Преубави значи, немам зборови. Бебуш има да се шета со ова и да си нана како бебече баш! Со здравје да си се служите!
Исто! Како навиена идам во тоалет веќе знам точно колку е времето кога ќе станам.. А за вртење од една на друга страна ми е ноќна мора, само што ќе се наместам или киселини, или грч, или нешто ме боли. Башка што се сецкам бидејќи и на грб заспивам од што ме боли грбот, ама си научив финта од сега трудничкава перница до грб и на неа се превртувам
Ооо ете сум. Можеби 5 пати навечер станувам за во тоалет плус по млеко за киселини. 35+6 сум инаку. Вака ми е последниов месец. Болки немам но додека се завртамнод една страна на друга тоа маневри мислиш кола паркирам хахаха. А за грчеви јас на листовите на нозете имам исклучиво навечер. И да муабетот е тоа спиј сега после нема да можеш, а јас сега не можам 2 часа да влезам сон. @Anaroz1 со здравје да се служите мами, долги прошетки со количката и слатки сништа во креветчето.
Леле сите сме со исти симптоми, препони страшно ме болат, мене почнаа уште пред месец ипол и саѓп магнезиум малку ми помага да се опушти болката, за одење во вц иста сум, навечер на 2 саати идам и дур станам и легнам цела процедура е, ама вака барем си се тешиме дека е се ова нормално и фека скоро сите тука сме со исти симптоми. И јас веќе купив количка, креветче, душек, оградичка, коритце со пресоблекувална, алиштенца си купив а нешто и ми дадоа за по дома од другарки алишта да имаме за бљуцкање хахах, останува бебешки детергент и ситни ствари ама за нив не ми се брза, возбудата веќе ми е на високо ниво и ме фаќа паникаааа и страв од породувањето
Верувај кога ќе купиш нешто, потоа неможеш да се запреш. Ме знаете мене што човек сум. Исто така неможам да се опуштам и ајде нарачавме количка, па следуваше креветче, алишта дел јас си нарачав други сестра ми од Америка ми прати цел пакет од мерак бидејќи неможе да дојде. Остануваат уште работи, ама ме фаќа и мене еуфорија. Во врска со мрдањето скроз долу исто нели прашував само таму си мрдаше, еве некако овие недели го осеќам насекаде. Ама пак долу е најактивно, а и наместено е со главчето надолу. Не се секирај.
Јас дури и исправ и испеглав хаха. Кога ги купив алиштата не можев да се воздржам. Креветчето е наместено, чекам фиокарот да ни го донесат за да наместам алиштата. Неделава здравје пошто утре влегувам 36та недела сакам да наместам за во болница облека за бебуш и за мене и ранчето да спремам. Лелеее жени кога помина времево како вчера да беше кога дознав дека сум бремена. Него прашање количката ја перевте? Не знам дали да ја перам или не...
Коритце со пресоблекувална го гледав и јас и такво сакам. Се надевам дека ќе е практично. Јас од толку други мисли воопшто не мислам на породувањето. Изгледа како ќе наближи времето тогаш ќе почнам да фуфкам. Изгледа само јас сум различна од вас. Во почетокот на бременоста станував ноќе за до вц, сега не. Ретко некогаш да станам да мочкам, а се приметив и дека си го трпам. Ама затоа само се вртам лево-десно и да тоа е процедура Туку да прашам, вас ве болат градите? Зголемени ви се ? Мене ништо, дури ми е чудно хаха.
Има зошто сите викаат наспијте се сега дур можете. Исто и јас не разбирав за првото кога ми велеа, но сега се ми е јасно. Колку и да е мачно спиењето во трето тромесечие, со тоа станување до вц милион пати, сепак не ти плаче бебето, не нишкаш во никое време, и не пресоблекуваш. Верувајте нема споредба. 30 + сум со истите болки и маки како сите вас. Кога ме удира бебе во бешика осеќам и пецкање, имала некоја друга така?
Aaa ти си при крај мила, јас 28ма недела сум затоа не перам сеуште хехех, количката само деловите што се вадат ги исправ а костурот само со малку сјај и вода и на сонце 2,3 дена ја оставив, во декември уште еднаш може малку да ја пројдам
Гради не ме болат одамна, ми потемнеа ареолите па влера пигментација на кожата видов и околу ареолата, како прљаво е, чудна работа, мислиш сум се исончала така да тоа ми е ново, а големина не баш, може малку да се зголемија а јас очекував цицларка да станам хахаха
На колку степени переше 40° или на рачно? Мене и во описот на количката ми пишува дека може во машина да се пере ама не пишува на колку. Се мислев внатрешниот дел од корпата да го исперам без јогата, тој делот како оградница што е.
фалаа )) поубави да си купите фала тии иначе и мене ме интересираше истото за количката дали да се пере и како иначе и мене фаќа се исто како вас и возбуда и еуфорија и страв од пораѓај и сакам се да изнакупам сите сме си исти а градите мене ми се отечени и ме болат и потемнети и се
Да ви кажам тешко сопругот, фитилот ми е мн краток, лесно се лутам, избувнувам ама тоа ми е од што ме фаќа паника од се. Од пораѓај како ќе биде, после тоа што како... Само се пребројувам нешто да не сме заборавиле, а и да е така има време ќе се докупи не е смак света ама ај хахаха. Хормони Градите и мене ми се потемнети ареолите дури и зголемени и плус колострум имам. Се надевам нормлано е. Почнав додека се туширам да ги масирам по малку. Ти до каде си? Која недела?
Исто и мене ми стана кожата таква дека сум бела скрос и ептен ко ти излегува бојата од сончање. Инаку имам доста големи гради и очекував да се зголемат ама не. А сега веќе на крај почнаа повторно да ме болат ко на почетокот.
јас обично по природа сум невротична.. ама сеа цела бременост освен стравови, за чудо сум многу смирена сите ми викаат дека сум многу сменета, ама па и никогаш не сум била волку среќна околу купувањето полека си правам списоци си гледам, сакам се да изнакупам ама се контролирам само за неопходното пошо неам многу идеја со бројчињава колкаво ќе се роди бебче и што ми треба некако немам појма, читам само иначе 31+3 сум имам време уште јас може кога ќе стигнам како тебе да влагам во 9 ти ќе ме фати паниката исто и мене ми стана таква кожата. и исто како што ме болеа на почеток на бременост сега почнаа пак само што јас немав големи гради предходно, сега ми се огромни
На 40 исправ, ги ставив сите во мрежичка за да не се скине некое и без центрифуга, уште имаше сонце па брзо се исушија, стави се што се вади и испери
Кај мене помина тој период кога го полудував маж ми. Сега нема да се разведуваме хахаха Додуша онака се си беше мирно, освен тие неколку недели каде што не можев сама да се поднесам, а не па некој друг Во врска со купувањето, ние имаме скоро се. Ама тоа од причина што имам и други бааги обврски па да завршам ова на време и да се посветам на другото и ќе дое време за породување додека средам се А и не можам по ладново да се шеткам по продавници. И онака мразев ладно, ветар, дожд сега па ептен.
Мамички вие што сте тука некаде со мене во неделите, имате ли менструални болки? Некако неможам баш да ги препознаам, ама повремено имам. Онојден пред преглед од сабајлето имав почесто кога и да мрднам. Ја прашав Петрова, ми рече ќе видиме ако цервиксот е добар немаш гајле само можат онака да те нервираат. Ми мереше и за 17 дена од 3.45 се намалил на 3cm, ама вели супер е немаш гајле. Некако многу бргу нели е намалено ?
Бебка наместена карлично, нема абер за природно. Како почнуваат контракциите? И како да распознаам кои се лажни? Денес пешачев инаку сум 37н и имам како менструални болки. Докторот што би ме пораѓал ми рече да се видиме за 10 дена.