Бараат ама не ни гледаат што им покажуваш јас не сум вакцинирана со друг сертификат влегувам исто и во сити мол.
Нема сопирање сеа како сум тргнала Само тоа гледам, нарачувам, цел тел ми е полн со скрин шатс од се што сакам да купам, ама преубаво и преинтересно ми е ...дур почнеш е работава, после нема кочница
Во веро џамбо не пуштаат. За во Скопје имам слушнато само дека во Сити мол пуштаат трудници без сертификат.
од која возраст може да се даде Софи жирафата, ептен и имам удрено мерак, ама немам појма дали ми треба на почеток
4-5 месеци ако не сум грешка @Anaroz1 ти имаше земено кадичка со дел за пресоблекување? Јас не можам да дочекам да дојдам таму 30та недела, па веќе се да спремам Веќе пелени почнав да разгледувам какви ќе користам, оти алиштенца сега се се зимни, мене летни ќе ми требаат, забегав ептен
ахахаха, не сум јас, иначе, уште немам земено кадичка а ги гледав тие со делот за пресоблекување, мислам дека се добра инвестиција, јас сум ептен кнап со простор, така да ќе земам обична и се чудам и таа кај ќе ја ставам
Жени како се справувате со подуеност? Станав балон, ме мавна на психа, а и сите околу мене веќе почнаа да забележуваат, иако е рано да соопштам. Во лицето сум како бумбар. Немам вишок килограми, старт 64, и не очекував промени толку брзо...
Јас викав дека треба да добијам. И јас имав подуеност на почетокот, дури и одење во вц на 30мин. што е симптом на подоцнежна брменост. Мислев ако продолжам така Слон ќе станам. Ама, тоа беше на почетокот, до кај 10-12 недела, после се оправив. Дури ни меше не ми се познаваше многу во втор триместар, сеа во трет па само стомак имам, ни грам настрана (добро, може малку на задник, ама ептен беше сплескан ), и освен од профил-ако носам темна гардероба, не се познава дека сум 7ми месец. Така да, уживај, ништо не е предвидливо во бременост, нема правила а кратко трае
Не се секирај и јас бев подуена на почетокот а сега не сум. Втор, трет месец бев како бумбарче во лице, а сега на пример ако не ме видиш во стомак и добро нозете здебелени што ми се нема да ме познаеш