Солзи ми дојдоја на очи кога прочитав. како викаат што е господ ништо не е... ќе ти подари најубава ќеркичка, бидете живи и здрави само. И дај боже да ти се исполни и желбата за второ здравје, машко За спремањето не се паничи, јас само кревав паника и тензија дома мм го удавив. И сега гледам дека уствари не треба брзање се во свое време ќе се направи купи, па и да се заборави нешто ене ги продавниците тука се ќе се купи. Изнакупував работи полн плакарот сега дури мислам и дека третина нема ни да стигнам да му ги облечам. И да најмногу од домакински работи мразам да пеглам. Ама пак кога пеглав за синко работите ептен кејф ми се направи.
и јас највеќе мразам да пеглам... да бидам искрена ако не мора, не се пегла кај нас дома не е за пофалба, ама еве си викам сеа со бебешкиве ствари ќе се распеглам инаку, имаш право господ како што е никој не е... животот многу ми зема, ама многу и ми даде и не можам да се пожалам. тоа беше пред 20 години скоро, а ние дома цел живот живеевме со трагедијата... баба ми и дедо ми ме исчуваа и исшколуваа, за жал и дедо ми почина од рак пред неколку години :/ сега сите сме сконцентирани околу бебето што иде баба ми чека да стане прабаба, имам прекрасен сопруг и фала му на бога ништо не ни фали... да не бегаме од темата, девојки почнав ептен да ве чувствувам за блиски иако не ве знам ве гушкам сите и чекам што поскоро да си ги гушкаме бебулињата
@Anaroz1 си поминала толку тешки моменти, немам зборови, се расплакав. Ти праќам најголема гушка Уште малку ќе си ја запознаеш најголемата среќа Кај мене иначе адреналин и возбуда на најјако, вчера купував играчиња и јас почнав со нив да си играм.
зборувај ми за возбуда едвај чекам да склопиме креветче да наместиме се ... леле не знам вас како ви е мене ме има фатено и паника и еуфорија и ништо друго не можам да мислам ти си веќе при крај знам... влезе во 9ти? се спремивте?
За една недела почнувам 9ти. Истооо прво паничам дали се имам земено, еве денес список со козметика спремам, ако не е тоа, паничам за пораѓајот, по некое време ќе ми текне Леле а бебчо мрдна ли и така во круг... Мене се ми е расклопено ми зафаќа пола соба .. ама таква ја сум нестрплива.. Кутриот мм само го мачам ај ова намести ај ова расклопи ај премести од тука ...
Девојки, Вторите брисеви во 34,35 недела ви ги наплаќаат на матичен? Или за да бидат побрзо резултатите ги правите како на приватно? Јас си закажав на матичен ама заборавив да прашам најбитното
А што треба да прави бепка у стомак за да биде лекар? Мм за доктор си го спрема уште од сега. И специјализација му смисли Моево е мирничко. Ич не ме клоца. Го осеќам секој ден ама мнооогууу е нежен. Син на мајка
Како сте задоволни со резултатите од Авицена мајки? Јас правев микробиолошки ми излезе се добро освен редуцирана микрофлора. Кога се вратив во Британија ми земаа брис и сега на резултатите излезе кандида и треба да ставам Канестен.
лелее , тебе ти е време, нас ни е уште рано јас моментално се спремам така што читам цело време, што треба да знаеш кога ќе стигне бебето итн, а маж ми пак го има фатено твојата еуфорија на најјако таков е ајде да наместиме, ајде да купиме ова, нема време, дај да нарачаме ова никогаш го немам видено повозбуден него сакав да те прашам пошто и ти си кај корнелија.. нешто се имате договорено за пораѓај и што како одат прегледите во 9ти, кога треба да се плати.. пошто мм прочитал негде дека требало некој капар да се остави ми вика ти кога ќе отидеш таму ништо не прашуваш... и стварно ќе отидам ќе го видам бебе на ехо и заборавам да прашам се
Хахахаха, ќути може и у иста фирма ќе работат, па ние мајките ќе збориме "Син ми е програмер, знаеш колкава плата зема?!" Хаахахах
јас само кажувам овде што читам по форумов, инаку брисеви јас секогаш носам или во институт или на микробилогија, никогаш приватно не сум правела... а за крв и уринокултура секогаш правам во авицена, па баш се замислив сега дали да правам пак таму после се што прочитав ...
Мене матичната ми наплати у 12та недела за брисевите, 250 ден така нешо беше. На микробиологија сама си ги носев, таму не ми наплатија. А на гак сеа ми земаа и не ми наплатија ништо. Ваљда матичните си имаат некој друг ценовник, што ли ги знам ..
Фармахем ти се топ. Мене еднаш урината ми ја задржаа 3 дена, бидејќи им била сомнителна, нешто не им штимало па чекале дали ќе нарасне. И дури ми открија кандида во урина (што беше уствари контаминација од вагината) бидејќи не може на бешика кандида да порасне. А у Авицена не носам ништо бидејќи не ми е баш блиску, а немам никакво искуство со нив освен за гестацискиов.