првото го нарачав и е многу убаво ти го препорачувам само не знам со бројчињата ... јас нарачав од 0-3, ама ми стигна 62ка. малце големко ми стоеше ама после сфатив дека ќе го користам и не го вратив . е сеа ти не знам дали 62 ка ќе ти врши работа и дали има помали. ова белково го нарачав јас. иначе имам три бодиња купено, што беа така комплет и три различни ќебенца мекани, ништо друго
Јас земав само 3 50ки другото се 56 па дури и 62ки. И мене ми изгледаа мн мали ама сепак да имам бар за првите денови и комлетчето за од болница.
Лелее беличково е најубаво дефинитивно, не сум видела дека имаат бело. Хахха ама исто облечени има да ни бидат фраерот и фраерката
И јас влегов во 34та, колку повеќе се доближувам до крајот толку повеќе паника, возбуда, трема ме фаќа. Цело време списоци правам што ми недостига, да не заборавам, што да исперам.. Фиокарот 100 пати го пребришав каде што ги ставав алиштата, сеуште мислам како да го организирам... само пинтерест вртам...Давајте идеи ако имате Алиштенцата ми се испрани, испеглани, цело време си мислам дали ќе ми се доволни... сите ми се 56ки освен неколку бодиња по долги што ми се 50ки и неколку 62ки, за од болница сеуште не знам што ќе носи, имам исто 56ка ама мислам ќе плива бебуш во него, па сеуште бирам, неможам да се одлучам И да.. Трпеливо си чекам да се запознаеме со синче
Јас се зедов 56ка. Има и 50ки ама прво не знам колкав ќе се роди синко, плус се е памук, а памукот како сакаш пери го се собира, така ми беше искрено страв ако земам 50ка да не се скуси па да му се мали и џабе да стојат. И продавачките по продавниците истото ме советуваа барав 50ка ми вика подобро ти е 56ка се бере памукот, посбено ако и во сушара ги сушиш.
За од болница ја спремив шпикозни и комплетче на долги и капче друго ништо. Скафандерче немам а и не ми се купува за само до кола секако кај ке одиме зимава а до на пролет ќе му биде мало. Имам неколку ќебенца и плик кебенце па ќе одберам од нив. Купив и две бањарчиња и 30 тетра пелени пријателки породени така ме советуваа па ќе видиме
Здраво Мене не ми требаа мојот 50 см се роди. Можеби ако е некој мал џивџан 2ипол кила со 47 см. Во мојот случај не беа потребни 50 ки. Сега за новово бебе не купив ниту една 50ка. Мислам дека и таа ќе се роди како брат и. Една недела е поголемка на секое ехо
Слабо јадам се , благо само после ручек и тоа многу малку .. болките ми ги сменаа после магнезиум ама ме фаќа анксиозност у момент и секакви црни мисли а у лична порука ми стигна толку непотребна порака за абортус што не и ни вратив на членката што очигледно нема никаква емпатија .. брисеви имам правено на 1ви сите беа чисти, на преглед сум на 26ти ќе ја пратам ситуацијава денес. Фала ти на одговорот !
Мислам дека 90% од нас тука можеме да бидеме комотно заштитно лице на анксиозноста Не си сама, ако ти е за утеха некаква. Нормално е да се исплашиш, особено ако ти е прва бременост. Ама чим поминало со магнезиум сигурно ништо страшно не е, а сите нас некогаш не здоболува така, сепак живот расте во нас. Не слушај туѓи мислења (особено страшни), секој си е случај за себе, членката најверојатно добронамерно ти пишала лична порака, ама постигнала контра ефект. Затоа и сите се оградуваме од мислење кога станува збор за нешто толку лично како болка бидејќи она што е случај кај мене да кажеме не значи дека е кај тебе. А водениот исцедок е најнормален во бременост, сите мислам го иаме она чувство на помочаност.
Избркај ги црните мисли и право оди на преглед 26ти е мн далеку. Кај и да отидеш со болки ке те примат. Сигурно не е ништо ама ке се смириш
Дури и 56ки ти се мали ако се роди крупно бебе, брзо ќе ги надрасне. Моето е месец и пол, еве веќе носи 6-9, 9-12 бодиња, а комплетчињата пижамки 0-3 веќе му се мали сите (имав купено 6 + 3-4 добив на подарок). Исто и тренерки почна да носи за 6 месеци или 6-9. Не се трупајте со залци, само првите две-три недели ќе може да ги носи. Подобро да му се поголемки малку, да висат надоле, отколку да ги фрлите после прво перење. @Anaroz1
Немам болки повеќе ми се смирија вчера имав само ама не беа страшни повеќе ме уплаши водениот исцедок кој исто не беше во големи количини ама вчера се уплашив.. неќам да паничам толку до сега беше се добро па да се надевам дека така ќе продолжи
Бебето првиот месец се носи секоја недела на педијатар за мерење.Па идат на ред вакцини,редовни контроли месечни така да скафандер ке ти користи мн повеќе отколку кебе.Кебе и плик никако не се за во транспортер.