I jas mislam sto mi ja nudea vo prodavnici deka e za doenje podobro sto ne ja zedov ke si kupam vakva fala vi.
Јас купив перница 3 во 1, и за спиење, и за доење, и после се прави гнездо за бебе. И доста големо гнездо се прави, не е од оние само за 2 месеци шо се. А и средишниот дел кај шо треба бебе да лежи, е со патент со перницата, и шо е најдобро е од мемори пена
Здраво идни мамички Има ли некоја од вас што била вакцинирана против Ковид а сега е бремена? Сестра ми планира бременост но прво сака да се вакцинира како превентива, па сака да знае после колку време е безбедно да се забремени? Поздрав и наспите се, после со бебче ќе имате многу мигови во гушкање а малку за спиење
Јас сум вакцинирана со Фајзер, околу 2 месеци пред да забременам. Верувам дека имунитетот ми е појак и дека сум позаштитена. Никој не можеше да даде совет после колку време е безбедно да се забремени, паметам само докторите дека советуваа прво тромесечје трудници да не се вакцинираат. Сега за сега не чувствувам разлика, искрено се надевам дека се ќе биде во ред.
Мешиња, некој да ми каже дали има краен термин за coombs-ov тест? На трансфузиологија имаат термин дури наредниот петок, да не е касно тогаш? (Веќе 33та недела ќе бидам) Иначе мојата принцеза веројатно порано од планираното ќе излегува. Овде на ГАК ќе ја водат 2 недели поголема за разлика од матичниот гинеколог. Различни апарати, различни мерки. Се наместила со главчето надоле, јас па чуди се што има на долниот дел од стомакот. За 1 недела си се извртела
ме интересира дали имаат врска мерките на бебето (поголемо/помало) со крајниот термин? приметувам дека по менструација имам на еден термин што ми го пишува, а по мерки друг баш маж ми гледаше и вика сеа 8 ми или 15 ти ти е термин
Ич не знам да ти кажам. И јас сум со 2 термини очигледно Да стигнам до таа "safe zone" и кога сака нека излегува да ти кажам право
Мене цела бременост и на ГАК и приватно ми го водеа бебето за 2 недели поголемо, а со тоа и терминот се поместуваше. Се породив во 39 г.н. и бебето се роди 3кг. Така да , водете си се по терминот од менструација. Иначе во 28 г.н се сврте со главчето надоле и така си остана до крај.
Мене матичниот ми кажа после три месеци од примена втора доза да планирам. Исто и на моја другарка која се вакцинираше во Србија истото и го кажале, после три месеци.
Јас се вакцинирав прва доза во 4та недела, не знаев дека сум бремена. Втора не примав, бидејќи ниеден диоктор не ми даде конкретен одговор дали да примам или не и се решив после пораѓај да се вакцинирам. Инаку бременоста до сега ми е во ред, се надевам така и ќе остане.
Сите имаме по два термини така гледано . Која е веројатноста мерките според циклус и според ехо да се идентични. Сепак е тоа само машина нахранета со софтвер Син ми цело време беше поголем одприлика една недела од мерките според циклус, се породив во 39+0. Последен термин според циклус се гледа, бебето може да тежи од 2 до 4 кг и пак да си е живо здраво и витално
Мх, не се ни потресувам за тоа. Си мрдка, си тепка, си уживка значи се е океј Сите доктори на сите прегледи ги истепа до сега, изгледа ич нема да сака доктори
Дали е нормално ништо да не осеќате од бременоста во второ тримесечие? Од денес сум 18та недела, одвен во неделата што мислам дека го осетив иако не сум сигурна дали беше бебето, немам никакви симптоми на бременост Ниту гради ме болат, ни киселини, ни стомакот надуван како што ми беше, значи ништо. На преглед бев пред 1ипол недел се беше во ред, а нареден ми е дури на 25ти. Се плашам дали е се во ред оти не чувствувам ништо. Дали е нормално или да одам порано на преглед? Последниот преглед папочната и беше на вратот позади, ми се врти во глава да не се задавиако е можно воопшто нешто такво
абе немој да мислиш такви работии )) уживај чим немаш маки кај и да е ќе почнеш да ја осеќаш и ќе бидеш помирна, а сигурно и ќе ти почнат некои маки, кичма и сл. уживај дур можеш
Здраво мамички , јас сум 17+4 и мојава кукличка ја осеќам навечер кога ќе си легнам и кога ќе станам неколку пати ама повеќе навечер и тоа убаво мрдка .. дали е нормално тоа за неделите кои што сум пошто не очекував да ја осеќам до 19та;20та недела ? Секако сум пресреќна што мрдка
Јас 16+4 бев на преглед и докторката ми рече кај и да е треба веќе да ја осеќам, така да значи нормално е. Иако јас не ја осеќам, освен еднаш што можеби не ни беше бебето ама беше многу нежно и убаво чувство