Ние сме блиску, менструални болки немам. А други секакви да Ноќеска пример се разбудив во 3 и презаспав во 5 ме болеа колковите толку многу како рѓосани штрафови да имам внатре. И грбот исто никако не успеав да се наместам. Исто често знам невнимателно нагло да станам и да ме пресече страшно кај стомакот, ама тоа е мускулна болка нема врска со бебето
Во првата бременост воопшто не ми се појави. Сега сум 31+ недела и сеуште ништо. Мислам дека повторно нема да се појави.
Стварно? Јас баш и не Јас чекам да се породам и да се вратам во нормаала, да си купам некои нови фраерски ствари за облекување.
Хахаха абе какви стрии подмладени ќе бидеме после бременостиве. Не знам за тебе ама јас се одјавувам од бремености после оваа . Две деца ми се таман Инаку единственото што го чекам од бременоста е да си ја запознаам куклата
Незнам со сигурност точно кога, ама така нешо 19-20 недела и како растам така и линијата, прво под папокот само беше а сега пред 2 недели и ад папокот до меѓу гради ми дојде, 28 недела сум
исто и јад ум 35+5 по сто пати се мочам и после ме сечи стомак ко мечка одам имам грчеви на нозе и раката ми се здрвува уште малце со лесно на сите мајки.
Јас во првата бременост имав од 15 16 недела, сега воопшто нема ни знак дека ќе се појави. Еве не сум знаела дека некои трудници воопшто ја немаат цртата.
Здраво девојки, сакам да ве прашам ...прва бременост ми е, во 16 недела, стартно за да знаеме со колку должина ќе почнам , матичниот гениколог во мојот град ми измери цервикс 4.8 cm. Денес после две недели 18 недела бев на редовна контрола во Битола и таму ми измерија 3.2cm . А претходните 3-4 денови имав болки така во долниот дел од стомакот. Докторката не изреагира дека нешто има проблем со цервиксот само ми рече утрогестан 2 по 1 и магнезиум и да си одмарам. Ме интересира ако одмарам дали тоа значи дека нема да ми се крати толку брзо или ќе застане на 3.2 и дали 3.2 за 18 недела е кратко. Поздрааав
Здраво женички сакам да прашам пијам витамин ц од 1000 мг пијам витамини фемибион 2 магнезиум со калциум сакам да прашам устата премногу ми е сува ја мачкам со лабело најобично и масло од бадем не помага исто така и на прстите како излупена кожа изиритирана ми е ме чеша мачкам со бетасалик ќе помине меѓутоа пак ќе се појави по 3 4 дена земав сјај за бебиња што е пак ништо. Сакам да прашам да не е од витамините дали да ги прекинам или од витамин ц то? Пробав и со пре мама исто ми се случуваше
Мамички што се припремате за бебуш, алиштенцата во машина ги перете? И дали до 40 ќе перете во машина? Купив виолета течен но не планирам да користам омекнувач.