, нема споредба. Двајцата се професионалци и врвни др, но Петрова е многу порасположена и отворена да ти објасни и да ти одговори на прашањата што ги имаш. Дури и прегледот кај Петрова траеше мн подолго и кажува што како гледа. А и извештајот што ми го даде е предетален со опис за секој орган, се што видела со мерки и плус слики од се што гледала. Кај Димчев извештајот беше дека се е уредно и толку. Дополнително што ме нервира во систина е што никогаш не се почитува закажаното. Секогаш сум се убивала од чекање и повеќе од саат време. А во Ремедика и да требало да почекам е некое прифатливо кратко време.
Жени јас имам едно смешно прашање. До сега правев нокти во салон, ама девојчево ми одтиде у Германија на месец ипол, а кај друга не ми се иде, па си го извадив гелот сама. И сеа ноктите ми се крш нормално. Има едно лакче од Евелин шо го користев претходно за заштита на ноктите и што е стварно добро, ама сега незз дали може. Што мислите вие? За ова зборувам инаку:
Мамички ние со бебиушите сме веќе дома, се храниме на 3 часа сакав да прашам на колку часа ги пресоблекувате бебиушите.
Јас како тазе дијагностициран гестациски дијабет со 5.2 на гладно, 11.4 по 1ч и 12.6 по 2ч да ти одговорам. Бев на ендокринолог, на диета сум, мерам пред јадење и по јадење и вредностите ги држам под граници, со што ако така продолжи ќе терам без терапија веројатно. Така што со твоите вредности си ок, освен малку веројатно да припазиш на благо и тесто/ тестенини. Ако имаш можност мери една недела 1ч по оброци да видиш како се движат вредностите. Нормални по 1ч по јадење се до 7.8. Или 3 месечен да направиш, го гледаат и него ендокринолозите.
Никако никако никогаш!!!!!!!! Фрли во канта одма!!! Прво несмее одма после гел да се мачка, пече, второво најважно канцерогено е и содржи Формалдехид, не ставај ништо подобро или обичен лак, само не оваа беља на нокти, незнаеш какви проблеми знае да направи, дупка во ноктот или подигање на ноктот од месо што значи ќе закачиш габички, фрли одма слушај ме!
Дали некоја правела втор скрининг кај Васо Коруноски? Таму ми е матичната, за втор скрининг ми рече дека кај нив само Васо го прави. Како сте задоволни? Се мислам дали да закажам и на приватно кај Елена Петрова во Ремедика, но со оглед дека со првиот скрининг на приватно Афродита ме извади од памет, се мислам дали само кај матичниве да го направам па недај боже ако има нешто да одам и на приватно
Абе ја и порано го иам користено и имав чувство како да ми го копа месото под ноктот и затоа и прашав. Го неам ни купено уште, ама после твојава реакција нема ни да го купам. Фала ти Да не имаш некој друг предлог како да ги заштитам сега, ептен ми се крш?
Имаш среќа што не ти се случило ништо, природно можеш кантарион, кокосово масло, мачкање со лимон повремено и обично лакче, само гледја да нема во составот Формалдехид и се ќе биде ок, ајде и онака наскоро без нокти ќе бидеме подолго време
ај и јас да си прашам ...31 недела сум, почнуваат да ми отекуваат рацете и нозете да кревам паники или нормално е? дали на некој друг овој период му се случувало ова?
Другарка баш прееска ми збореше дека у почеток на 8ми почнала да отекува, што значи како тебе вака нешто.
Се заборава, ако е бебе број 3. јас па како сум самоуверена дека ќе ми е второ, цело време сум со став Овојпат сѐ си знам, а кога и да се замислам за нешто ми треба помош да се сетам Колку време не можев да станам после царски, колку време крварев, колку време пумпав и комбиниравме ад со мајчино, колку време бебе имаше бејби блуз во 3 сабајле.. Сѐ ми испарило, како рефрените од кокомелон Ама, ако имаш парче од постелка голема е веројатноста за брзо развивање сепса па мислам не би си пишувале вака лабаво на форум.
Јас имам закажано задутре ( не сум во Мк) ќе бидам 23+3, по препорака на гинекологот треба да не јадам ден претходно(утре) шеќери, вклучувајќи и овошје и задутре да појдам гладна. Процедурата е иста ваљда, ми кажаа ќе ми даделе благо да пијам и ќе земеле крв. Да се надеваме дека ќе биде се ок. Јас прва бременост 21ва или 22 ра недела веќе бев сигурна дека е бебето, и исто на преглед во 19 та ми кажаа дека после 20 ќе почнам да го чувствувам. И стварно така бидна.
Нехуман однос не треба да има ни шалтерски работник а камоли некој кој и се обраќа на трудница. Пријателка моја беше презадоволна од нејзиниот доктор како и се обраќал со срце и душо и стално се во ред, направени сите испитувања и скрининзи па во 30+ ја имаше најтешката одлука на свет,Господ на никој да не даде. Коментарот ми беше во тој контекст
Ич да не креваш паника, јас од 33та мислам нон стоп сум отечена и во раце и во нозе. Солено не јади многу за да не се задржуваат течности и нозете навечер додека одмараш кревај ги на повисоко перниче. Мислам нормално е 8ми месец отоци.
Јас би ти рекла да си одиш кај Елена Петрова во Ремедика. Сум била и кај двајцата на скрининг, Елена се убаво објаснува, одговара на сите прашања, додека Васо аха ова е добро, аха ова е ок...ако прашаш нешто ќе добиеш одговор со пола уста. Ама сепак на крајот одлуката е твоја.