Смири се мила, ако те толку загрижува исцедокот појди до матичниот гинеколог да те провери. Инаку и јас сум со таков исцедок заради редуцирана микрофлора, ништо страшно. Не џабе се вели во друго стање, ќе се навикнеш на ситуацијата само без стрес.
Колку убав vibe во темава, да си кажам и јас дека ме фаќа возбуда за породување, утре веќе 35 недела, кога помина! Јас земав за од болница плишано копмплетче 50ка, ќе видам дали со боди по долги/кратки и плус плишано кебенце ама тенко за над транспортер. Од боди/бенкици имам 50ки 5-6, комбинирани кратки и долги, 7-8 56ки, имам и 62 и 68, ама како што викаат секој производител различни калапи, па така некои 56 личат за 50ки.. Имам 3-4 комплетчиња, 6-7 шпикозни, многу чорапи, капчиња и лигавки (повеќе поклони). Постелнини, пешкири, водоотпорни навлаки, козметика е спремно. Од покрупните работи уште релаксатор ни фали. Количката не е испрана, уште не ми е отворена па се мислам ако ја отворам кај ќе ја чувам.. Само со убава мисла, и сите да сме живи и здрави заедно со бебушките
Дека секој не сака болка да коментира е точно, бидејки секоја болка значи различно. Ајде и јас ќе го кажам моето искуство. Воден исцедок имав кога имав редуцирана микрофлора. Користев и уште еднаш месечно ставам ацидосалус вагиналети по едно кутивче. И чудо сум без исцедок бо бременост, кога сите имаат. За болка имав еднаш многу остра болка во десен јајник во 18гн, ама само еденаш. Во 20+гн имав неколку дена болка пд десно, што дури помислив на слепо црево, бев кај Димчев ме гледаше на ехо рече таму ладе што те боли нема ништо. Ни магнезиум не ми помагаше, помина по неколку денови. Сега прелу некој ден поатојано имам болка под лева града/ребро, веројатно ме стиска. Иди си на едно ехо за сигурноат.
Шпикозни мало бројче не би ви препорачала. Имав земено едни шпикозни оти ми беше ќеф, ги облече само еднаш... Сега има 3 68ки му се фаќаат. За зимско бебе мислам дека шпикозни се доста практични оти од комплетчиња може блузето да му излегува од панталонките, само мислам дека подобро е поголемо бројче, за почеток може една или две 56ки за проба. Тетрите зависи за што планирате да ги користите. Мене не ми се од корист, само за бањање ги користам по 2-3 на секое бањање, така што 10-12 се доволни оти нели зимно време не се сушат толку брзо (ако немате сушара). Кога го легнувам на спална, кауч,, количка, транспортер, било кај, му ставав плико додека беше топло, сега тенко ќебенце му ставам. Мислам дека некои мајки за таа намена користат тетра.
леле кога те читам за бројчињава скроз ми ја смени перцепцијата што треба да купувам и ме стави во мисли... значи да не гледам се од 0-3... на крај ќе купам ептен нешто колку да има и ќе чекам да се роди да видам колкава ќе биде. фала ти за советиве во секој случај, да не се пренатрупувам со облека
Леле јас по 5 тетри перам дневно мн ми се искористени.Обавезно кај што лежи ставам тетра пошто повраќа мн.На рамо кај мене кога ја заспивам исто тетра.Во када кога ја бањам постилам тетра,во транспоретер една секогаш имам,во торбица за излегување,на пресоблекувална…буквално секаде Шпихозни јас зедов околу 15 пара.И тие ми се покажаа како малце затоа што моето бебе мн повраќа и дневно по 4-5 пати и менувам облека.56 ки сеуште носи (5 недели е и 4 и пол кила).Во 62 ка новороденче има да плива,нема да ви е згодно ни за држање.
и јас како joy1 зедов мустела козметика за бањање, baby love (големата и малата со цинк) и паволовичева за пелеснка регија, а пелени pampers premium
Истите ги користам уште откако се роди ќерка ми и сум презадоволна. После косичка кога ќе им порасне и шампончето го земете косата ја прави толку мека абе памук. Другите шампони некако ја прават косата потврда и не се расчешлува убаво. А за пелени најзадоволна сум од Виолета, пробував многу други, дури и Памперс и не е тоа тоа.
Јас по совет на други мајки земав и 50ки, три шпихозни, едно боди и две блузички, другото се е 56,62 што купив пошо сите викаат тоа 50ките брзо се износувале...шо знам
Нешто ги хејтаат пелените и прашокот не и се погодиле на мамичкиве во темата Пелени баш ги читав, секој со свое искуство, ги фалат ептен Виолета па Памперс, но добро е да споделиме повеќе мислења
и јас истиот впечаток го имам, сите ги фалат виолета и памперс па во недоумица сум помеѓу тие и тие, ама за тоа имам време