Јас имам 21 год и ќе ја родам првата љубов на 21.. се зависи кога ќе ја најдеш правата личност. 6 години љубов ќе ги крунисаме со ќеркичка
Мами, just checking in. Денес си бев кај Тофоски, ми мереше вагинално цервикс - 3.70, ми рече одлично било за 29та нед, бебуш супер, само шо си иам кандида пак и пак ми правеа премивки, па за 2 недели пак брисеви. Абе не се откачив од неа цела бременост и не откачив!
Јас бременоста кај матичната ја водев ама за пораѓај исто кај Димчев. Да да најубавото тек следи. Не се нервирај за кандидата исто и јас цела бременост. Од хормоните е и плус ако си ставала утрогестан мислам нема спас додека ставаш. Ете и на предавањето докторот кажа дека не е никаков проблем. Премивки со камилица и со сода пробај дома. И чил не му ја думај ќе се среди.
Здраво, јас сум 11+5, вчера бев на преглед и баш прашав за микробиолошки брисеви. Докторката ми рече во 14 недела се правеле. Видов во погорните постови наведено е дека се прават во 12 недела. Дали има некоја што ги правела во 14 недела?
Оф бе срцка I wish да се средуваше со камилица или сода. Јас што не ставав, не внесувам шеќери и јаглехидрати, пијам јогурт, сите бабини рецепти ги пробав, нарачував спрејови од Германија, ми праат на секој месец премивки на гак, и пак и пак сум со тоа белиот исцедок. И докторот ми рече дека самата бременост ја прави, ама стварно нервира, ми е страв да не ми го омекне грлото.
Те разбирам целосно со сите стравови, ама мислам дека не би требало да дојде до такво нешто. Ти колку што памтам беше и со лежење и доста ти се подобри ситуацијата со грлото така што мислам не би требало не дај боже нешто проблем да има, плус редовно одиш на контроли ти ја пратат ситуацијата. Мене кога ми се јави кандидата се испаничив прашував кај матичната читав по интернетиве свашта, начелно секаде беше дека нема последици по бебето и бременоста.
Одличен ти е цервиксот мила не се секирај, мене скоро цела бременост ми е така. Цело време ми велеа скоро 4цм, сега еве 3цм ми е. Вчера докторот неќеше да ми го мери, вели да не ти предизвикам контракции барем уште 10 дена за да влезам во 9ти месец. Помири се со кандидата, како што јас се помирив со моето печење што го имам цело време. Па уште кога ќе ми кажат нормално било од самата бременост хаха. Те сваќам како ти е.
Многу се нервирам со настинкава, носот затнат ништо не можам да ставам. Се осеќам жешка во главата, мерам тт 36.6, немам. Грлото ме нагребува малце и носот затнат. Што можам да пијам нешто природно, кажувај те нека врви побрзо.. Омалаксана сум, а ќерќами си бара занимации
Не, не, не сум била со лежење јас. Добар е цервиксот до сеа, само едно време бебко беше доле многу, па ми рекоа да одмарам повеќе, ама фала богу си се поткачи. Мене матичната така ме извади од памет у 12та коа отидов за брисеви, ми искоментира Леле лом си со исцедоков ако не го средиш ова, може да добиеш болки и да почнеш да се отвараш! Абе со кој памет се кажува такво нешто на трудница?! Јас мислев готово ќе се отворам уште одма, бидејќи, не знаев подобро нели, прва бременост. Тогаш ко за белја Тофоски ми беше на одмор баш, само се шибав со вагиналети за џабе, тек коа се врати он и ми напраи премивки ми помина на месец ипол. Затоа ме прегледува човекот на 2 недели доле и ми праи премивки од шо е претпазлив и си ја знае работата. Башка колку е смирен и позитивен тоа е друг муабет. Да ти е мерак дури на гинеколог да отидеш. А матичниве (со чест на исклучоци) само знаат да те испаничат. Фала ти на грижата и советите секако, it means a lot!