На крвна слика на гладно 5.2/5.3, тромесечен 5.3, без индикации во однос на големина на бебе, ниту зголемена плодова вода. Се се сведе на рутински преглед и тоа што татко ми пред 5г разви тип 2 дијабет. Немав никакви аимптоми освен сува и иапукана уста што ја поврзував со низок хемоглобин. Но не сакам да те плашам, ќњ си иапиташ рутински по 24гн.
Мене на крвна слика глукозата не ми е повеќе од 4.8 или 4.9. Иначе сум слабичка. Мене ме чуди што негде до кај 13 недела воопшто нежав апетит, ова е сега последниве 2/3 недели, и не секој ден ама знае така преку ден два.. може па е само период.
Мене ми рекоа 10тина, ама еве може поискусните мами да ме поправат. Една другарка ми прати цел еден огрооомен список шо све ќе ми треба и искрено помрачина ме фати Сигурно нема све од тоа да купам, а и ја не сум почнала уште ништо особено да купувам, и глеам и бабиве нешо фатиле да купуваат, па ќе имаме секако одвишок. Мене не ми е само јасно бидејќи ние зимски бебиња ќе имаме во што да ги вадиме од болница. Некако за по шпихозни и ќебенце преладно ќе биде, а од друга страна незз што стварно.. Нема толку мали јакни, оние пликоана што ги зборат исто не ми делуваат нешто посебно дебели и стварно незз..рано е уште да, ама ја дека сум летно дете па зимурлива сум многу и одма ми иде паметот да не смрзне
Нема врска таа глукоза со гестациски шеќер. Мене на обичната крвна слика глукозата ми беше 4 точно, а гестацискиот високо граничен. Незз која недела си, гестациски од 24-28 се проверува. Ако има индикации може и порано. И јас и речиси сите трудници имаме зголемен апетит ама внимавај со внес на шеќери и јаглехидрати.
Може некој да ми одговори на прашањето пошто ќе цркнам ! Мешиња , денес сум 18 недели имам слаби менструални болки во целиот долен дел повеќе ги осеќам од страна и зголемен бел исцедок мешан со воденикаст , цело време сум како попмочана во гаќите .. исто и болките ме загрижуваат пошто се пропратени со исцедокот .. има простор за паника или не?
16-та недела сум. Воопшто не помислив јас на гестациски. Ми беше страв да не почнам само нагло да се дебелеам Внимавам да, и не ми се јаде до толку благо а сокови и не пијам. Повеќе на солено ме влече, е сега јадам и тесто, тестенини.. ама гледам да не претерувам. Леб не јадам воопшто. Сега ме замисли ова со гестацискиов, ќе испитам кога ќе дојде време ама сс надевам ќе биде во ред. Фала ти многу
Толку специфично прашање мораш на доктор да го поставиш. Најчесто не е ништо, ама доктор мора да процени. Некој може да ти каже дека имал исто искуство и не било ништо, ама може не било исто само така му се видело од напишаното. Не би било одговорно да напишеме Ништо не е не се секирај ниту па да напишеме нешто и да те испаничиме. Вид на болка, интензитет, траење, како доаѓа, како си оди, количина на исцедок, мирис, густина и други пропратни симптоми се прашања што ќе ти ги постави доктор и ќе знае. Ние само можеме да погодуваме од ептен скромно знаење од сопствено искуство или интернет што не се споредува со знаењето и искуството на докторот. За секаква болка, секогаш мислење само од доктор и никој друг.
се сложувам... мислам да се консултираш со доктор за било што што ти се чини чудно во бременоста и ненормално, јас така би направила ...
Убаво пишав дека се преслаби болките и дека исцедокот не е не знам колку ама дека до сега не сум го имала воденикастиот како помочана , секакви прашања имам читано низ форумов баш за моево мислам дека може да се даде одговор со искуство , испив магнезиум па болките ги немам повеќе ама сепак фала ти
Јас цела бременост имам таков исцедок. Ми рекоа нормално е. А болките може да се од што се тегне....лигаменти. Како и да е најдобро ќе ти каже др. Може ќе ти појачаат магнезиум.
Буквално немам ич стомаче и може да ми се мења , такви болки имав до 15та недела па ги немав две недели еве сега пак и се испаничив испив два магнезиума што ми препорача матичната .. ама ме мачи воденикастиот исцедок ништо повеќе .. пошто разлилувсм болки кои што се прејаки менструални и овие слаби мачни .. фала ти на одговорот!
Јас сум јануарско дете, жив саклет. Свекрва ми купила комплетче, но ме отече за тоа пусто плико, и мајка ми купила.
леле јас и ти истите мисли и јас сум зимурлива, само ќебенца гледам ...и не ми е јасно со што да ја извадам од болница ама се мислам боди на долги, шпикозни плишани, капче и ќебенце некое, ваљда нема да смрзне за 2 мин до кола
Здраво на сите, нова членка сум.. Од утре влегувам во 9ти месец со прва бременост, планирам за пораѓај на ГАК. Ме интересира што би требало да понесам, како и дали се дозволени мрежести гаќи за една употреба и дали се воопшто корисни, како на сликата? .. имајте убава вечер
Јас ги имав купено истиве (на ГАК се породив), ни докторите не дозволуваа, а и некако немав потреба, полесно ми беше така само со влошка. Еден пар облеков само за излегување.
Хахаха, сироти наши деца којзнае колку ќе бидат натунтани Јас глеав некои вакви искрено, мискам дека се прилично дебелки, ма да и ти порано си од мене скоро цел месец, ние апла у најголемиот студ ќе сме
Здраво, јас имам прашање сите бодиња што ги купив( друго немам земено ништо) се 56ка дали ќе ми бидат големи? дали треба да земам нешто 50ка и колку ?? многу ми изгледаат малечки..
Од денес 35та недела просто не ми се верува како лета времето. Прво се молев да поминат оние 'критичните' 12 недели па да дојде втор скрининг,па 28ма ,па 32... Се си велам спремна сум и пак никако не сум,се ми е некако купено а пак како ништо да не ми е алиштата,постелнината испрани чекаат пеглање си викам ке биде денес и утре,креветчето количката се е тука само не се склопени си велам рано е прашина само ќе собираат а и немам многу простор... Ми фалат работите од аптека за бањање,креми и пелени ама си велам има време а и да фали нешто маж ке претрчува... И пак ке речам не ми се верува како лета време и пак се прашувам дали некогаш ќе се чувствуваме спремни