Се породив точно 41ва недела Мораше царски, јас ситна и ризик беше за природно… и баш тој ден добив и болки значи изгурав една недела повеќе од термин, ако беше голема
Ич не им верувам на мерките За првото скоро ми погодија додуша, кога ме примија беше 4.100 а се роди 4360.. 41 нед скоро природно.. Втората кога ме примија докторката рече “ блиску е до 3кг” а се роди 3480гр Уживајте во бременоста, како и да е ќе се роди
И мене ми дадоа пакет од нив во Систина од таму и знам. Инаку за прашок Мерикс сензитив користев и омекнувач Бекутан, прашокот многу убаво пере.
Женички кско се справувате со грч кога ќе ве фати на листот и со трнење на раце ? Јас пијам магнезиум 400 дали е доволно или да пијам уште 250мл ?
Можеше да се нарача од нивната страна, имаа штанд во Сити мол, имаше/можеше да се порача и во Зегин и поголемите поснабдени аптеки. Ми изгледа како да не ја нудат повеќе бебешката колекција-штета. На фб последен пат на акција ги нуделе производите во септември како не сме виделе. Ќе преминеме на Welleda или Mustela тогаш
Мајка јс веќе сум породена и имам 4+++ месечно бебе ама многу ми е убава темава и пак ве читам.Баш зс музичката вртелешка на почетокот нема да ти треба ама моето бебе кога направи 3 месеци му купив и да знаеш колку и се радува неможам да опишам,веќе скоро 3 месеци мислам по цел ден свири и светка,прво ја гледаше па и се смееше па почна да вика по неа како да и зборува, па со рачињата се обидува да ја фати и плус згодна работа го оставав во креветчето со неа да се забавува а јас да средм низ дома да направам ручек.Да во право небитна работа за разлика нели од другите работи ама од мене имаш големо да
Женски дали знае некоја дали може да се користи vichy козметиката за лице, поточно пилингот што е 3 во 1 во бременоста. Бремена сум 12+2.
Од која недела го мерат цервиксот на прегледите? Не знам ни како се мери До сега ништо ми нема споменато докторката дали е добро дали не Во петок имам закажано ќе бидам 19+1, дали да и речам да го измери не знам
ако нешто ти значи, јас сум 32 недела веќе, докторката ништо ми нема спомнато. пишував овде низ темава дека мислам дека најверојатно ми мери пошто ме гледа вагинално, ама ништо ми нема кажано, само ми вика дека е се во ред, не сум ни прашала ...
Мене освен последниот преглед, претходно ме гледаше вагинално. Туку читав во темата предвремено породување и тоа си помислив мене ми го нема измерено, може после 20та се мери, не знам.
Мене прв пат ми го измери дури во 27ма недела пошто имав болки ми беше страв да не почнав да се пораѓам хаха. Кога тоа цервикс 46 ама беба карлично и си денса
Мене ниту еднаш како редовна контрола. На последниот преглед кај неа, во 34та недела, не ми текнува што беше работа, мислам дека осеќав притисок долу и тогаш онака погледна.
Јас си побарав, осеќав дека многу долу е, не бев сигурна дали е безбедно да се движам, а јас си сакам да си пропешачам.. Ме измери вагинално, 3.4 беше, ми рече да напнам малку, како за одење по голема нужда, и така се скрати малку ама остана над 3. Минатата бременост не ми мереа воопшто..
Мене у 22ра прв пат, 4цм беше ама ми го измерија бидејќи бебуш беше доле наместен со главчето кај цервих баш. На контрола у 25та не ми го измерија, утре ќе одам на контрола (28+) и ќе му кажам на Тофоски да ми мери. Ако има индикации они мерат, ама можеш и сама да си побараш ако те интересира.
Мене ми го проверија на втор скрининг по моја иницијатива, и после тек 30+ недела кога бев кога се пожалив на менструални болки. Сега за сега, од тогаш на секој преглед ми го мерат. Ако ти е во мисла подобро кажи им да ти го измерат за мирна глава
Mene mi go izmerija ednas vo 16 nedela do togas me gledase samo abdomenalno a togas I abdomenalno I vaginalno I posle sledna kontrola.me prati na skrining kaj drug doktor vo 21 togas on ne go merese.Za Sistina zboram.
А зашто читаш у темата Предвремно породување?! Ти фалат негативни емоции, лоша енергија и проблеми?! Батали такви теми, ако имаш проблем читај ама вака за рекреација можеш слободно да најдеш некоја повесела тема.