Од каде купувата труднички гаќи? Обичните веќе ми се тесни па дали да купувам обични поголеми или труднички па да ги износам до крај
Јас како по-полничка, најкомотни ми се од тритекс највисоките ( малце бабски се до папок ) ама ептен ми се комотни, од другите и ластиците ме стегаат. Ги земам од стружанка.
Лелее не знаеш колку работи со лисици имам. Шпихозни, лигавчиња, капче, чорапчиња, ама сеа и цуцлево ко го видов ааааа значи морааам да го купааам Мислам дека ако продужам вака ќе почнам и работи за у школо ко ќе тргне да му земам
Исти имам, преубави ми се. Земав поголем број, уште немам големо меше ама ќе ги потполнам. И на доминант имам исто се убави и поефтини се
Хахахах имам и јас со жирафки Преслатки ми се и тие дури глеав едни тапети со жирафки да нарачам за едниот ѕид, таман ми е зелен, супер ќе се вклопи жирафата
јас прво мислев тапети, ама после ми текна да цртаме. имам другарка што ја бива за такви работи и ја прашувам дали ќе се нафати да ни нацрта нешто на ѕидот за бебето и ми вика нема проблем бе, што сакаш... и јас таква па жирафа ми се изнасмеа
Хахахаха и мене ме изнасмеа. Јас постери со животни сакав да ставам. Во рамка такви. Мм ми вика во зоолошка ќе сме го растеле детето
Цуцли Nuk, шишенцата на Tommie Tippie антиколик што се немат врска зашто со стерилизација почнуваат да течат од страна, најубаво стаклено си земи од ,Tommie Tippie само цуцлата како расне ќе си ја менуваш. Глодарки на Baby Love од ДМ а има и сет во Зегин Софи Жирафа го препорачуваат зарафи развивање на вкус, мирис, слух и плус за чешање на непца, искрено ќерка ми ја обожаваше.
Мами повеќе ве има од Скопје дали бараат сертификат за вакцина во Веро Јамбо ? Не за мене како трудница за возрасен прашувам фала