Јас вчера правев сок, не се ни осеќа дека има цвекло освен што е црвен секако По пола кг цвекло,морков, јаболко и лимон, се во блендер и после додадов 2 шољи вода и 3 лажици мед. Промешав и исцедив преку газа и е преубав киселкаст Ќе го испијам наденаш ама си викам кој пак ќе се кашка од цвеклото, бар за 2 дена нека има
И мене почнаа да ми се намалуваат многу хемоглобин еритроцити хематокрит и желњзото пак почна да ми опаѓа на почетокот ми бесе 4 го кренав на 18 со апчиња некои еве пак почна да си паѓа и јас почнав тоа да го пијам веќе 1 недела за др крвна слика ќе видиме дали ќе се нормализира нешто
Девојки, хемоглобинот ми е на граница а серумското железо е топ. Што е разликата? Утре сум на лекар ама кој ќе чека
Хахахх значи колку си позитивна секогаш се смејам кога ќе те прочитам. Па и јас со желбите како нив али кој ме пита, 27 сум и носам чопче
Во секоја комбинација пробав да го направам цвеклото, и кога и да доближам до нос, ми се гади, на земја ми мириса :/ Ќе ја пробам и твојава варијанта денеска.. Цел живот со хемоглобинов сме скарани, појќе од 100 никако не иде..
абе вие ама сте се расприкажалее инаку јас отсекогаш викав дека сакам да имам две ќерки зошто не знам, девојчињата стално ми биле така понежни, а и јас сум сама немам ни брат ни сестра, а секогаш сакав да имам сестра па да си мењаме алишта сл . како и да е бебчето што го изгубив лани беше машко.. кога отидов на прв скрининг докторката само што го стави екохото рече аа еве го син на мајка... никогаш нема да го заборавам тој момент, беше прилично сигурна.. после тоа се испостави дека стварно бебето беше машко.. прво бев скроз разочарана, а после некако се соживеав, па и сега кога останв бремена си мислев дека веќе ми е сеедно дали машко или девојче а и за второ здравје, најверојатно би сакала да биде машко инаку, мене мајка ми ме има родено на 20 години, колку што се сеќавам на нејзе беше млада мајка, секогаш сакав и јас да бидам млада мајка како нејзе... за жал моите починаа кога имав 10 години и уште повеќе имав желба помлада да имам семејство... со мм сме заедно 10 години, но секогаш имаше нешто поважно. чекај факултет, чекај магистратура, чекај подобра работа, плата, кола и така натака ... се додека не решив дека веќе не сакам да чекам и дека и со дете можеме да создаваме подобри услови, би сакала да имавме дете и порано ама и сега мислам дека е таман, инаку 29 сум ќерќичката здравје ќе го носи името на мајка ми
Чекајте како ви е толку хемоглобинот? Колку треба да биде? Ги гледам резултатите од последен пат кога правев крвна слика 12.9 пишува
Па гледам горе 98, 100 пишуваат, затоа се зачудив. На листот пишува граници дека се 11.5-16.5, па си викам нешто да не се грешка
Зависи од лаб. Некаде го пишуват со 100 нагоре, некаде како децимал како твоето, али мислам дека од 115 или 11.5 нагоре е нормално..
Леле колку тажна и истовремено прекрасна приказна. Јас сум голем емотивец па страшно ме допираат вакви приказни. Ептен ми е мило што Бог ти подарил ќеркичка баш како што си сакала, и не знаеш како ме трогна со муабетот за името на мајка ти. И мојот дечко ќе го носи исто името на мојот покоен татко. Нема подобар начин да им се оддаде почит А годините ти се баш таман, млада ама зрела мама, не се сомневам дека ќеркичката твоја ќе има прекрасен пример за следење!
за спремањето тргнав да кажувам.. па и јас се расприкажав инаку, да ти кажам имав земено залет нели купив креветче, количка и ми останаа ситници и толку заглавив тука ...уште не сум прошетала да видам нешто да земам.. последно нарачав постелнина, а списоков уште ми изгледа долг , а јас станувам се поспора и едвај се движам. овие два дена имам чудни болки некои како менструални, не знам дали да тркнам да ме видат на ехо... не се јаки болки ама па до сега немав никакви и така малце како загрижена сум, земав ден од работа и лежам само ти како си? се спремате ли?
Јас еве со 25 години, втора бременост. Лани родив прекрасна момичка, со мм ова се надеваме дека ќе биде момче Рана бременост е, 3 недели. Пијам фолна киселина, магнезиум и по еден аспирин на ден поради малце повисок притисок (135/95) Едвај чекам нареден преглед да видиме дали срценцето почнало да чука
Дефинитивно сме тука некаде. Имав болки викендов, ја испаничив и докторката и мм а јас лабава си легачам. Нормално било, натежнувало бебче а и лажни контракции може да ти се појават. Без паника Само повеќе поодмарај (мм го сфати тоа дека треба да се заковам за кревет па кичма ме фати од лежење) и магнезиум 2х дневно ми кажаа. Утре сум на контрола да видиме до каде сме За спремањето исто, ситниците изгледа додека сум у болница ќе се купуваат Битно поголемите работи се тука спремни. А никако да почнам за во болница да се спремам бе, се нешто рокови си давам. Сега си викам ајде да помине контролата и ќе мрднам малку, да видиме дали ќе си стоам на збор На крај бебе ќе чека да се спремам скроз па ќе рече 'е ајде сега доаѓам јас' А движењето не ми е толку тешко како што ми е тешко да се извлечам од кревет. Мини кранче да си ангажирам да ме подига сабајле ми треба