Исто ко за години. Кога ќе речеш детево има година и 6 месеци значи цела година наполнало и во тек е втората година од животот, ама пошто не е полна, ги кажуваш месеците, 6 месеци, кога ќе направи 2 години, ќе ја почне третата итн.
Со таа намена беше, незз дали пишала не сум приметила. Аиии, баш ме израдува, живи и здрави да се со бебуш
Мешиња како сте? Прашање, ставив вагиналета канестен 1, ми ја препиша матичната заради кандидата. Вечерта немав ништо исцедок, утрото исто немав ништо исцеток дури попладнето почна да ми излегува дел од вагиналетата и да имам исцедок. Тоа нормално е или значи дека не се растворила вагиналетата? Прв пат користам канестен вагиналети не знам дали треба вака или не.
Нормално е, она што не се апсорбирало си истекува. Јас коа ставам вагиналети сум лом стално од шо ми истекуваат пола на гаќите.
Фала ви девојки. Ми падна чудно што после долго време имав исцедок и дел од вагиналетата на долниот веш, тек попладнето односно вечерта. Обично нели преку ноќ има исцедок и утрото наредниод ден. Нејсе битно ок е се да не паничам и да не ја барам матичнава за безвезе. Фала уште еднаш мешиња.
Последниве неколку дена имам привремени болки во долниот дел на стомакот и како пулсирање во вагината. Не знам дали повеќе ме боли или повеќе ми е непријатна болката. Прво ми се појави после долго пешачење и мислев дека е од тоа, но приметувам и кога седам кога одмарам се појавува. Дали ви се случува и дали е нормално
Нозете подигнати повисоко од колковите, магнезиум, течности и одмор Пробај, може ќе ти помогне. Мада мене нерва ме фаќа кога одмарам.
Хахаха и јас сум тука со вас 2 дена плус ми е термин. Во понеделникот бев на доктор и пред да провери ми вика која недела си, викам 31+3. Ми вика не 32+0 си. Јас цела во прашалници . Му викам според циклус сум 31+3, а тој ми вика ама ние согласно процедурите на болницата секогаш те водиме според првото ехо. До душа според големината на бебето нивното е поточно. Не дека е голема разлика 4 дена се во прашање ама ми направија забуна. Во Македонија секогаш според циклус ме водеа и матичниот и во Ремедика.
Прашање за поискусните мами. Која 'марка/бренд' на цуцли, шишенца, глодарки се покажале како најквалитетни за бебушите? Ја глеав едни на Nip Family во DM, преслатки ми се видоа, ама неќам да ги бирам по критериум 'лепота' само.
Здраво.денес сум 9+5 недела. Правев крвна слика и железото ми е 29.3 а горна граница е 27. Малку се исплашив. Некој со слично искуство? Фала
не се секирај рано ти е уште, ќе почне да ти паѓа како ќе ти напредува бременоста сите овде мака мачиме со ниско железо нема потреба од паника
по големина на бебе мене ми е 08.12 ама јас се водам по последна менструација, читав дека е така поточно ... кој знае , секако не е ни важно, битно да биде се добро