Наредната година ќе го отворат, кога точно не знам. Јас земав бодиња и неколку комплетчиња од таму, од 93-100% органски памук.
Здраво на сите, јас сум нова овде и имам прашање. Трети месец сум бремена во трета бременост и уште од некаде шеста недела чувствувам понекогаш како ме боли стомак (онака насекаде и цело време, може да трае и до еден, два дена). Известен е и гинекологот и нема ништо проблем со матката или бебето. Ме интересира дали има некоја трудница со ваков ист проблем и дали е нормално? Благодарам
Јас тритекс сум до сега најзадоволна, а и на детето му е најкомотно во облека од тритекс. Исто и H&M супер квалитет и материјал само поголемки се моделите, па препорачувам точен број да купувате а не поголем.
А срце мое да почнеш пробиотик да пиеш? Знаеш дека ја убива кандидата, барем кај мене е така, еве јас од вчера почнав со Провен за трудници и ќе си го пијам до 9ти месец превентивно заради кандида, а и добро влијае врз имунитетот
Утрово се роди нашата мала лепотица, тешка 3100 долга 50 сантими. Се роди со царски рез бидејќи беше цело време карлично наместена. Ви посакувам на сите лесни и убави пораѓаи. ❤️ Ева
@Sonchulka честито ќеркичка!! Цел живот да ве радува! Побрзо закрепнување на мама. Се надевам следната година ќе се отвори... https://hmgroup.com/about-us/markets-and-expansion/
На жалост, не. Среќа ќе има Келвин Клајн и Армани, пошо нели ние сите ќе фатиме од таму да купуваме, стандардот ни е екстермно висок Од трет месец пијам постојано. Коа викам све ми е пробано мислам дека баш се ми е пробано. Хоромонски е срц, џабе ми све. Ми рече Тофоски ќе тераме со премивкиве дур се породиш, ако има потреба секако, па ко ќе се породиш ќе ја снема.
Здраво и од мене, прашање до тие со бел исцедок. Дали ако е кандида мора да чеша, пецка? Јас сум ептен лом со бел исцедок, ама не чеша. Од пред бременост си знам кога имав не се издржуваше, ептен непријатно чешање беше. Јас сум 25+ и до сега брисовите ок ми се, а уствари не ни памтам кога последно ми зедоа да си барам вонредни брисеви или нема потреба?
Ја имам цело време бел исцедок т.е бело прање без чешање и пецкање исто со уредни брисеви правени во 16та недела.
Оф така кандида Јас пак немам нуту многу исцедок, ниту чешање, ниту печење, а кандидата е тука. Ми дадоа Канестен вагиналета ќе видиме дали ќе помогне.
И јас… за малата се од таму купувам, ем е квалитетно, ем убави работи има. Барем мене ми се допаѓаат. И таман си реков не мора до Грчка да одам, ете пак…
@Honny И мене ме интересира, ама од тоа што читав нормално е изгледа. И јас имам бел, средно густ исцедок, не мириса непријатно и не ме чеша/пецка.. Се туширам со Лактогин, пијам пробиотик (не редовно, признавам), консумирам јогурт и млечни производи, ама ништо не му влијае на исцедокот.. Брисеви негативни, кога ги правев
Од H&M облека имате на фб Naracki za deca, може да ги видите, моделите се нови, ги запратив пред некој период. https://www.facebook.com/narackizadeca/