Мислам дека не е страшно. Мене ми е на горна граница откако памтам за себе. Сега во бременоста исто ми е на горна граница, никој не ми е изреагирал дека е висок. Битно е да не преминува граница и многу да отскокнува. Секако можеш да си припазиш на исхрана и да си го следиш месечно со редовни крвни слики.
@Сара Лав , @tina2018 ..фала на одговорите...почнав веќе со пазење денес...ама не верувам дека толку ниско мам да го донесам..секогаш 5 и нешто ми бил.
Женички како да намалам со благото ? многу ме тера на јадење благо ми паѓа шеќерот незнам внесувам и овошје гледам да избегнувам, неможам не јадам нешто претерано знам да изедам 2 реда чоколадце плус после некое време 2 коцкички или топло чоколадо. Неможеме да му одолееме на благото со ќерката
Ако ти треба да намалиш тогаш јас не знам со да правам. И алал да ви е на сите што можете да се запрете на два реда или неколку коцки,ја кога ке почнам нема запирање додека има
Мене па од благо ми се лоши ретко јадам благи работи но затоа од сирење не ми е доста, знам да си сечам парче и без ништо да си го грицкам.
Хахах некако ме фаќа страв да не претерувам многу со шеќер а од друга страна и ја можам да изедам повеќе само се контролирам ама без благо не ни можам да се исконтролирам да не јадам цел ден тоа нема шанси
Бубчеее, какви стравови . Од возбуда, дека ќе си се галите со бебка, ништо нема да осетиш. Јас бев не "недоговорен" царски, па завршив со спинална . Им се тупнав во раните утрински часови, пред да им заврши смената .
Мене не ме тера на такво нешто а кашкавал јогурт млеко павлака си јадам сирње некако не. На почетокот до 3 4 месец ја што со све јадам ќечап без ќечап неможам да седнам на маса неможев да го гледам самиот поглед ми доаѓаше на кисело едвај сум јадела без него јадење.
Баш убаво чим можеш тие работи. Јас ни јогурт ни павлака неможам, а веќе сум 9ти месец. Ти кој месец си?
Браво, за мама и за уметникот-права nursery соба многу да ужива бебе/дете во своето катче @strelkata и @Marsic и сирење во големи количини, и чоколадо, нутела, еден doll crem од Тинекс го начекав, јајца пржени секој ден јадам и ги сакам, месо/скара би јадела често ама пазам на месо, пилешко во сите форми ама и од него се воздржувам-2пати неделно си дозволувам.. И си се тешам дека сиренцето ми е пробиотик, од чоколадото добивам железо и ги смирува хормоните, јајцата се протеини и минерали.. Најчудно е што на тоа јадење треба да сум слон, а само меше имам оти тука се и овошјето, белиот леб, пицичка домашна, кифлички, јатки, житарки, чипсче, кроасанче, тортичка, сокче и цедено и од шише, чајче со медче.. Само гледам да не претерувам со ништо На мои 38 ако се сторам тенк, до матура на малиот нема да ги симнам
Ај да си прашам тука..бремена сум со близначиња 13 недела но пулсот ми е се висок дури и во мирување ми се движи околу 90, од 85 до 90, а по мало раздвижување и до 100.Притисокот ми е добар 110 со 70 .Исто имам и повремени тахикардии и прескокнување. Дали треба нешто да превзема?
Пулсот не ти висок за близначка бременост. За тахикардија и прескоци мораш да одиш на лекар да потврди дека ти е физиолошка тахикардија и физиолошки палпитации. Најверојатно ти се физиолошки, но само доктор мора да потврди вака без преглед ништо не би можеле да кажеме. Ама не се секирај, скоро сигурно можам да ти кажам дека во граници на нормала ти се.
Извинете сега во групата читам за некои предавања и неможам да разберам за какви предавања станува збор и каде можам да ги слушам, ако може да ми пишете би сакала да ги следам
Мешиња како што пишував останав бремена со 97кг одев до 105, од 24 недела како испадна дека шеќерот ми е на граница, внимавам на исхраната. Бев 103, сега сум 101кг иако овие две недели малку и се опуштив во врска со исхраната па подкаснувам и недозволено. Ама некако ми е чудно да намалувам, зарем бебе не тежи, овие последни недели зарем не се качува највеќе килажа? Јас па и лежам по цел ден.