Да во машина со двојно плакнење на 40 степени. Користев бекутан 2 во 1 течен детергент со омекнувач. И плус ги испеглав сите алишта.
Да си испиташ. Јас така сува испукана уста, мислев од мн низок хемоглобин дека е, на крај излезе дека имам скриен шеќер. Откога пазам на исхрана и го држав под контрола немам сува и испукана уста. А за витамини пијам се одделно ем во најголеми дози. Скриеш шеќер се испитува од 24гн, но некои и претходно иапитуваат, со индикации.
мене ми се појави ...последниве 2-3 недели приметив дека ја имам 31+ сум , значи негле 28-29та и јас.. и јасс едвај чекаам
Изреагирала со тоа што ти рекла да одмараш повеќе и да ставаш утрогестан и да пиеш магнезиум. Ова ти е стандардна и превентивна терапија за скратен цервикс, бидејќи кај тебе се крати очигледно. Како што читав повеќето членки со ваков проблем со лежење и прогестеронска терапија стигнаа до безбедни недели, така што одмарај повеќе, не пешачи, не кревај тешко, избегнувај физичка активност и гледај најголем дел од денот да лежиш. А како ќе реагира цервиксот никоја од нас не може да знае, ќе си идеш на 2 недели на контроли да го следат. Со лесно мајка!
Почнав да порачувам бебешки работи, и се изненадив колку сѐ сум заборавила од пред 5 години.. Шпихозни, па тенки или дебели? Повивање? Ќебенца? Значи потенки шпихозни? Или потенки ќебенца за повивање? Глава ме фркна од сабајле, разочарана сум како ништо не се сеќавам од првото дете.. Вие ќе ги повивате ли вашите бебиња? Има ли нови препораки?
Која недела си? Јас 27. Вчера прв пат се охрабрив да купам едни тенки шпикозни. Мене ми е прво дете и целата сум изгубена па гнезда...па какво? Па колички...хаос
Околу мене, мајка, свекрва, золва, колешки, другари сите изнакупија ствари за нашево дете, јас 28+ одвај вчера купив заштита за душеже. направив списоци и здравје по 1 месец се ќе изнакупам.
Јас имам земено потенки бодиња, малку подебелки шпикозни и едно потенко, едно подебело ќебенце. Повеќе му се тресам за излегувањето од болница, дома друго ќе е секако. Имам земено и за повивање пелени, ќе видиме дали ќе се користат
што планираш за излагање од болница? јас бендисав еден сет од картерс боди по долги и доле хеланчиња, чорапчиња и капче планирам секако. ама се мислам дали ќе биде тоа доволно со ќебенце одозгора или ќе треба и шпикозни??? не ми е јасно со оглед на фактот што очекувам да биде ладно тогаш... ако веќе мора да ја извадам со боди одоздола и горе шпикозни да барам посвечени шпикозни тогаш
Ова за повивање на бебето баш и не сум. По новите ортопедски препораки, не и баш нови, е да не се повива бебето, зашто порано заради повивање чест проблем кога ќе станат возрасни има се јавувал проблем со куковите. Така да сега бебињата се оставааат неповиени, на многу малку места сум видела повиени бебиња. Исто и за широкото повивање меѓу нозете, ептен ако има потреба, инаку и тоа е без потребно на бебето да му ставаш по 2 пелени ако нема никаков проблем. Моето дете не повиено ниту е носело широк повој меѓу нозе, живо и здраво, нозе има прави стапчиња.
и јас сум таква... само читам и пак не ми е јасно, ни бројчиња ни ништо ... барем количка , креветче тоа купив со облеката се мачам...среќа форумов што постои иначе немаше ништо да знам
Значи чим јас најголемиот коркач се охрабрив, можеш и ти! Секако ништо не е во наши раце, и што и да треба да се случи - ќе се случи. Јас пред една недела кога ги купив првите шпихозни дента нешо бебушов слабо ми мрдаше. И јас одма филмовите - Ете јас се залетав, сеа бебево не мрда, којзнае што му е, па што ми требаше да купувам пред време и сл глупости нели. Ама ко ќе размислиш па со тоа што се стегаме привлекуваме лоша енергија околу нас и мислам дека е крајно време да престанеме се од позиција на страв на гледаме и да почнеме да создаваме (полека секако) убава енергија за доаѓањето на нашите бебуши. Ипак 70% од бременоста си ја поминавме во грч
Боди на долги, шпикозни малку подебелки од бодито на долги, волнено капче и чорапчиња и дебелко ќебенце озгоре. А и за тоа не му ја мисли многу, од болница во кола ќе влезете нема да седите надвор
да да, затоа се мислев дали мора и шпикозни горе пошо мене ми се свиѓа вака сетов само, ама изгледа ќе мора... од кај да знам , не знам ништо паника ме има фатено
Мој совет е да си купувате се што ви душа сака и кога ви душа сака. Јас креветче и шкафче купив во 25та недела. Работите што можам да ги користам од роднините се сите кај нас дома. Алишта за почеток веќе се имам обезбедено. Останаа ситниците од неопходни работи и онака од ќеф ако ми се сака нешто Иначе првото нешто го купив денот кога дознав дека сум трудна и ни на крај памет не ми паднало дека не треба да купувам поради Х причини А и мм полн ќеф си ја чека принцезата па немам ни душа да му кажам да не купи нешто
Па би требало да излезат и подебели сетчиња сега. Јас пред недела дена шетав по продавници, од подебелки работи само скафандерчиња видов. Вака за дебелки сетови изгледа е рано уште.
Мислев на тоа swaddling, замоткување на бебето во текот на првиот месец за спиење кое демек има повеќе бенефити (не се буди и плаши бебето од рефлексите, превенција од СИДС, антиколик, топлина дека не се препорачува ќебиња и јоргани на новороденче..). Син ми знам беше бејби бурито, со едни меки ќебенца, како што беше во болница продолживме и дома, и полесно беше и за држење првите денови дека мал сега не знам како да се спремам. Инаку, пелена меѓу нозе дефинитивно е НЕ, тоа го памтам