Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Matea94

    Matea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    455
    Претходно сум немала никакви проблеми воопшто со абдомен. Имам посетено гастро и 2ца интернисти сите истото :shake:
     
  2. ≈ Moyocoyotzin

    ≈ Moyocoyotzin Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.178
    Пол:
    Женски
    Истото го чувствував на почетокот на бременоста додека повраќав многу, се испостави дека сум дехидрирана и прегладнета и завршив во болница на инфузии и инекции. Побарај да испиташ кетони во урина, тоа се отпадни материи,да видиш дали доволно храна и вода внесуваш или телото почнало да ги троши резервите па ради тоа да имаш болки во стомакот. Сериозно е ова обрати се на лекар, дехидрираноста може да наштети и на плодот.
     
    На Matea94 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Јас малце ќе улетам тука извини да те распрашам, што доколку имам кетони? Кај мене се со два плуса :worried:
    Како си ги средила?
    А внесувам барем 2-3 литри вода на ден, само на диета сум поради гестациски :worried:
     
  4. ≈ Moyocoyotzin

    ≈ Moyocoyotzin Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.178
    Пол:
    Женски
    Не внесуваш доволно хранливи материи во организмот, не е само водата проблем туку и храната. Пробај да јадеш повеќе протеини. Во Македонија воопшто не се замараат со овој проблем, меѓутоа и те како може да е штетно по бебето за развој на мозочните ќелии а може и да влијае и на интелигенцијата на бебето.
     
    На Matea94 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    8.953
    Жени, помош, правев уринокултура.

    На резултатот стои "уринокултурата е стерилна после 24часа инкубација".

    Тоа значи дека нема бактерија и се' е во ред?
     
  6. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    Така е, во ред е урината нема бактерија.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Дениција21

    Дениција21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам оваа форма и дум презадоволна.

    [​IMG][/QUOTE]



    Од каде ја нарачавте и која е цената?
     
    На Anaksunamoon, Nbnbnb и S.o.F.i им се допаѓа ова.
  8. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    3.816
    Пол:
    Женски
    Те молам не дозволувај да те плашат со коментарите заради нивна недоволна информираност.
    Нормално дека имаш кетони заради режимот на исхрана, бидејќи не внесуваш шеќери. Телото ти е во состојба на кетоза. Тоа не е ништо страшно.
    Во случај на диета без никаков вид шеќер, телото веќе нема гликоза за производство на енергија, а кетозата се јавува кога нашиот црн дроб метаболизира масни киселини (согорува маснотии) во отсуство на шеќер, претворајќи ги молекулите во кетони. Овие кетони се ослободуваат во крвта и затоа телото ги користи за да се обезбеди оптимално ниво на енергија.
    Нашите тела се многу паметни и брзо ќе се научат на новата метаболитичка состојба, односно дека не им требаат шеќери и јаглехидраити, па затоа согоруваат кетони.
    Затоа и ги имаш.
    Се надевам помогнав да ти се разјасни прашањето. :)
     
    Последна измена: 15 октомври 2021
    На TanyaClover, Anaksunamoon, tina2018 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Дениција21

    Дениција21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Дали некоја има користено вагиналети Гино-дактарин во бременост? Јас ги имам користено порано и многу ми биле ефикасни за кандида, но во во упатството пишува дека не се препорачуваат во прво тримесечје, бидејќи содржат мало количество на миконазол, матичниот препорачува само пробиотик, немал искуство со овие, јас сум трето и не знам дали да ги користам.
     
  10. Мишел*

    Мишел* Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    пробај со супа, ем лесно за стомак, ем полно.. третирај го како стомачен вирус и само такви јадења најлесно се поднесуваат. јас се препородив со супите :)
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Софи штом ти кажала докторката дека е во ред, слушај ја.
    Моето каснеше 2 недели. Прво таман беше, после почна да касни.
    Како во стомакот, така и надвор од него, не се сите бебиња исти. Моето откако се роди ми кажаа дека каснело оти било многу слабо.
    И јас сум крупна,нема врска тоа.
    Штом е живо здраво, си додава во килажа нема простор за паника :hug:
     
    На tina2018, S.o.F.i, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ≈ Moyocoyotzin

    ≈ Moyocoyotzin Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.178
    Пол:
    Женски
    Кажувам што ми е кажано во болница, за тоа и лежев неколку дена додека не ми се среди овој проблем, башка еден куп инекции во кук и стомак изнапримав ради тоа и плус инфузии. Откако го срефија проблемот со кетоните ме гледаа на ехо за да проверст дали е се бо ред со бебето.
    Не сакам да плашам никого тука и овие информации не ги истресов од рака.
    Друго, членката има шеќер па можеби за нејзината состојба е нормално да има кетони заради режимот на исхрана, меѓутоа не е нормално бременост каде се е во ред да имс присуство на кетони во урината и на тоа треба да се обрне внимание.
    Јас уште сум под контрола на матичен лекар и секоја недела носам урина за да проверат дека се е во ред.
     
    На Anaksunamoon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cipiripi

    cipiripi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    524
    Женички сакав да ве прашам по колку кесички од магнезиум директ на алкалоид користите дневно
     
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.921
    Допаѓања:
    18.810
    Пол:
    Женски
    Во нормални околности по една ама во трет триместар многу жени внесуваат повеќе магнезиум по совет на доктор. Прашај колку смееш.
     
    На cipiripi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    3.816
    Пол:
    Женски
    Јас најчесто по еден, а некад ако имам многу грчеви во нозете може и 2. Обично дозата што најмногу ми одговара е едно апче од 250мг преку ден и една ќесичка од 400мг навечер пред спиење. Многу членки пишуваа дека и по 2 ќесички пијат дневно, зависи од потребите. Сакам да ти кажам нишо нема да ти биде на тебе/бебуш ако се напиеш повеќе е од 1, сепак е витамин.
     
    Последна измена: 15 октомври 2021
    На cipiripi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    3.816
    Пол:
    Женски
    Жалам за тоа што ти се случило и се надевам сега си добро.
    Членката кажа убаво дека е на режим на исхрана заради гестациски шеќер,што значи скроз друг случај, многу поинаков од вашиот. Знам дека е добронамерен советот, ама треба да се обрне внимание на причината за појава на кетони, пред да се расфрламе со дијагонзи и страшни сценарија што се може да биде.
    Сепак и докторите во Мкд знаат по нешто, нема сигурно да ја остават со толку ризична состојба да си се шета нетретирана. :)
     
  17. Herrra

    Herrra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски


    Од каде ја нарачавте и која е цената?[/QUOTE]

    Не сум во Македонија , ја нарачав од Амазон. Ама слична форма е и перницата што ја има поставено членката погоре со линк од македонски сајт, сигурно и таа е исто добра.
     
    На Дениција21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам женски, добро е да се слушнат секакви мислења, но како и ми прогресира бременоста се некои лоши мисли ми надоаѓаат.

    Еве исто и јас за недела ќе правам пак проверка на урина, според докторката сум се изгладнувала, иако се исхранував по самата диета за гестациски.
    Но очигледно за трудници ( посебно како мене во трето тромесечие ) треба да се зголеми внес на повеќе оброци...

    Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред..(fingers)иако од се ми е страв и кревам паника одма...
     
    На tina2018, matilda258 и bybeDkid им се допаѓа ова.
  19. Дениција21

    Дениција21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Не сум во Македонија , ја нарачав од Амазон. Ама слична форма е и перницата што ја има поставено членката погоре со линк од македонски сајт, сигурно и таа е исто добра.[/QUOTE]

    Формата е таа, ама се гледа дека има разлика во полнењето и материјалот, затоа ја барав оваа, ама сепак не би нарачувала и чекала перница од Амазон :) Ќе се снајдеме со тоа што е тука, не е толку клучна :) Фла за информација.
     
    На Herrra му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ≈ Moyocoyotzin

    ≈ Moyocoyotzin Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.178
    Пол:
    Женски
    Ти посакувам лесна бременост до крај :*
     
    На Speechless му/ѝ се допаѓа ова.