Јас до 6ти месец имав многу главоболки, исто нејќев кафе да пијам највеќе раси киселимившто ми правеше. Се лечев со б6 и магнезиум и ако боли уште пиев кока кола. Апче за глава не се напив, помага и сон. Посче 6ти месец престанаа и веќе ги немам
Незнам како беше правилото, дали треба да имаш повеќе мислења напишано па да можеш да ја видиш темата. Не сум сигурна, ама ќе кажат поискусните.
37.5 е нормално во рана бременост. Јас така познав дека сум бремена. Ако имаш други симптоми на настинка, решавај ги еден по еден, во консултација со гиниколог за што смееш, што не. ПС. Парацетамол избегнувај, освен во најнеопходни, крајни ситуации.
Мене ме прати ендокринологот. Отидов ради скриениот шеќер, но нешто чудни и биле моиве очи, па кога и кажав дека имам аденом на хипофиза (којшто лачи пролактин, и тироидните секогаш ми биле нормални), ме прати на периметрија на очи и да проверам tsh, ft4 i a-tpo i a-tg на тироидни, сите испаднаа добри.
Дали некоја од вас ја правела процедурата за зачувување на матични клетки од новороденче односно од папочна врвца и плацента доколку да или планирате да правите дали може инфо за цена?
Јас се распрашував по познаници, убаво е за не дај Боже да си го спасиш детето ако затреба, али ради цената што не е мала, околу 2200е слушнав дека се правеле многу далавери. Не знам колку ти бев од помош можеш да се јавиш во Гинекаликс да ти објаснат подетално.
Го проверив и јас прво што ми текна беше железото. Крвна слика добра, железо 23 Можно е шеќерот да ми паѓа јес да и тоа ме буни зошто ми е скоро секој ден цела недела Утре на гинеколог ќе одам да видам што ќе ми каже. Фала многу
Јас правев пред четири ипол години, околу 2000 евра беше. Тогаш се мислев, ама во моментот бев во можност да платам, па и наместо во приватна одлучив во Чаир да се породам, и некако си реков ќе зачувам. Иначе фирмата имаше склучено договор со Ремедика, па имаа некој попуст ако се пораѓаш таму. Можеш во Ремедика да прашаш.
Јас зачував пред 2 години и сега повторно склучив договор здравје за второто дете. Во Биосејв за крв и ткиво од папочна врвца платив 2400 евра за 20+10 год гратис, сега за второ дете имам попуст 200 евра. Според мене најдобра инвестиција, не дај боже да притребаат некогаш. Ако си во можност не се мисли.