Не мора да сум стручна за да објавам нешто на портал. Доволно е само нешто да пишам и да тврдам дека е докажано. Ти не се вакцинирај, твое право, твоја одлука. Но не советувајте и убедувајте други дека не треба да се вакцинираат.
Леле душаа, а навечер за до вц како стануваш? Јас се грабам за даската од креветот и се влечам со нејзина помош иначе нема шанси со коленава сама да се исправам без малку помош. Лажните контракции уште не сум ги осетила, барем така мислам
Исто, исто, лом се праам, после све ме пече доле и така ..забавно хахаха. Замисли ние што не сме поправени многу колку ни е мучно, а тек па некои 15+ кг што ставаат. Мислам у 9ти со кран ќе треба да не креваат хаха. Честитки за 3ката напред, веднаш позади тебе сум
Во вторник ќе ја прославам 3ката хехех, сега сум 29+5, и ти си исто така? Леле колку убаво во исто време ќе се породиме хехех. Богами незнам што ќе праиме до тогаш, паники полека ме фаќаат кога ќе помислам дека имаме уште само 8-10 недели уууу еве пак се препотив ххх
А то од кај знаеш дека јас не сум медицинско лице, пример? Кажи ми кој доктор јавно кажал немојте не се вакцинирајте,посебно не во бременост? И да сака да каже не смее,бидејќи ќе ја загуби работата. Најпрво кога излегоа вакцините самиот министер за здравство нагласи да не се вакцинираат млади кои планираат да оформат семејство,бремени и доилки,за по само неколку месеци да се смени изјавата. Да не случајно направија посебни вакцини за бремените и доилките во рок од тие неколку месеци? Аааа да бее, ќе заборавев почнаа да ги тестираат на бремени и доилки, па така заклучија дека можи да се вакцинираат,поради добрите состојки кои се за нас не познати ама сепак треба да им веруваме на докторите иако и тие сами не знаат што има во вакцината.
исто... исто цела сага е да се издепилим/избричам иначе јас имам 15 кила ставено , што не можам да сфатам каде се, затоа што немам голем стомак... пред некој ден една комшика ме праша дали сум 5-6 месец а јас 8 ми влегов веќе почнав со 52, сега имам 67 вака кога ве читам колку малце имате качено се прашувам како успеав толку јас да качам ми правите грижа на совест
Претходниот пат исто јас ја почнав дискусијата заради вакво советоделење и исто јас и ги пријавив мислењата.
Не не, јас и ти сме 6 дена разлика, памтам уште од 15та недела негде ко ми кажа Јас утре ја славам 29ката, и ептен би сакала да се погодиме у ист ден, да си се запознаеме и ние и бебушите. Мајка ми така се здружила со некоја жена што биле у иста соба и се породиле во ист ден и јас и ќерката нејзина се погодивме заедно у средно да учиме. Живот пише романе Ама ти мислам си поише за Чаир, јас сум поише за ГАК. Секако, секој си гледа врските кај му се поише хахах
ХХах, чим не ти се гледаат на тебе мила супер си, мене мешето ми е ко 9ти на крај големо хаха баш сум огромна и сите ме прашуваат кога ќе се породам хаха а ноџињата мислиш ќе ми се искршат сиротки од што ми се слаби ама ако барем нема да се мачам да симнам килажа после породување
ај и јас да пишам мислење... значи едно е да се вакцинираш пред бременост.. ама јас го делам мислењето со членката за вакцинирање во бременост... едно апче не смееш да се напиеш, ама да се вакцинираш со вакцина што ја измислија вчера е безбедно...
Никого не советував да не се вакцинира, реков дека има статистика на несакани ефекти од вакцината, но не се објавува масовно. Инаку секој има право да си одлучува за себе, јас мојот избор го направив.
те видов во групата какви бевме како трудници и исто си помислив дека ти е големко мешето ама викам ај да не коментирам
Аааа да, епа пак сме исто хехехе, уште се мислам каде ќе се породувам, сопругот нешто ме предомислува за на приватно дека има познати гинеколози, а јас без врски сака Чаир, него мерак го фаќа за тинтрање максимално за мене и незнам како ќе решиме и тоа треба да се мисли уште малку, само да е се во ред до тогаш, здравје
И јас сум 67кг, што значи ние и Victoria Secret ангелите, тие сме хахах. Јас плус сум на режим заради шеќеров што ми беше граничен, шо значи шеќерот, лебот и тестенините што ги исфрлив ја прават целата работа. Откако ги исфрлив 2.5кг симнав. Ама тешкичко е без нив, ми бара душичката Супер згодна мама си ти, шо се 67кг за 8ми месец?! Башка одма после пораѓај ќе ги симнеш чим не си склона на дебелеење
@zverkica @bybeDkid со депилација ќе си ги скратите маките јас сум мазна цело време за 15 мин вршам работа само ви треба личност која ќе ви пружи хигиенска депилација и ќе уживате цела бременост