И да го направиш, твој си е! Ти е гајле Едит: општо познато е дека синчињата се повеќе со мама поврзани
Јас пак немав желба да бидам млада мајка, а и да сакав немаше како со ММ исто како тебе касно се најдовме. Мене одсекогаш ми било желба едно машко едно женско и мм исто сега вика ајде здравје боже нека се роди дечково сега жив и здрав па после едно женско.
Дааа, и кај нас тоа е планот.Маж ми е пукнат за девојче, ама да видиме прво како ќе пројдеме со дечково и на пораѓај, па после причачемо
Ајде ќе ја биде. Супер ќе поминеме и со пораѓаи и со малишаните, па за девојчињата ќе сме спремни ка запети пушки. Искрено откако ги ислушав предавањата од лулка некако ми се смири душава, не дека ме имаше фатено некоја паника иако сум веќе 9ти месец, ама пак. Дека се што се случува е нормално и дека јасно им е и на докторите низ што поминуваме при пораѓај. Ние сме бре жени борци и херои
Да бе, да имал девојче ама да глеала фудбал со него. Убаво е да си сонува човек, не викам не Плус ако е ко мајка и, секако. И уште некој спорт ќе фати да глеа хахаа
Ооо да, и јас ептен се смирив. Јас сум 7ми па кревам од сеа паника за пораѓај. Океј, ја карактерно сум жива паника. А од тој пораѓај да бидеме реални од мали не плашат. Уште од коа знам за себе иам претстава дека тоа е нешто најболно и најстрашно у свет. Не дека сега не мислам дека не е болно, ама бар не мислам дека нема да можам да се справам со тоа. Прекорисни предавања!
Нашиов програмер ќе бил ако не знаевте. Има предиспозиции, еве го клоца, му се мешаат кодовите у стомак
Абе го чекам секој ден листа со правила и прописи да и направи Листата со каде ќе ја шета му е веќе скоро готова хахаха
Аааааа леле а колку само нема да го ферма после тоа и ќе биде нешто сосем трето ама ај...убаво е вака да си фантазираме хахах
Абе ќе го врти како сака, он каков е попустлив пак јас ќе се расправам на крај Туку, правев крвна слика сабајле - хгб 111, железото 16.7 Машала, така? Добро ќе да е
Каков беше, сега е добар мислам. 105 последните 2 проверки. И сега очекував така нешто и се мислев да се појачам со нешто плус освен тоа што пијам ама се качил колку толку
Сок од цвекло и моркови. Го мразам, општо мразам цвекло ама мм оди со чашата по мене и се убедуваме пола ден за сокче