Исто исто... Не премногу, ама отекуваат. Повеќе нозете. На рацете уште можам да си носам прстенчињата
бурмата ми беше голема, а вчера морав да ја извадам затоа што ми пулсираа прстите ... сега се осеќам како да ми фали дел од ракава
Здраво на сите. Во последно време читам многу мислења за Димчев, па затоа решив и јас да пишам, само за совет. Не сакам никој да убедувам ниту пак да настојувам да се оди кај него. Знам и дека во бременост сите сме под стрес, ама па затоа и постои форумов да споделиме мислења и искуства. Мене барем форумов и мислењата на членките многу ми помогнаа. Значи јас имам преубаво искуство со Димчев. И да не беше тој не знам како ќе бев денес. Тој беше првиот кој утврди дека моето бебе има срцева аномалија, и кој остана на тој став иако Драшко кажа дека е се во ред. Значи тврдеше дека не е во ред, ми кажа, не можам да дадам дијагноза, ама не е така како што треба да биде. Котларова пак, со убави зборови не убеди дека е се одлично, дури и де израдувавме многу, тоа стои и во извештај. Следното мислење од Ливринова беше дека не е ок, да не навлегувам… На крај во Бугарија ми кажаа што е како е и понатаму си одлучувавме ние… муабетот ми е дека и те како е важно да одиш кај специјалист и врвен доктор. И да, ич не ми е важно некој да ме насловува со срце, душо и притоа да не види тоа што треба да се види.
Никој не го оспорува знаењето на докторот. Туку односот. Тоа ни на државно смее некој да ти се испонаша, ама па на тие пари во приватно, ќе се потруди малце.
Јас само го кажав моето мислење. Не велам дека тој треба така да се однесува, како што се однесувал со некои членки. Го кажав моето мислење зашто заради односот некои трудници се одвраќаат од одење кај него, а факт е дека е еден од најдобрите, ако не и најдобар доктор во државава. Моето искуство со него е напротив позитивно.
Морам да го пофалам др. Маџунков од Струмица од поликлиника Мартини. Бев на контрола. Преубав однос, одлична апараратура, прегледот ист како и на вториот скрининг кај Димчев. Бепка одлично напредувала. Скроз одговара на неделите И лиценцето цело му го видовме 26+0 дојдовме. Не ми се верува
Може да е стручен ама на што личи да каже на пациент дека е дебела??? Во темата за приватни болници пишуваа колку лошо се однесувал со нив. Елена е пример за доктор кој не е срце душо, не е ни строга, неутрална е. Фино ке ти каже што и како е.
Јас исто имам да споделам убаво мислење за Адела Стефанија од ГАК. Ме гледаше над 20 мин сигурно, фина си беше, ме виде колку сум стегната па фати да ми прави муабет на некоја трета тема неповрзана со бебето првично. Секој чекор ми го објаснуваше што гледа и како е. Дури ме праша како ќе се вика бебето и цело време по име му се обраќаше. Значи фина, ама не лигава. Мене лигавења од такт ме вадат. А раководител на патолошка е женава, значи престручна. И јас меѓу неа и Димчев се мислев, ама изборот падна на неа. Односот е многу битен, особено ако идам приватно и платам 5/6000 за преглед. За стручноста на Димчев не се сомневам, секако.
Здраво девојки...На клексани сум уште од 20та недела. Димерите некако ги држам во нормала, од 4500 симнати на 1600, со терапија прво 0.6 наутро и 0.4 навечер, па намалена со 2 пати по 0.4. Али најмногу ме загрижува активирано парцијалното време. Ги споредувам резултатите од 26.7 на 25.7, за сега да ми е 24.3. Константно паѓа од 20та недела навака. Дали некоја се соочила со ваков проблем. Многу сум исплашена. Иначе сим 29 недела.
Во четврток сум на контрола на ГАК. Др Адела ме води, ќе видам што ќе ми каже. Инаку до сега не ме пратила на консултација со трансфузиолог
Во првите три месеци воопшто не треба да се зема, а за подоцна има исклучоци, ама сепак треба во консултација со доктор никако на своја рака, оти е еден од појаките антибиотици.
Точно. Јас на пример имам негативно искуство со Г. Петровска од Систина. Чекав за закажан преглед цел саат, поитни пациенти имаше од мене (ок, ова разбирам дека може да се случи со трудници),ни едно објаснување/извинување немаше кога влегов. Прегледот траеше 5 минути, во кои ми утврди рана бременост, хематом 5пати поголем од плодот, диктираше на сестрата која го пишуваше извештајот страшни зборови како крварење од матка, заканувачки абортус, утрогестан терапија. Јас останав подзината со раширени нозе, она си излезе.. Едвај ја погодив вратата. Со изнасолзени очи едвај го најдов мм, брзо плативме околу 2500 за прегледот и заминав со грутка во грлото дома. Автоматски ги стискав нозете наредните неколку дена и секое одење во вц ми беше кошмар да не видам крварење. За среќа, беше нејзина грешка, никаков хематом немало, потврдија 2ца други доктори, истерав учебничка бременост без капка крв и никакви мерки. Целта на долгиов муабет е дека понекогаш забораваат колку им се значајни зборовите и колку внимателно треба да ги одбираат во комуникација со пациенти-сите отишле кај нив со надеж и од мака, не затоа што многу сакаме да акаме по доктори..
Тукууу, на мајка ѝ се спие, на ќерка ѝ се мрда .. Што мака има бебево кога ќе седнам или легнам? Хоризонтално се наместило, па кога ќе легнам летаат нозе/раце, ми скока цел стомак. Плус нос ми се затнува кога лежам, нервоза ме изеде. Како ќе се спие од сеа натаму, уште едно тримесечје?
Нема мака мајка, сензор има. Се вклучува кога ќе седнеме/легнеме. Така си зборам јас од кога има промрдано моето Цела бременост ми е хоризонтално наместена, бранови ми се дешаваат низ стомак Ај за спиење ќе сврзам некој саат сон ама веќе не се ни долежува, ни доседува. Мислам дека нема нешто шо не ме заболува после 15мин у некоја положба.