Добро утро мешиња , денес сум 31+6 и цела вечер неможев да спијам имав како болка во мускулите , прво во раце па после нозе нз дали болка да го наречам или нешто како трпнење секако станав пиев магнезиум па после пак станав се напив далерон и на крај успеав да заспијам еве сабајле пак едната рака ми е така некој со слично искуство ?
Јас сум 27н. и често ноќе ми трнат и рацете и болка во нозете осеќам, магнезиум и парацетамол ми помага, тоа ми препорача и матичната. Незнам од што може да е вака, али неубаво, скоро секоја ноќ сум без спиење поради ова.. :/
Јас сум со 27 мм цервикс од 30та недела, 25мм во 35 та еве ме терам 37ма без проблем. Нормално е да се крати по малку грлото како се ближи време за пораѓај. Секако ќе ја слушаш матичната што ќе ти каже секое искуство е различно. До 36та недела одмарај повеќе не се оптеретувај физички многу после тоа си во безбедна зона и немаш гајле. Со лесно Не знам кој пробиотик го пиеш, и јас пиев на два пати нели по месец дена еднаш мултулак после тоа провен, ама верувај проблем си направив. Додека пиев редовно одев во тоалет, кога ќе престанев не одев по неколку дена и ми требаше доста време додека да ми се регулира столицата без пробиотик. Така што може и поубаво што не си редовна секој ден туку 2-3 пати неделно. Секој метаболизам е различен ама пак и многу навикнување на цревата на пробиотик мислам не е добро. Пробај со овошје грозје, киви, доста помагаат за столица. Не ме сваќај погрешно те молам, чисто споделувам мислење и мое искуство не значи дека и кај тебе ќе биде исто.
За столица од искуство обавезно овошје, барем една ужина во денот да биде овошје јаболко, грозје, мандарини, портокали. За ручек предјадење салата блитва, морков, цвекло, марулка. моркови. И вода..... многу вода и течности, гледајте да не сте под 2Л. Суво овошје исто е убаво на утро пред јадење, а со доручекот јогурт задолжителен. Мене на овој начин ми се среди столицата.
Јас јадам овошје обавезно во денот, ама не приметувам разлика од него. Јогурот ми смета, го повраќам па затоа сега почнав со пробиотик од петокот. Мене искрено само готвена храна ми помага, манџи и сл. Ама до 5 на работа, ретко когануспевам да јадам зготвено, се нешто суво и набрзина да ми е готово. Пробиотик пијам еве една недела и послабо одам во тоалет само еднаш во денот после кафе.
Ако е карпал тунел тоа со трнењето на рацето, а мислам дека е, во бременост тоа се појачува, јас си имам со тоа искуство одамна, си го закачив да речам како студент уште, од многу работа со раце (тоа летните работи), видов многу мака, но најмногу помага да бидат навечер рацете рамни (подлактицата со дланката во една линија, за крвотокот да оди непречено). Е сега, иако ние мислиме дека раката ни е рамна, не е така, само милиметар со дланката подолу или нагоре, одма е проблем... има во медикус хелп едни како влошки за раце со метал за да ја држи исправена раката, јас со таква спијам и немам проблем цела ноќ. Ако стане неподносливо, станете и пуштете ги рацете слободно да паѓаат покрај телото (тоа е најправа состојба) и одма ќе осетите како крвотокот се враќа и болката исчезнува..
Хаха од толку дијагнози уште не сум размислила за породувањето па да почнам да паничам. Ама се викам мора од некаде да излезе и тоа да се помине. Па за тоа се бориме сите нели. Кај сите нас нека биде убаво и со лесно, па да си ги гушкаме мачињата мали. Те
Мила и јас ги имам многу често тие лажните, стомакот само ми се стега Посебно се изразени овие последни 2 недели, и мене нели од 3ипол на 3 ми отиде за само 2 недели што се вика. А, сега не ми го ни мереше докторот да не ми предизвикал контракции и дури рече не ми е толку битен сега цервиксот, само да издржиме вели уште 2 недели. Па сега како треба така ќе биде. Јас не користам утрогестан и магнезиум ми рече до 500mg на ден да користам не ми требало повеќе.
Ајјј се стопив сега , фала мила. Не сум само јас со советиве сите сме подеднакво присутни со корисни совети и многу ми се допаѓа темава што сите сме со позитивна мисла и се трудиме да си помогнеме една на друга.
Што треба да биде, ќе биде Кај мене има појаки болки со стврднувањето, изгледа тоа не е добро. Ама ќе си одмарам повеќе, па се ќе биде во ред. Многу беше, уште малку остана сега при крај Бебка вчера и раче ни мавна да не поздрави битно
Од пусти мерак за играчка од Виолета, вчера сум купила и пелени со влажни марамици и ми се падна сложувалка. Пошо нејќев тоа денес трк во Зегин и купив еден тон влажни марамици 3*3 плус 1, значи 10ком. ама барем добив слонче плишано и ко дете сум радосна јахах, сега влажни имам за до април хахах
Срце мало Ќе биде се добро ехее, што се не истрпевме сега оди најслаткото. И кај мене има и менструални болки и кога ќе ми се стврдне мора да менувам позиција да ме пушти. Со лесно нека ни е.
Јас влегов во 34та недела, цела бременост ми трнат рацете навечер. Ме буди од сон дури. Во првата бременост немав таква мака. Зошто се случува не знам...