имаат нова роба во картест есен/зима донесено неделава ги чекав јас и одма се пуштив ама некако за машки има поише избор, ова ми остана во глава
Па и јас мислев на тоа, со таа намера ми се пелените. Убаво нанале така демек цврсто Ама не секое бебче го сака тоа, на другарка ми за жива глава не заспиваше така
Да за sweddling зборам дека не е препорачано, за будење секако дека бебето се буди кога е гладно, колики сите ги имаат, за СИДС не се става да спие на стомак, така да секој си одлучува за своето дете нели. Јас ссмо ги кажувам препораките на ортопедите кои се базираат на многубројни истражувања. Во болниците што се државни ги повиваат така им е полесно, кога ги носат по неколку страв да те фати да гледаш, во една рака по две бебиња, инаку приватните не практикуваат веќе побивање туку у пижамки ги облекуваат.
Јас си купувам 3пати по 10, ги прикачувам сите документи заедно и ги доставувам. Не ми прават проблем. Многу пари се наеднаш, плус не ми е ферски кон други мами да собирам клексани по дома, некоја друга да се мачи и да бара ако ѝ треба..
Мешиња , денес сум 18 недели имам слаби менструални болки во целиот долен дел повеќе ги осеќам од страна и зголемен бел исцедок мешан со воденикаст , цело време сум како попмочана во гаќите .. исто и болките ме загрижуваат пошто се пропратени со исцедокот .. има простор за паника или не?
Инаку ве читам за ќебињата, повивање, вреќи за спиење. Мојот боже сачувај да беше завиткан како бурито. Не трпеше ништо да му го нарушува приватниот простор на движење Стануваше нервозен инстантно. До душа и август е роден ама ни тенко ќебе, ништо што му го нарушуваше просторот не трпеше ич. Го заспивав откриен и после скришно го покривав и одма буткаше се' со ноџињата. Еве го 4 години направи уште откриен спие борба е. Вреќа никако, имав 2 и тенка и дебела, дур не го извадев нема спиење . Друго, за алиштата, скоро сите шпикозни што му ги купив останаа неизносени а некои не беа ни еднаш облечени. Не беше многу долг 50 см си се роди ама граден е како маж ми имаат подолго торзо и ако му беа точни шпикозните во нозете, кај вратот цел истегнат гол до градите, ако земев поголеми во торзото точни во нозете плива Постојано беше облечен во боди и сет горен долен дел од проста причина што му одговараше најмногу на конструкцијата. Зборот ми е дека пред да се родат ние може да си имаме многу замисли како треба и што е најдобро, ама кога ќе си дојде човекот на свет (читај шефот/шефицата) сите наши замисли може да паднат во вода
Те од вакви мисли не сум уште купувала, дали 50 или 56 повеќе, дали шпикозни или дводелни повеќе. Не можам да одлучам никако, а сум човек што секогаш за се сечел од прва.
И такви и такви ќе земеш. Ја земам и 50ки и 56ки и 62ки дури. Дводелни иам 2 пара и 3 пара целосни, па после ќе видиме шо ќе се покаже како правилен избор
Женски како да се справам со ненормалниот апетит? Ова колку јас јадам не е нормално ни за во 9-ти месец, не па за во 4-ти. Среќа што не сум скоро воопшто поправена но вака ако продолжам тешко мене.. да ви пишам што се имам изедено денес, нема да верувате, тоа е мени за два-три дена за нормални персони хелп
Еве јас сум 4-ти на средина и поправена сум само 1 кило, на крвната слика глукозата како ти беше? Пред да испиташ гестациски? И има ли некои симптоми?