Има вистинска статистика за вакцинацијата во бременост која не смее да се објавува. Инаку да многу бремени жени имале последици по вакцинирањето.
Многу добиле совети од медицински лица ама не одговарале за нус појавите и последиците од вакцините (поради тоа и се потпишуваш пред да ја примиш) кои се во експериментална фаза овој пат дирек на луѓето. Се прашуваме дали да се напиеме 1 аналгин кога не боли глава,за 1 чашка вино,пиво или ракија оти штетело на плодот и еден куп други работи, а неиспитана вакцина можи да се прими. Секој си има свое мислење и право на избор за тоа немам шо да кажам,ама за време на бременост мислам дека не треба никој да ризикува.
Само позитивно да си мислиш и здраво и право бебче да си имаш и ти и останатите кои сте се вакцинирале. Не посакувам на никој ништо лошо,имате право на избор,но само едно ќе кажам тешко на тој што се изгорел на млекото,па сега ќе дува и на маштејнцата. Ризикот од вакцини секогаш го имало и ќе го има.
Ја сум вакцинирана пред бременост ама малце осет и проверени работи треба да се пишуваат. Не е сеедно, а многу читаат и искачаат уште 300 верзии од една иста приказна...
Баш дека читаат, можи и ќе размислат 2 пати пред да донесат одлука за да примат експериментална вакцина
Еве ти го објавив линкот читај. Не е во корист на СЗО затоа вакви статистики не се многу објавуваат. Знаеш дека фармациска мафија е ова. Не зборам дека кај сите имало несакани ефекти ама да имало, а тука се објавени и доказите за тоа.
Да и меѓу мислењето од доктор и твоето, за твоето ќе се одлучат. Не навлагам у дискусија за и против вакцини општо, посебно еве у бременост. Ама не ми е на место никому да кажам вакцинирај се или не, мислење базирано на видеа од јутуб, а притоа да не сум ни академски стручна во областа.
Јас сум 29та и горе-доле исто. Денес десната препона ме уби, и ногата исто, едвај одам. Големо меше имам и јас, а здебелена сум 7кг, шо значи нишо посебно. Тешко се вртам, тешко станувам, едвај се наведнувам, коа е мм дома ми облака чорапи/патики. Сеа се бричев доле, каква дешавка беше тоа шо да ти кажувам...
Па нели не смее да се објавува? Како испадна дека доказите се објавени? Патем порталов нешто посебно значаен треба да е? Ваква статија и јас можам да напишам и да ја објавам.
Ако еден доктор ти каже безбедна е, а друг ти каже не е на твој ризик се вакцинирај, што би одлучила? И двајцата ги советуваат како имаат слушнато за ефектот на вакцината, немаат докази за вистинските ефекти.
Ај ве молам не навлагајте во дискусии за вакцини тука, има посебна тема за тоа. Долга и широка е и нема да се погодите, башка еднаш при ваква дискусија админот предупреди дека ќе брише мислења.
Јас сум 32+5 ко успорена снимка сум веќе, едвај се движам. До сега 10кг сум поправена, за спиењето едвај наоѓам удобна позиција, а наутро само со помош на мм станувам, ако тој не ме извлече од кревет цел ден ќе се мачам да станам самата ама ајде ќее издржиме уште малку. За магнезиум смееш, јас почнав по две откако почнаа да зачестуваат лажните контракции.
Па еве напиши и објави ако си толку стручна. Ова се вистински податоци, лично јас сум советувана во Велика Британија од доктор и бабица да не де вакцинирам заради лоши ефекти кај трудници. Еве бременоста ќе ја истерам без вакцина па после ќе одлучам дсли ќе ја примам.
Хахаха ме изнасмеа со бричењето, леле и јас иста сум , со огледало се бричам па дури и се исеков прошлиот пат, баш е дешавка хахах, патики исто маж ми облака, а за чорапи и соблакање облакање тренерки и панталони најмногу помага седење на столче, тогаш не боли препоната, јас мааалку да подигнам нога и ме кине ептен само седната ми е лагодно облекување ногавици и чорапи