Предупредување за долг пост-чепкав по слики/фолдери/вадев бебешки алишта од "архив" па имам освежени сеќавања 1.Облека Искуство од минатиот пат, купете по нешто од секоја бројка, не трупајте. Ќе си докупите/порачате според потребите кога ќе видите колкаво ќе се роди бебето. Ако е на почеток на сезона, на пример зимска, ќе се износат и 50ки, и поголемки.. Не порачувајте премногу големи, затоа што некои производители како на примeр h&m имаат поширочки модели, па може да ве снајде како мене , на бебе скафандерот да му е точен на сред лето И за тоа колку пара ви требаат, индивидуално е и зависи од условите кои ги имате, бебето и стилот на мајката. Јас секогаш сакам минимализам и антиконзумеризам, перам-сушам-облекувам, и пак. Не сакам да трупам, ама признавам дека гледам да е поквалитетно. Нека не ве обзема бејби треска премногу, искрено мноооООогу средства одат месечно натаму на пелени, влажни, адаптирано ако не доите, па обувки кога ќе почнат да одат .. Облеката е шала мала Ама точно е дека сега се најслатки и најважни оти во нив ги замислуваме бебушките, па уживајте. 2. Козметика Минатиот пат користевме органска козметика Logona, презадоволна сум, ама.. мало паковање а висока цена. Кога е бебето мало и не е така страшно, ама ние теравме до 3и нешто години затоа што кожата и косата беа како свила, со никаков проблем од раѓање, не знам како изгледа црвенило, бубуљици, сува кожа.. Пред година ја откривме Мустела, не е баш исто признавам, ама е прифатливо со минимално хемија, плус поголемо пакување за многу балони. За беба планирам Логона шампон и масло за првите месеци/до година. 3.Пелени Ги користевме Памперс премиум (без мириси) златните, во првата година. Мислев дека дечко нема осетлива пеленска регија, и некаде 3-4 месец начекав Актив бејби на промоција и мислев исто ќе е. Едвај го управив, и се вративме на Премиум. После 18месеци до 26 (кога се одвикна), користевме што ќе стигнеме
Како сме тргнале богами и плишани играчки од акцијана со влажни марамици ќе набавиме хахах,рано ни е да, ама да се замисли чоек дали е паметно дур има попусти да се купи нешто од памперси и марамици од сега или сепак да си почекаме до декември хехе
Не носи лигарчиња? Како ти ги повраќа шпикозните? Моето на 6 недели е повеќе од 6кг, а си повраќа само на лигарче.
леле искрено јас многу читам низ темиве. баш пред некој ден зборев со маж ми горе доле знам што би купила веќе и пелени и козметика и се ама најверојатно кога ќе се породам ќе оставам за отпосле, можно е сега само едно шише стаклено да купам, али сега со ова акцииве ме стави во мисла имаш право ако се начека нешто на акција зошто па да не земеш него кога сме веќе кај (не)потребни ствари една другарка сака да ми купи онаква музичка вртелешка за над креветчето, а и мене ми се свиѓа. претпоставувам не е битна работа за почеток али ми е мерак, ти што мислиш, планираш да ставаш или не?
Јас прашав две докторки- матичната и Корнелија од Систина, исто и трансфузиологот од Систина, ми кажаа дека немало врска. Е сега не знам зависи веројатно колку ти се високи, до кога ќе бидеш со терапија итн итн... Јас имав 2500 во 28ма недела. Сеуште примам 0.4 клексан еднаш на ден.
И јас би препорачала да купиш само нешто, па после кога ќе се роди да докупиш… Мојата се роди голема, 4.5 кг и долга, па така најмалите и беа мали… џабе ги купив…
и мене ме интересира... сите ми препорачуваа мустела или евентуално еуцерин, мислев мустела да земам. сега во мисли ме стави со ова
Ја Најдов на нет козметикава. Има све. Ама нема посебно за бебе/деца освен паста за заби. А за возрасни гледам баш има избор. Јас и за мене би си зела нешто. И од една братучетка лани слушнав мн пофални зборови за колекцијата Ај ќе не оправи @Anaksunamoon
леле 4,5 кила машала да е жива и здрава ...иначе тоа сфатив читајќи низ темиве дека најпаметно ќе ми биде така да направам . ќе купам нешто од мерак и колку да имам, ама не сакам да се претрупам, затоа што очигледно брзо ги раснат барем додека се волку мали, ем не вреди, ем не можеш да предвидиш колкаво ќе ти се роди бебето..
Хаха, да знаеш колку се мислам за таква играчка пошо се купивме за креветчето само уште музичката вртелешка фали и веќе ја мислам од каде да ја купам, чим ти е мерак нека ти купи другарката, мислам дека е убаво музиче да свири за бебенцето малку да го дефокусираме ако почне да плаче, сликни ја ако ја набавиш деновиве хехех
Мене денес од вас ме фати ептен еуфорија за спремање па и список направив што треба да се купи а тек ни до пола бременост не сум Јас претходната недела купив некои парталчиња, 4 боди 0-1 месец, 3 комплетчиња 2-4 и пижамки 1-3 Ептен ми беше кејф да купам нешто кога испаднаа резултатите од пренаталниот тест, и среќа што сега зимска колекција е изложена а јас имам термин во март па не отиде цела плата
Фала да, од старт беше две недели понапред и на крај се роди поголема…ми викаа зашто е поголема порано ќе се породам, па изнакупив се и сешто и на крај го надмина и терминот, не и се искачаше и така малите работи останаа…
Како кеса се пелените, пропуштаат, ги имам пробано и не сум задоволна. За разлика Виолета се ммогу меки и удобни и никогаш не пропуштиле.
И мојот синко е понапреден и мене исто ми викаат дека ќе биде голем батко, јас само се чудам уште колку ќе ми расте стомаков сега тежи околу 1500 грама, кај ќе ги сместам уште 2 кила најмалку ќе ми прсне стомаков, во волумен стомакот ми е 112см до сега
Фала женски на совет. Јас се мислев за нив пошто во Систина мислам тие ги користат, а таму ќе се пораѓам здравје, па мислев како ќе му почнат таму така. Баш ќе видам и ќе ви кажам и ќе го имам ова што ми пишавте во предвид. А за прашокот до сега што исправ е ок ама се нови работи ќе видиме понатака како ќе се покаже со флеки.