Немав време да ги чекам резултатите, инаку повеќе им верувам на лабораториите у државни болници него на приватни лаборатории.
мене матичната ми наплаќа 200 или 300 денари нешто такво за да ми ги земе и после јас сама си ги носам... инаку по правило не се наплаќа ништо ама ајде .. искрено секогаш ме прашуваат дали ќе ги носам на микро или приватно. јас никогаш не сум ги носела на приватно ... ако ти е за побрзо не знам на микро за два три дена имаш резултати нема поента да плаќаш приватно ... ама ти си знаеш како тебе ти одговара . јас вторите ги напрвив порано, така она ми кажа и сега 36 ми закажа само за еден брис за стрептокоха и баш ме праша дали ќе го носам на приватно или на микро
Мојата матична само ми зема брисеви и јас сама си ги носам. Овој пат ги однесов во Биотек, ми кажа сестрата дека работат со фонд, бесплатно е за трудници, и искрено ниту чекав за оставање, и резултати за еден ден ми искочија. Јас одбегнував државни клиники, и претходниот пат бев авицена бидејќи не ми спомнаа за биотек, и ми земаа во авицена 2000 и нешто, со резултати исто беа брзи. Хаха јас мислев само јас сум таква, дома 100 прашања викам ќе ја прашам а таму на лице место се заборавам. Ја прашав последно среќа за како идат работите со прегледи, ми кажа идам секоја недела на ЦТГ прво, па кај неа со резултатите, за со плаќање на тие прегледи не ми кажа најточно да бидам искрена беше како "ако тука те водиме не се наплаќа ама тоа е интерен договор" А за капар и јас знам дека треба да оставиме 200евра, а кога се остава не знам.. Мм вика додека не ни побараат ќути
фармахем има во ѓорче кај кружниот тек, еднаш одамна правев таму крвна слика и знам дека работат со фондот ... не знам каде има на друго место.. оваа матична изгледа соработува со авицена и сега само таму ме праќа ама ќе ги сменам ...
Да, да, таму идам и јас, кај кружниот тек меѓу Ѓорче и Геге му доаѓа. Работат со фондот да, за некои работи бар. Уринокултура ми наплаќаат приватно, а крвна слика не. За брисеви и јас не знам, на микробиологија ги носам, за 2 дена има резултати. А сега гледам дека имаат лабораторија и у Аеродром, така да можеш и таму ако ти е поблиску @marijamarkoska.
И јас од петок почнувам 9ти и на преглед сум во Систина здравје да се договараме за пораѓај. Иде денот
И јас по препорака на членки од форумов почнав да одам во фармахем (аеродром)и сум задоволна. Во однос на брисевите и ги носев во институт за јавно здравје, на клиника, секогаш таму сум ги праќала и пред бременост (дали јас сама или преку ординација приватна) Денес јас официјално сум 36 полни, петок прво ЦТГ превозбудена сум На моменти си викам спремна сум и да треба нешто ќе купиме, па пак паники да не фали нешто Торбичка си спремив, уште гардеробата за излегување да ја испеглам
Матичните мислам дека наплаќаат само за услугата, инаку на клиника т.е. на микробиологија сите испитувања за трудници се бесплатни. Јас и на трансфузиологија кога бев за д димери и крвна група не платив ништо. Ајде мајка со лесно само. И јас сум систина неделава на второ цтг. Кај кого ќе се пораѓаш? Леле жении ни помина цела бременост скоро и да вистина, колку долго се допишуваме тука прави другарки сме. Со сите убави споделени моменти и совети. Многу убава дружба
можам да замислам колку сте возбудени инаку, да ми кажеше некој дека волку време ќе поминувам на форум никогаш немаше да поверувам ама вистина е дека тука научив еден куп работи од различни искуства... и точно е дека на клиника за трудници се е бесплатно, а и матичните не треба да наплаќаат за услугата, ама искрено предходно имав друга матична која што беше ужасна и стално на закажано чекав по саат време, а си искочил од работа и сл. додуша ништо не ми наплаќаше, а оваа се ми наплаќа... ама па за 200,300, 500 денари налет нека се, барем на закажано не чекам и брзо има термини.. секако чекам да се породам и веќе не сакам гинеколог да видам, освен за пап еднаш годишно... овие две години имам направено 200 прегледи, брисеви, испитувања и сл. ми треба одмор од гинеколози малку
Мојата не ми наплаќа ништо за брисеви и ме праќа во Биотек бесплатно е за трудници, таму идам во последно време и за крвна слика пошо нема ич гужва и многу се љубезни, ваљда се точни резултативе шознам...
Ми зема матичната и ги носев таму директ, само крв ми земаат таму, урина од дома си носам поудобно ми е така
Шо убаво сте се распишувале денес Јас не сакав да бидам волку млада мајка на 23, искрено секогаш сум се замислувала после 27/8 години, ама сепак среќна сум и сега што се случи И јас си сакав девојченце и искрено првиот пат кога ми кажаа машко малку се разочарав, што мм ми се налути испаѓало дека не си го сакам детето, па имав малце грижа на совест После официјално кога испадна дека ќе биде девојче, од срце и се израдував. За плановите за иднина и ние и испланиравме. Додуша не до толку што ќе работи, но од мала ќе оди на часови англиски и математика за да ги владее ептен убаво со јазик и математика многу врати ќе и бидат отворени де Така да може ќе биде и мојава програмер, па ќе отвориме тема мајки на програмери да ги фалиме Јас сакам и на балет или гимнастика да се запише Вака си мислам колку нема да не сака детето ако и ставиме волку обврски Ама сакам да биде паметна и елегантна ете да кажам
Леле до кај одиме со размислувањава 'што ке бидат нашите уште неродени деца кога ке пораснат' а креветчињата уште не сме им ги склопиле
Девојки хелп. Закажав утре да одам кај матичната за брисеви но заборавив да ја прашам дали смеам вечер да ставам утрогестан или не? Смета ли на брисевите?